Лавров: Преговорите за НИС се во тек, национализација само со согласност на Русија


Преговорите за НИС се во тек, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на тркалезна маса за амбасадори во Москва. „Процесот на преговори е во тек. Знам дека српското раководство се обрати кон САД, бидејќи токму нивното барање беше исполнето од компанија која беше создадена врз основа на меѓувладин договор меѓу Русија и Србија, […]

Рација во европското седиште на „Тему“


  Кинескиот онлајн трговец на мало е под лупа на Европската комисија веќе некое време поради обвинувања за недостаток на напори за спречување на продажба на нелегални производи преку неговата услуга. Минатата недела, европските регулатори, исто така, направија ненајавена посета на неговото европско седиште во Даблин. Овој пат поради странски субвенции. „Можеме да потврдиме дека […]

Големи поплави во Вашингтон, десетици илјади евакуирани


Обилни дождови предизвикаа големи поплави во американската држава Вашингтон, што доведе до наредби за евакуација на десетици илјади жители. Гувернерот Боб Фергусон ги повика луѓето во погодените области да ги следат упатствата на локалните власти и да се евакуираат. Се верува дека до 100.000 жители се погодени од наредбите за евакуација. -Разбирам дека многумина во […]

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежна иднина


Скратувањето на работното време е неизбежна иднина и неизбежна дебата што ќе следува и во Македонија токму поради дигитализацијата и вештачката интелигенцијата, укажува експертот за трудово право и професор на Правниот факултет во скопје, д-р Лазар Јовевски, откако во компанија во државава првпат е воведена четиридневна работна недела како пилот проект. Јовевски вели дека „дигитализацијата […]

Швајцарец брутално ја убил сопругата, го сомлел телото во блендер. Истрагата е завршена


41-годишниот Томас е обвинет за брутално убиство на неговата сопруга Кристина Јоксимовиќ, финалистка на изборот за Мис Швајцарија, за која е осомничен дека прво ја задавил, потоа го распарчил нејзиното тело, ја отстранил нејзината матка и ги мелел деловите од нејзиното тело во индустриски блендер. Нејзиното осакатено тело е пронајдено во нивниот дом во Бининген […]

Хорор во гостиварско: Почината жена пронајдена закопана во дупка


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка. Од Јавното обвинителство велат дека поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена […]

УХМР: Најстудено утрово во Берово


 Најстудено утрово е во Берово, четири степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во Скопје-Петровец и Битола (-3), Тетово, Штип и Струмица (-2) и Крива Паланка, Демир Капија и Mаврови Анови ( -1). Нула степени се измерени во Прилеп, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Охрид […]

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано мало цунами


Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за цунами. Земјотресот се случи во 11:44 часот наутро на длабочина од 20 километри во крајбрежното подрачје на префектурата Аомори, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди истата област. Јапонската метеоролошка […]

МВР го одложува официјалниот старт на „безбеден град“


Министерството за внатрешни работи (МВР), во одговор на прашање на „360 степени“ околу тоа дали системот „Безбеден град“ (Сејф сити) се тестира и кога официјално ќе биде во функција, посочи дека регистрирањето сообраќајни прекршоци преку овој систем ќе започне да функционира од 1 февруари, а не од 1 јануари, како што беше првично најавено. „Безбеден […]

„Зимзоленд“ продолжува без или со дозвола?


Откако Општина Аеродром потврди дека ќе се отстранува забавниот парк „Зимзоленд“ во Ново Лисиче, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека паркот речиси две недели работел без дозвола од Град Скопје, организаторите на манифестацијата соопштија дека не е точно дека „Зимзоленд“ се затвора и дека ќе продолжат со работа. „Во последните часови на одредени медиуми […]

Странските инвестиции годинава се многу малку и не се „убава тема“ за која трeба да се зборува


Премиерот Христијан Мицкоски деновиве побара медиумите, а и политичарите повеќе да зборуваат за убави работи, наместо за „измислени, манипулативни теми наметнати од страна на талогот во општеството“. Притоа, тој ги спомена чистиот воздух во Скопје кој во еден момент во еден ден бил почист од оној во Виена, ги посочи и растот на БДП од […]

ФЛУ Скопје со меѓуакадемската изложба „Нишки / Threads“ гостува во Белград


Изложбата „Нишки / Threads“, која е најновиот резултат од соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Факултетот за ликовни уметности во Белград ќе биде отворена денеска во Галеријата на белградскиот Факултет. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до понеделник, 29 декември. „Нишки“, како што се наведува во соопштението на ФЛУ Скопје претставува мултимедиумска […]

Дел од корисниците на општина Карпош без струја


– Корисниците од улиците „Урош Џудовиќ“, „Осло“, „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во Општина Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.  Како што е најавено, електрична енергија ќе немаат во периодот од  9 до 12 часот. 

Премиера на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“


Премиера на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“ ќе се одржи денеска од 12 часот во киното Синеплекс.  Публиката ќе има можност да ужива во 11-минутна приказна што ги спојува забавата, учењето и детската фантазија. Авторите на серијата ќе го споделат патот на создавање на анимираниот филм, од првите скици и идеи до […]

Без вода дел од корисниците на општина Бутел


Дел од корисниците на улиците „Натанаил Кучевишки“, „Краишка“ и „Хо Ши Мин“ во општина Бутел денеска од 10:30 часот ќе бидат без вода. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради замена на вентил на улица „Натанаил Кучевишки“ бб, градинката „11 Октомври“, и ќе трае до завршување на работните активности.

Бојкотот за Евросонг 2026 се засилува: Швајцарецот Немо го враќа евровизискиот трофеј поради Израел


Немо, пејачот кој победи на Евровизискиот натпревар за песна во 2024 година, објави дека ќе го врати својот трофеј откако на Израел му беше дозволено повторно да учествува на натпреварот следната година. Одлуката доаѓа во услови на растечки контроверзии околу натпреварот, пишува Индепендент. Швајцарската музичка ѕвезда (26), кој триумфираше со песната The Code и стана […]

Тежок удар за Трамп, републиканците го отфрлија неговиот план. „Ни се закануваа со смрт“


  Републиканците во Индијана се спротивставија на силниот притисок од претседателот Доналд Трамп и ги отфрлија неговите барања за усвојување нова изборна мапа дизајнирана да ја фаворизира нивната партија на изборите следната година. Во една од најконзервативните американски држави, 21 републикански сенатор им се придружија на десет демократи за да го поразат планот за прекројување […]

Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели


Во Охрид  денеска во 10 часот ќе биде отворена Конференцијата на Советот на министри за култура од ЈИЕ посветена на јакнење на културата во функција на одржливиот развој. На отворањето на конференцијата најавено е воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Обраќања ќе имаат и  директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за […]

На скопскиот аеродром ќе биде испратен три милионитиот патник годинава


 На Меѓународниот аеродром Скопје денеска ќе биде испратен  три милионитиот патник во една година.  – Среќниот патник ќе биде од летот Скопје – Бари, најави ТАВ Македонија, оператор на аеродромите во државава.  По повод испраќањето на три милионитиот патник, прес-конференција ќе одржат Александар Николоски, заменик претседател на Владата, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ […]

Евробарометар: Европејците гледаат придобивки од членството на нивните земји во ЕУ


Брисел – Речиси три четвртини од граѓаните на ЕУ сметаат дека нивната земја имала корист од членството во Европската Унија, а во исто време поддршката за еврото и за заедничката европска одбрана и безбедност е на највисоки нивоа забележани досега, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар „Есен 2025“. Според овие резултати, 74 проценти од Европејците […]