Награди по избор на критичарите 2026: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм


Лос Анџелес – Филмот „Една битка по друга“ (One Battle after Another) со Леонардо ди Каприо и Шон Пен, е големиот победник на 31. доделување Наградите по избор на критичарите (Critics Choice Awards 2026). Остварувањето ја освои Наградата за најдобар филм, а Пол Томас Андерсон е награден како најдобар режисер. Сепак, најмногу признанија – вкупно по четири им […]

Трамп не го освојува само светот, ја контролира и медиумската империја


Милијардерите сојузници на претседателот на САД, Доналд Трамп, сега ги контролираат X, Facebook, Instagram, WhatsApp, TikTok, Truth и Twitch. Тие ги поседуваат Fox News, CBS, WaPo, WSJ и NY Post – плус 185+ локални телевизиски станици и вести на 100 пазари. Тие ја контролираат вештачката интелигенција од која барате одговори, алгоритмите што ви ја снабдуваат […]

Србинот Стефан загина спасувајќи други во Кран Монтана. Сега на неговото семејство му е потребна помош


  Веста дека Стефан Ивановиќ трагично загина во пожарпт во бар во Кран Монтана, Швајцарија, додека спасувал туѓи животи, ја потресе цела Србија, регионот, а и Европа. Швајцарската фондација „Хепи пот“ започна кампања за собирање средства со цел да се транспортира неговото тело во Србија, каде што ќе биде погребан. Кобната вечер, Стефан работеше како […]

(Во живо) Советот на Град Скопје со вонредна седница за загадениот воздух


Советот на Град Скопје, денеска одржува вонредна седница на која се расправа за можните мерки кои би се презеле со цел намалување на загадувањето на воздухот во главниот град.  На дневен ред е само точката „Предлог мерки за надминување и решавање на алармантната состојба со загадениот воздух во Скопје“.  

Манчестер Јунајтед го отпушти Аморим. Еве кој ќе го замени


Англиските гиганти денес одлучија да го отпуштат Рубен Аморим по вчерашниот реми 1-1 на гостински терен против Лидс. Како што ексклузивно објави инсајдерот на Јунајтед, Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, одборот на клубот одлучи да го отпушти откако Португалецот го водеше тимот 14 месеци.     🚨 EXCLUSIVE: Manchester United sack Ruben Amorim as head coach. […]

Колумбискиот претседател им нареди на војниците: „Секој војник…“


  Колумбискиот претседател Густаво Петро издаде наредба до својата војска преку социјалните мрежи по нападот на САД врз Венецуела. „Секој војник во Колумбија сега има наредба: секој командант на вооружените сили што ќе го претпочита американското знаме пред колумбиското знаме ќе биде веднаш отпуштен од институцијата по моја наредба и другите војници. Уставот бара вооружените […]

Трамп не ја поддржа Мачадо за претседател на Венецуела затоа што ја прифатила Нобеловата награда


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја отфрли лидерката на опозицијата, Марија Корина Мачадо, како потенцијална вршител на должноста претседател на Венецуела поради нејзината одлука да ја прифати Нобеловата награда за мир минатата година, објави „Вашингтон пост“. Повикувајќи се на два извори блиски до Белата куќа, во извештајот се вели дека обидите на Мачадо […]

Соборувањето на Мадуро го отвори прашањето за надворешниот долг на Венецуела: Кој чека во ред за да наплати 170 милијарди долари


Соборувањето на претседателот Николас Мадуро ја стави во центарот на вниманието должничката криза на Венецуела, една од најголемите неизмирени суверени неплаќања во светот, пишува Ројтерс. По години економска криза и санкции од САД што ја исклучија земјата од меѓународните пазари на капитал, Венецуела западна во банкрот на крајот на 2017 година откако не ги изврши […]

Скиеја и дрифтаа по главните улици на Сараево – казнети 200 евра


Млад човек кој се закачил за автомобил и скијал по главниот градски пат е казнет, ​​заедно со возачот на автомобилот, со 400 КМ за загрозување на безбедноста во сообраќајот. Оваа информација ја потврди полицијата на Сараевскиот кантон. Станува збор за граѓани на БиХ кои живеат во странство. Снимката од ова „возење“ беше споделена на социјалните […]

СДСМ прашува дали премиерот „спие мирно“ по акцијата на САД во Венецуела


Двете водечки политички партии во Македонија почнаа политичка пресметка околу интервенцијата на САД во Венецуела докажувајќи кој е поблизок до режимот на Николас Мадуро. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека СДСМ јасно застанал на страната на, како што наведуваат, соборениот венецуелски диктатор  посочувајќи дека ниту 48 часа по акцијата на Соединетите Американски Држави нема јасен став за […]

Скопје со овации го пречека документарецот за Силјан штркот на Тамара Котевска


Десетминутни овации на публиката, салата во МНТ исполнета до последното столче и тишина што владееше за време на проекцијата. Присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографи (и главните протагонисти Никола Цонев, Јана Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева и Јана Цонева од кочанското село Чешиново), но и […]

Во Сараево наврнаа 40 сантиметри снег, почина жена откако дрво падна врз неа


Во реонот на сараевската населба Грбавица, бор висок повеќе од 10 метри падна врз жена која почина од повредите во Клиниката за итна медицинска помош , јавија медиумите во БиХ. Како што ни соопштија од службите за итни случаи, големо дрво падна врз жена во 40-тите години. Таа се здоби со животозагрозувачки повреди на главата и […]

Македонски автобус излетал од автопат во Србија


Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопат кај местото Добановци во Србија. Како што јавуваат српските медиуми, незгодата се случила на правецот од градот кон излезот. Засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот. Според првичните извештаи од местото на настанот, возач на друг автобус веднаш застанал за […]

Јастребите ја водат надворешната политика на Трамп


Нападите на администрацијата на Трамп врз Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро претставуваат голема победа за јастребите за надворешна политика во кабинетот на претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи го државниот секретар Марко Рубио и шефот на Пентагон Пит Хегсет, кои се залагаа за зголемување на притисокот врз Венецуела во последните неколку месеци во име на […]

Дончиќ и Џејмс ги предводеа Лејкерс до победа над Мемфис


Лос Анџелес лејкерс рано утрово го победија Мемфис дома во натпревар од НБА-лигата со 120:114. Лука Дончиќ уфрли 36 поени, имаше девет скока и осум асистенции, додека Леброн Џејмс постигна 26 поени, седум скока и 10 асистенции.  Кај гостите се истакна Џејлен Велс со 23 поени. Лејкерси го добија својот 22-ри натпревар во 33 натпревари […]

Венецуела можеби е само почеток за Трамп


Со дрските закани насочени кон целиот регион, претседателот и неговиот тим јасно ставија до знаење дека Венецуела можеби е само почеток, предизвикувајќи страв низ западната хемисфера.Трамп објави во саботата дека САД засега ќе ја „управуваат“ Венецуела, при што  тој и неговите врвни помошници јасно ставија до знаење дека САД можеби нема да застанат тука – […]

Над 40 отсто од трошоците за здравство во Македонија ги плаќаат пациентите


Според податоците од Европската комисија, повеќе од 40 проценти од вкупните здравствени трошоци во Македонија паѓаат директно на товар на пациентите. Тоа ги тера граѓаните, поради долгите листи на чекање и недостигот од специјалисти, да бараат услуги во приватниот сектор, дополнително оптоварувајќи ги семејните буџети. Изминатата година, ФЗОМ се погрижи цената на јавното здравство уште […]

Пет хороскопски знаци кои ќе имаат најголема среќа во 2026


Новата година пристигна, а со неа и бран среќа за петте хороскопски знаци кои ќе цветаат во 2026 година. Иако и тие ќе се соочуваат со предизвици од време на време, според астрологот Абигејл-Роуз Ремер, таа истакнува дека „генерално, ќе биде многу среќна година“. Без разлика дали станува збор за првата или втората половина од […]

Дел од населбата Кисела Вода без вода


Без вода денеска од 9:15 часот се корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од број 60 до кружниот тек во населбата Кисела Вода. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на цевка со пречник од 200 милиметри на ул.„Христо Татарчев“ бр.60. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до […]