Туск: ЕУ ќе пропадне ако не се вооружи и не остане обединета


Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека никој нема да ја сфати Европската Унија сериозно, ниту непријателите ниту сојузниците, ако не се вооружи, не верува во сопствената сила и не остане обединета во согласност со слоганот „сите за еден, еден за сите“. „Конечно мора да веруваме во нашата сила, да продолжиме да се вооружуваме и […]

Во првите девет месеци од 2025 онлајн трансакции од 693.1 милиони евра, раст од 30 проценти


Во првите девет месеци годинава реализирани онлајн трансакции вредни 693.1 милиони евра, што е раст од 30 проценти споредено со минатата година, објави денеска Асоцијацјата за е-тргивија на Македонија АЕТМ. Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 338.5 милиони евра, остварен пораст од 18 проценти. Бројот на реализирани трансакции од Македонци кон странски е-трговци […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислува тема околу македонскиот јазик


  Прашањето на македонскиот јазик и Планот за правата на заедниците не се тема на билатерални односи, велат од СДСМ. „Темата со македонски јазик во ЕУ е затворена и завршена. Македонија го има и првиот Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик. Договорот за Фронтекс го потпиша дури и Бугарија, со што македонскиот јазик е […]

Е-фактурата ќе овозможи поефикасна наплата на даноците и борба против сивата економија, велат Димитриеска Кочоска и Петрова


 Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира во пилот фаза.  Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на прес-конференција рече станува збор за важна реформа што носи повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија и е сериозен чекор во борбата против […]

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година.  Исплатата се однесува на следните права: Гарантирана минимална помош Гарантиран Детски додаток Додаток за социјално домување Еднократна парична помош Еднократна парична помош за новороденче Образовен додаток Образовен додаток – студирање […]

Муцунски очекува пофалби место критики од Софија за Акцискиот план


  Македонско-бугарските односи влегоа во нова фаза на недоверба. На соопштение се реагира со соопштение околу Алцискиот план за малцинствата во Македонија. Македонското МНР денеска ги оквалификува реакциите на бугарското МНР како „апстрактни и неосновани“. „Загрижува фактот што, наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за […]

Која е Делси Родригез, новата лидерка на Венецуела: „Царицата“ и работохоличарка која сака луксуз


Делси Родригез, адвокатка и дипломатка блиска до Николас Мадуро, ја презеде функцијата вршител на должноста претседател на Венецуела во услови на политичка криза. Како негов долгогодишен потпретседател и член на неговиот најблизок круг, таа е позната по својата отворена лојалност кон Мадуро, но сега е позната и на светот по нејзините неодамнешни пораки за подготвеност […]

Царина спречи обиди за шверц на мобилни телефони, парфеми, над два тони храна, суплементи, тутун и живи птици


Царински службеници и мобилни царински тимови спречија обиди за шверц на 103 мобилни телефони, повеќе од два тони банани, 500 пакувања суплементи, 400 литри маслиново масло, 53 литри масло од црно семе, 24 килограми режан тутун, опрема за спа уреди, околу 400 парчиња козметика, над 100 парфеми од познати брендови, како и домашни птици, информираат […]

Поевтин бензин и дизел: РКЕ ги намали цените на нафтените деривати


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на […]

Кој е, а кој не е Мадуро: „Битка“ со соопштенија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


  Спектакуларната акција на американската војска да го зароби и да го пренесе во Њујорк венецуеланскиот претседател Николас Мадуро, во Македонија се трансформира во битка меѓу двете главни партии кој бил а кој не бил за диктаторот. СДСМ вели дека Македонија имала свој Мадуро, а тоа бил Христијан Мицкоски. „Дали по сите наши активности во […]

Тврдеа дека Брижит Макрон е родена како маж. Сега се осудени


Париз– Суд во Париз денеска прогласи десет лица за виновни за дигитално насилство, односно онлајн малтретирање на првата дама на Франција Брижит Макрон, осудувајќи ги на казни кои се движат од задолжителна обука за кибер насилство до условни затворски казни од осум месеци. Судот, како што јави „Монд“, изјави дека обвинетите објавиле „особено понижувачки, навредливи […]

Вевчански карневал: Свети Васиља – кога Вевчани се претвора во сцена, а традицијата во слобода


Во Вевчани, годината не почнува со календарот – туку со Свети Васиља. Со ритамот на тапаните, со писокот на зурлите, со смеата што е истовремено и шега и порака. Овде, меѓу планината и изворите, карневалот не е настан – тој е состојба на духот, наследство што се носи во крвта и се пренесува од поколение […]

Снегот предизвикува хаос во Холандија: „Останете дома ако е можно“


Снежните врнежи го нарушија воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај во Холандија во понеделник, при што стотици летови беа откажани, а сите возови околу Амстердам беа запрени, додека предупредувања беа издадени и во Велика Британија. Аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, еден од најпрометните центри во Европа, откажа речиси 500 летови во понеделник наутро и се очекува бројот […]

Илјадници жители на Берлин се уште се без струја и греење


 Илјадници жители на Берлин и денеска се без струја и греење по нападот врз електроенергетската мрежа за време на викендот, кој го парализираше снабдувањето во југозападниот дел од главниот град на Германија кој е под снег. Околу 45.000 домаќинства и повеќе од 2.200 бизниси во населбите Николасе, Зелендорф, Ванзе и Лихтерфелде беа исклучени рано во […]

ДЗС се засили со уште еден професионален пилот – наскоро оглас и за пилоти на „ер тракторите“


Во новата година Дирекцијата за заштита и спасување се засилува со уште еден професионален пилот. Се работи за пензионираниот армиски полковник Роберт Малезански, воен пилот кој во својата кариера има управувано и дејствувано со различни типови на летала вклучително и борбени авиони „галеб“, „супер галеб“, „МиГ“ 21, „сухој“ 25 и борбени хеликоптери „Ми“ 17 и […]

Бадникови поворки 2026 во повеќе градови – централна манифестација во Скопје


Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ утре ќе се одржат Бадниковите поворки, најголемата народно-културна и духовна манифестација во Македонија, посветена на радосното и достоинствено најавување на Христовото Рождество – Божик. Годинава, Бадниковите поворки ќе се реализираат во рекордни 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во  Словенија, Италија, Австрија, Франција […]

Вечерва нова четиричасовна блокада на Евзони за сите возила, утре и задутре – непречено


Од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време, според информациите на дописничката на МИА од Атина, повторно ќе биде затворен граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите возила, додека пак во следните два дена не се планирани блокади поради утрешниот […]

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред


 Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре и задутре автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред поради празникот Раѓање Христово – Божик.  Дежурни утре ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар (од 08:00 до 14:00) и Жичница (од 10:00 до 17:00). Жичницата утре и задутре ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот. […]

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ


Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ утре ќе се одржат Бадниковите поворки во 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави. Традиционално, одбележување на Бадник […]

УСЈЕ ќе ја дислоцираме кога ќе ја купиме фабриката, па по 10 години од тогаш може


Насекаде имаме ѓубре, си правиме депонии, инспекторите проверуваат, но не доволно, колку возила МВР пратил на дополнителен технички преглед – ова се дел од забелешките на советниците, кои денеска присуствуваат на вонредна седница на Советот на Град Скопје за состојбата со загадениот воздух во главниот град. – Гласав за дислоцирање на УСЈЕ. Ама знаете кога […]