Едно место за македонска екипа во ЕХФ Лига Европа


Објавената најнова ранг-листа на ракометните федерации од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за следната сезона во Лига Европа одреди едно место за РФМ. Ова се должи на падот од две позиции при рангирањето односно сега сме на 14. то место. Тоа значи дека преку нашата лига РФМ ќе има еден директен учесник во второто […]

МЖСПП и УНДП: Потребно е одржливо финансирање на заштита на биодиверзитетот


Министерството за животна средина и просторно планирање, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), официјално ја почнаа иницијативата БИОФИН, со која ќе се направи детален дијагностички преглед на постојниот систем и ќе се изработи конкретен и одржлив план за финансирање на заштитата на биодиверзитетот во земјата. Како што информираат од УНДП, на […]

Директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле претпријатието за 7,6 милиони денари


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од […]

Танушев: И индустријата загадува во Струмица, но никој не сака да ја чепне


 Во последните години зголемен е бројот на респираторни заболувања кај сите возрасти во Струмица, истакна Мери Николова Гичева, директорка на Центарот за јавно здравје во Струмица, на денешната прва седница на Локалниот совет за превенција на која се дискутираше за проблемот со аеро загадувањето во Општината. Според неа, покрај климатските промени, во последните години во […]

ТИТАН Усје во 2026 продолжува со инвестиции во дигитализација и декарбонизација, очекува раст на продажбата


Инвестициите во дигитализација, декарбонизација и зајакнување на производственото портфолио базирано на зелени решенија, остануваат стратешка определба на ТИТАН Усје во 2026 година. Новите зелени еко цементи со намалено учество на клинкер, ги следат најновите светски трендови во индустријата и значително придонесуваат за поголема декарбонизација, што е една од клучните определби на компанијата. Како резултат на […]

Македонскиот ракометен првак нема директно место во Лигата на шампионите


 Европската ракометна федерација (ЕФХ) го одреди новиот формат за Лигата на шампионите, а македонскиот ракометен шампион нема директно учество во најквалитетното натпреварување туку тоа ќе може да го оствари со барање на вајлд-карта. Извршниот комитет го потврди системот, а рангирањето на федерациите е според резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25. На првите десет места […]

15 декември во историјата – Наполеон Бонапарта е погребан во Париз


  Наполеон Бонапарта, еден од највлијателните луѓе во европската историја, се врати во Франција речиси дваесет години по неговата смрт. На 15 декември 1840 година, во Париз се одржа церемонијален погреб за неговите останки, настан што стана голем национален спектакл и симболично помирување на Франција со сопственото минато. Наполеон почина на 5 мај 1821 година, […]

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ


 Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред почетокот на седницата на Комитетот за европски прашања во Парламентот во Будимпешта на Фејсбук (Facebook) објави дека се подготвува за претстојниот Самит на Европската Унија во Брисел. – Влогот е едноставен: војна или мир. Никогаш не сме биле толку блиску до решавање на руско-украинската војна. Европа е на прагот […]

Од „Бихаќка“ тврдат: Јанева e ослободена за да се користи во кампања против СДСМ


Денеска Кривичниот суд и официјално потврди дека на Катица Јанева ѝ е одобрен условен отпуст од затвор. Отпустот започнува од 21.12.2025 година и трае до 21.08.2026 година. Од вкупната затворска казна од 7 години, дозволен е условен отпуст од 8 месеци. Овие факти и периодот токму сега и до летото наредна година, во целост го […]

Лица поврзани со „Роснефт“ и „Лукоил“ додадени на листата на санкционирани на ЕУ


Советот на ЕУ денеска донесе одлука за проширување на листата на санкционирани лица одговорни за поддршка на т.н. руската „флота во сенка“, со додавање на уште пет поединци и четири компании. Санкционираните поединци се бизнисмени директно или индиректно поврзани со руските државни нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“. Тие се осомничени дека контролираат бродови со кои […]

Екс-градоначалникот на Демир Капија и екс-директор на КП „Бошава“ ќе одговараат поради загадување на животната средина


ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик. Како што […]

РФМ и Пивара Скопје одбележаа 45 години партнерство


Во присуство на македонските ракометни репрезентативци, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и компанијата Пивара Скопје денес на свечена церемонија потпишаа Договор за спонзорство и одбележаа на 45 години партнерство. Продолжувањето на соработката беше поздравено од Огњен Лазиќ-генерален директор на Пивара Скопје, Александар Стефанов претседател на РФМ и Филип Миркуловски – спортскиот директор на машките репрезентации. […]

Хрватска ќе одлага радиоактивен отпад на границата со БиХ


Хрватскиот парламент денес го усвои, по итна постапка, Законот за изградба на центар за управување со радиоактивен отпад, кој дава регулаторна основа за изградба на локација за депонирање отпад од нуклеарната централа Кршко, како и домашни болници и индустрија, а претпочитаната локација е Черкезовац на Трговска Гора, на границата со Босна и Херцеговина. Хрватскиот парламент […]

ЕУ ќе преговара технички со Украина, и покрај унгарското вето


Во потег без преседан, Европската комисија ќе го унапреди процесот на пристапување на Украина на техничко ниво, и покрај тоа што Унгарија ги блокира официјалните претпристапни преговори.  Според новиот план, техничкиот напредок значи дека Киев ќе продолжи со реформите потребни за исполнување на критериумите на Европската унија, а чиновниците на ЕУ ќе го проценуваат напредокот на Украина во усогласувањето со законите и стандардите […]

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на АРМ и музичари од оркестарот на Вооружените сили на Романија


Вечерва, 15 декември, во свечената сала на Македонската филхармонија во Скопје, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овојпат збогатен со настап на музичари од оркестарот на Вооружените сили на Романија. Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, концертот ќе […]

„Тоа беше работа на совест“: Зошто ал Ахмед го ризикуваше својот живот во пукотницата во Сиднеј


  Кога Ахмед ал Ахмед тргна и се бореше да ја грабне пушката од наводниот стрелец на плажата Бонди во Сиднеј, тој едноставно мислеше дека „не може да поднесе да гледа луѓе како умираат“, вели неговиот братучед. Помалку од еден ден подоцна, ал Ахмед останува во критична, но стабилна состојба во болницата „Сент Џорџ“ во […]

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив


Официјално е отворена новата шопинг дестинација на југот – Гевгелија Мол, која ги обединува шопингот, забавата и моментите за релаксација под еден покрив. Во саботата, на отворањето на кое присуствуваа стотици гости и партнери на Молот, како и љубопитни граѓани и шопингхоличари, беше збогатено со забава и изненадувања за сите генерации. Дедо Мраз ги развесели […]

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември


Продолжува новогодишната магија во Дајмонд мол. Денес почнува Новогодишниот базар, кој ќе понуди голем избор на подароци и сувенири во празничен дух. Новогодишниот базар ќе трае до 28 декември, а во истиот период посетителите ќе можат да уживаат во виртуелно патување на Северниот пол и да пазаруваат во продавниците на Дедо Мраз. Викендите до Нова […]

„Најдобар“ – ФИФА утре во Доха ќе ги додели престижните награди


Светот на фудбалот со нетрпение го очекува вторник, кога добитниците на престижните награди на ФИФА „Најдобар“ за 2025 година ќе бидат објавени на церемонија во Доха. Церемонијата започнува во 18 часот по наше време, а сите љубители на фудбалот ќе можат да ја следат во живо преку официјалната веб-страница на ФИФА. Настанот ќе се одржи […]

Русија ја означи панк-групата „Пуси рајот“ како екстремистичка организација


Русија го означи женскиот панк-состав „Пуси рајот“ како екстремистичка организација, објави московскиот Окружен суд на Басмани, на Телеграм. Според пресудата, „на групата ѝ е забрането да дејствува“ во Русија. Панк-рок-групата постојано му се спротивставуваше на Владимир Путин преку своите уметнички настапи. Светска слава стекна во 2012 година, со „панк-молитва“ во храмот „Христос Спасител“ во Москва, […]