Поевтинуваат горивата


Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек […]

Комеморација за играорецот Симеон Чулев во „Танец“


Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информираме јавноста за одржување на Комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев. Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна […]

Избеганиот сириски диктатор Башар ел Асад одлучи да стане очен лекар во Москва


  Откако ја изгуби власта, сирискиот диктатор Башар ал Асад стана неинтересен за својот патрон, Владимир Путин. Асад живее повлечен живот во вила на Рубљовка, каде што може да се сретне со друг соборен претседател, Виктор Јанукович. Неговото семејство планирало да се пресели во ОАЕ, но дури и таму не се подготвени да го засолнат […]

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов


Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино во случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка гаранција. Како што информираат од Апелациониот суд, Кривичниот совет со решение КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година едногласно одлучил да […]

Мараја Кери ќе пее на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри Милано-Кортина


Поп-ѕвездата Мараја Кери ќе настапи на стадионот Сан Сиро на 6 февруари на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри Милано-Кортина д’Ампецо, објавија организаторите во понеделник. Централната тема на Игрите е хармонијата, а нејзиниот настап има за цел да истакне како спортот и музиката поттикнуваат инклузивност, почит и културна размена. Мараја Кери има освоено шест […]

Бабиш бара ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во шенген зоната


Новиот премиер на Чешка, Андреј Бабиш денеска, по првиот состанок со ново именуваната Влада, нагласи дека тој е за Европска Унија, но оти ЕУ не решава некои проблеми, меѓу кои и проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан. – Не разбирам зошто ЕУ одамна не го реши проширувањето на шенген зоната со земјите […]

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години


 Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло […]

Ултраконзервативецот Хозе Антонио Каст е избран за нов претседател на Чиле


  Ултраконзервативниот поранешен конгресмен Хозе Антонио Каст е избран за нов претседател на Чиле. Со преброени повеќе од 99% од гласачките места, Каст освои 58,16% од гласовите, наспроти 41,84% за левичарката Жанет Хара, поранешна министерка за труд под сегашниот претседател Габриел Бориќ. Син на член на нацистичката партија, обожувач на диктаторот Аугусто Пиноче и верен […]

Трезорот ќе работи, прашањето излезе од контрола, вели министерката за финансии


  Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати. „Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да […]

Јавна дебата во Аеродром за приоритетите при доделување поддршка на граѓански организации


Општина Аеродром ги поканува граѓанските организации на јавна дебата за утврдување заеднички приоритети за создавање подобри и поинклузивни политики за сите жители на нејзината територија! Дебатата ќе се одржи на 22 декември 2025 (понеделник) во 11 часот, во салата на Советот на Општина Аеродром и претставува еден вид подготовка за новиот повик што ќе биде […]

Меѓу Скопје и Прага „Визер“ ќе лета три пати неделно, до Келн четири пати неделно


Скопје и Прага  од денеска  се поврзуваат со директeн лет. На оваа релација  ќе лета Виз eр со субвенции од Владата, секој понеделник, среда и петок. Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19.25 ќе биде обновена и линијата на Виз eр до Келн со четири лета неделно, секој понеделник, среда, петок и недела.  – Оваа […]

Италијански пијанист, шпански тенор и оперски арии: Новогодишен концерт на „Охридско лето“ на 20 декември


Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис  на 20 декември ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20 часот. Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат […]

Излезе македонскиот превод на „Градинарот и смртта“ од Георги Господинов


Денеска од печат излезе „Градинарот и смртта“, интимен и елегичен роман од Георги Господинов, во превод на македонски јазик на Душко Крстевски. Преводот на ова дело е поддржан од Националниот фонд за култура на Република Бугарија.  По големиот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“ за кој ја добива Интернационалната Букеровата награда, со „Градинарот и […]

Саборот изгласа: Хрватска ќе го отстранува радиоактивниот отпад на границата со Босна и Херцеговина


Денес, Саборот на Хрватска го усвои Законот за изградба на Центар за отстранување на радиоактивен отпад на самата граница со Босна и Херцеговина во областа Трговска Гора. 77 пратеници гласаа за законот, 21 гласаа против, а 36 беа воздржани. Со години, Босна и Херцеговина апелираше до Хрватска да се откаже од оваа опасна идеја, која […]

САД и Украина не успеаја да се договорат за „демилитаризирана зона“ во Донбас


  Околу петчасовните разговори меѓу американските и украинските претставници во Берлин, каде што Киев ја презентираше својата верзија на план за завршување на војната, завршија без компромис за клучното територијално прашање. Киев се согласи да разговара за напуштање на членството во НАТО и одржување избори што е можно поскоро, но камен на сопнување останува сопственоста […]

Транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија, вели Агелер


 САД и Северна Македонија се обединети во многу нешта, вклучително и нашето споределено уверување дека транспарентноста на институциите и силни економии се основа на успешна демократија, траен просперитет и безбедни заедници. Сакам да ја поздравам соработката меѓу САД и Северна Македонија во зајакнување на инстуциите, промовирање на економската соработка, и испорачување резултати за граѓаните, порача […]

Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, продолжува бадникарската традиција


Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ денеска ги претстави кумот и здравичарот за 2026 година. Годинава, водечките бадникарски функции ги прифатија и претприемачот и експерт во областа на енергетиката Зоран Кондратенко како кум и  урбаниот трубадур Јаков Дренковски како здравичар. Кумот и здравичарот се заблагодарија за честта што им беше укажана, истакнувајќи […]

Зголемен прометот од продажбата на услугите


 Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 2.7 % во третото тримесечје од 2025 година во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 7.1 % има во секторот […]

Битола: Место киното „Партизан“ нов културен центар


  БИТОЛА – Нов културен центар ќе добие Битола следната година со реконструкција на објектот на поранешното кино „Партизан“ во централното градско јадро. Објектот изграден во времето на СФРЈ долги години работеше како едно од поголемите кина во Битола со над 600 седишта со партер и балкон. Во 1990-те години со затворањето на кино салите […]

Инкубатор – платформа за млади уметници по осми пат вечер во МКЦ


Во  МКЦ вечер од 20 часот ќе се одржи најновото издание на Инкубатор платформата за млади уметници, на која ќе настапат млади од Скопје танцовиот театар 2, чиј уметнички директор е Рисима Рисимкин. Ќе настапат млади танчари од Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев“ и дел од учениците од Балетскиот оддел при ДМБУЦ […]