Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје


 Град Скопје најави настан за осветлување на градот на 15 декември во 18 часот на плоштад „Македонија“, за почеток на новогодишните и божиќните празнувања. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на 15 декември во 18 часот на плоштад Македонија „заедно да го осветлат градот и да споделат празнична магија“. – Почитувани скопјани, драги родители, најдраги […]

Сончево време со мала до умерена облачност


 Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 12 декември 2025 година, 346-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 19 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

СЗО повторно ги отфрли сомнежите на американската влада за безбедноста на вакцините


Светската здравствена организација (СЗО) категорично ги отфрли тврдењата на американската влада кои сугерираат можна врска помеѓу вакцините и аутизмот. Глобалниот советодавен комитет на СЗО за безбедност на вакцините во извештај објавен денеска изјави дека ги разгледал сите релевантни студии од последните години и дошол до јасен заклучок. – Вакцините не предизвикуваат аутизам, резимираше генералниот директор […]

Наскоро за да влезете во САД ќе треба да приложите и ДНК


Администрацијата на Доналд Трамп предлага промени со кои влегувањето во САД како турист ќе се претвори во ноќна мора за странците. Според информациите што доаѓаат од официјалниот предлог документ, во иднина за влегување во САД како турист ќе треба да дадете податоци и за своите профили на социјалните мрежи во последните пет години. И тоа […]

„Дејли мејл“: Трамп сака да одвои четири земји од ЕУ


Американска веб-страница за одбрана тврди дека видела протечен документ во кој се открива драматичен предлог на САД за одвојување на четири земји од Европската Унија како дел од смелата нова стратегија „Да ја направиме Европа повторно голема“. Тајното досие, објавено од Defense One, тврди дека Трамп наводно има намера да ги оддалечи Австрија, Италија, Унгарија […]

Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот


Проектот SENE3 – „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ на Република Северна Македонија има за цел да помогне во воспоставување на интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, проектот обезбедува поддршка за општините, јавните комунални претпријатија […]

Русија подготвува мерки ако Европа посегне по руските замрзнати средства


Руските власти подготвуваат мерки во случај на кражба на замрзнати руски средства во Европа, а одговорот на таков потег ќе биде суров, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – Одговорот во такво сценарио ќе биде суров. Рускиот претседател Владимир Путин детално зборуваше за тоа за време на прес-конференцијата на 27 ноември […]

Втора победа за Шкендија во УЕФА Конференциската лига


Фудбалерите на тетовска Шкендија ја постигнаа втората победа во групата од УЕФА Конференциската лига откако вечерва го совладаа Слован Братислава со 2:0. Со овој триумф Шкендија со седум бодови се искачи на табелата, но за пласманот по 5.коло ќе се знае по одигрувањето на дуелите кои почнуваат во 21 часот. Шкендија до водство дојде откако […]

Миовски стрелец за Глазгов Ренџерс во поразот на неговата екипа


Македонскиот репрезентативец во дресот на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски постигна гол за својот тим во поразот на својата екипа. Миовски мрежата на домашниот голман на Ференцварош ја затресе во 27.минута на атрактивен начин со „ножички“. Миовски на теренот беше до 67.минута кога беше заменет. Глазгов Ренџерс загуби со 2:1 на гостувањето кај Ференцварош […]

Европа им го врти грбот на премиум седаните: Продажбата опаѓа, а причината е јасна


Наместо стандардни седани, клиентите и клиентите на возни паркови сè повеќе избираат кросовери и SUV модели. Популарноста на класичните лимузини во последните неколку години не е она што беше порано, а возачите во Европа сè повеќе се свртуваат кон други опции. Продажбата на премиум седани во средната класа се намали за 19% во првите десет […]

Египетското јадење кошари додадено на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО


Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) го вклучи кошари на списокот на нематеријално културно наследство за 2025 година, што е прв пат египетско јадење да биде впишано. Египетскиот министер за култура Ахмед Фуад Хано рече дека означувањето на УНЕСКО „останува светилник на интерес за културата на секојдневниот египетски живот, што е […]

Зеленски: САД сакаат Украина да се повлече од Донбас и да се создаде „слободна економска зона“


  САД сакаат Украина да ги повлече своите трупи од регионот Донбас, а потоа Вашингтон би создал „слободна економска зона“ во деловите што Киев моментално ги контролира, изјави Володимир Зеленски. Претходно, САД предложија Киев да ги предаде деловите од Донбас што сè уште ги контролира на Русија, но украинскиот претседател во четврток изјави дека Вашингтон […]

Милошоски тврди: Има „партиски мигранти“ од СДСМ, не британски


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека во Македонија не постои проблем со мигранти и дека, според него, СДСМ ја отвора темата манипулативно за да ја прикрие партиската слабост и одливот на кадри. – Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка и за […]

Блупринт групата за „одговорниот“ за Кочани: Кој е системот?


Блупринт групата реагира на расправата за Кочани во Собранието оценувајќи дека место суштинска дебата виделе само политичка формалност со обвинувања за системот, поради што прашува -Кој е системот? „Расправата повторно го потврди она на кое со години укажуваат граѓанските организации: институционалниот систем на заштита, контрола и одговорност е суштински нефункционален. Трагедијата во која загинаа 63 […]

Скратувањето на работното време е неизбежна иднина, вели професорот Јовевски


Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и вештачката интелигенцијата, укажува експертот за трудово право и професор на Правниот факултет во скопје, д-р Лазар Јовевски, откако во компанија во државава првпат е воведена четиридневна работна недела како пилот проект. Јовевски вели дека „дигитализацијата […]

Линд одбива да продава чоколадо во дисконтите Алди и Лидл


Швајцарскиот производител на чоколадо Lindt & Sprüngli одби партнерство со германските дисконтни супермаркети Алди и Лидл, со образложение дека тоа ќе ги поткопа нивните производи. – Во спротивно, ќе завршиме со сè повеќе специјални понуди и ќе ја девалвираме нашата марка, рече извршниот директор Адалберт Лехнер во интервју за германскиот весник Ди Цајт (Die Zeit). […]

Инстаграм ќе ви овозможи да ги изберете темите што сакате да ги гледате


Инстаграм тестира нова опција што ќе им овозможи на корисниците да имаат поголема контрола врз содржината што им се прикажува. Социјалната мрежа Инстаграм воведе нова функција наречена Вашиот алгоритам, која им овозможува на корисниците да видат и рачно да ги прилагодат темите што сакаат алгоритмот да ги препорача. Засега, опцијата е достапна само за делот […]

На 15 декември излегува преводот на „Градинарот и смртта“ од Георги Господинов


Издавачката 2025 година, Или-Или ја заокружува со објавувањето на Градинарот и смртта,  интимен и елегичен роман на бугарскиот автор Георги Господинов, во превод од бугарски на македонски јазик на Душко Крстевски, а дизајнот на корицата е на Марија Смилевска. Преводот на ова дело е поддржан од Националниот фонд за култура на Република Бугарија.  По големиот интернационален […]

Дизни инвестира 1 милијарда долари во OpenAI, лиценцира ликови за AI


Дизни инвестира 1 милијарда долари во OpenAI, стекнувајќи удел во акциите и потпишувајќи договор што ќе овозможи користење на неговите најпознати ликови на неговата платформа за генерирање видеа Sora. Ова е првиот голем договор за лиценцирање за технологијата за AI на Sora, отворајќи ново поглавје во соработката помеѓу креативната индустрија и вештачката интелигенција, пишува CNN. […]