Колку резерви на нафта има Венецуела? Повеќе од С. Арабија, но…


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен и изнесен од земјата по американскиот напад врз Каракас, оставајќи ја земјата – и нејзините огромни резерви на нафта – зад себе. Администрацијата на Трамп нападна земја со повеќе нафта од Саудиска Арабија и Ирак. Венецуела има огромни 303 милијарди барели сурова нафта – околу една петтина од глобалните […]

Во прекин авионскиот сообраќај во Грција поради проблем со радиофреквенциите


 Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен за полетување и слетување на сите авиони кон и од сите аеродроми во земјата, поради технички проблем со радиофреквенциите, јави дописничката на МИА од Атина. Извори од Министерството за транспорт на Грција брифираа дека некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (воздушниот простор на […]

Приведена 36-годишна жена од Демир Капија, 58-годишниот сопруг ја пријавил за физички напад


 Полициски службеници од ОВР – Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и […]

Кавадарци одбележува 83 години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур


Кавадарци денеска одбележува 83 години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур. Од Музеј галеријата потсетуваат дека потекнувал од видно револуционерно семејство од Ваташа. За неговата активност во организирањето на македонскиот народ во борба против фашистичкиот окупатор, Страшо Пинџур бил меѓу првите прогласени народни херои во Македонија, на 29 јули 1945 година.  – Во Крагуевачката […]

Шест странски компании во трка за поставување Интелигентни транспортни системи на Коридор 10


  На македонските патишта ќе се користат иновативни решенија за да се подобрат условите за безбедност и да се дигитализира управувањето со сообраќајот. Ќе се поставуваат Интелигентни транспортни системи (ИТС) а со првичните активности е опфатен Коридорот 10 и веќе се евалуираат понудите од шест странски компании кои конкурираа на тендерот за избор на изведувач.  […]

Идентификувани уште 16 жртви од пожарот во Кран-Монтана, починатите се од Швајцарија, Италија, Романија, Франција, Турција…


Швајцарската полиција денеска соопшти дека идентификувала уште 16 жртви од пожарот во барот во Кран-Монтана, кој избувна за време на прославата на Новата година. Како што е наведено, меѓу нив има 10 Швајцарци, две лица се од Италија, едно е со италијанско-емиратско потекло, едно лице е од Романија, едно од Франција и едно од Турција. […]

Колумбија испрати војници и тенкови на границата со Венецуела


 Колумбија синоќа распореди тенкови и војници за да ја чуваат границата со Венецуела по американската воена интервенција во Каракас. По наредба на колумбискиот претседател Густаво Петро, воените сили се собраа на клучните премини со Венецуела, стравувајќи од масовни миграции или дека криминалните банди би можеле да го искористат хаосот, пренесе парискиот весник Монд (Le Monde). […]

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран-Монтана


 Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти локалната полиција. Меѓу идентификуваните се осум млади лица на возраст меѓу 16 и 24 години кои живееле во Швајцарија. Италијанските медиуми јавија дека меѓу загинатите има и тројца италијански државјани. Во меѓувреме, роднините на другите исчезнати […]

Лазаров: Мора да создадеме добар колектив, систем што ќе функционира


 Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од текот на подготовките во пресрет на Европското првенство 2026. – Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, нема да брзаме со конечниот список за Европското првенство. Ќе почекаме да поминат последните тренинзи, па ќе се одлучи кои ракометари ќе патуваат на ЕП. Со федерацијата […]

Што значи соборувањето на Мадуро за Кина и Русија?


Тоа беше момент направен за Нетфликс, давајќи му на Доналд Трамп токму таков вид спектакл што го привлекува вниманието што го обожава. Малкумина веруваа дека Соединетите Држави можат да извршат хируршки прецизно апсење и извлекување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес. Сеќавањата на минатите операции, како што е двонеделната потрага по […]

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија


Авиони од типот „Тајфун“ на британските Кралски воздухопловни сили (РАФ) и француски авиони извршија заеднички напад врз подземен објект во Сирија, кој бил окупиран од таканаречената Исламска држава, соопшти Министерството за одбрана. Во синоќешниот напад биле употребени наведувани бомби за гаѓање на голем број пристапни тунели до локацијата, сместена во планините северно од античкиот град […]

Кина смета дека САД треба веднаш да го ослободат Мадуро


Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека САД треба веднаш да го ослободат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, и да ја решат ситуацијата во Венецуела преку дијалог и преговори. Во соопштението објавено на својата веб-страница, министерството наведе дека САД треба да ја осигурат и личната безбедност на Мадуро и […]

За четири години имало над 16.000 сообраќајки, 27 илјади лица со последици. „Безбеден град“ како решение за неодговорното возење


Со повеќе од 17.000 сообраќајни незгоди и над 27.000 настрадани лица за четири години, државната статистика покажува дека РС Македонија има континуиран раст на опасности во сообраќајот. Во овој контекст, стартува и најобемниот систем за автоматска контрола на сообраќајот – „Безбеден град“, кој уште во тест-периодот регистрира десетици илјади прекршоци дневно, отворајќи прашање дали напредната […]

Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море


Северна Кореја денеска истрела повеќе балистички ракети кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на војската на Сеул. Јонхап го цитираше Генералштабот во Сеул кој соопшти дека ги детектирал лансирањата. – Нашата војска одржува цврст став на подготвеност додека тесно ги споделува информациите за севернокорејските балистички ракети […]

Без вода селата Копаница и Буковиќ


Поради уличен дефект на ул.1 пат за Копаница утрово прекинато водоснабдување имаат корисниците од селата Копаница и Буковиќ. Прекинот ќе трае од 08:30 часот до завршување на активностите. 

Уапсениот Мадуро пристигна во притвор во Њујорк. Белата куќа објави снимки


Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела. Мадуро е задржан во притворен центар во Бруклин, каде што чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат земјата до трансфер на […]

Сообраќајот по влажни коловози, нема задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат дека во сила е законската обврска за носење […]

Утринските температури во цела држава над нула


Минималните температури денеска се над нулата во цела држава. Најладно е во Гевгелија каде утрово се измерени два степена, а најтопло во Битола каде утринската температура е 12 степени. За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од […]

„Телеграф“: Приемот на Бугарија во Еврозоната може да доведе до нова должничка криза по грчкиот пример


Бугарија на почетокот на годинава стана 21-ва членка на Еврозоната во време кога се соочува со политички превирања, широко распространета корупцијата и раст на државниот долг, што може да биде причина за следната финансиска криза во Европа, оценува лондонскиот весник „Телеграф“. Весникот посочува дека Европската централна банка (ЕЦБ) се надеваше дека Еврозоната ќе ја пречека […]

Врховниот суд на Венецуела ја назначи Родригез за привремен претседател


Уставниот совет на Врховниот суд на Венецуела ѝ наложи на потпретседателката Делси Родригез да ја преземе улогата на вршител на должноста претседател во отсуство на Николас Мадуро, кој беше уапсен рано вчера наутро во операција на американските сили. Во одлуката на судот се наведува дека Родригез ќе ги преземе „должностите на претседател на Боливарската Република […]