Ограбено казино во Аеродром


Вчера утрината бил пријавен грабеж на казино во скопски Аеродром. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (21.12.2025) во 07:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:30 часот во казино на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на […]

Главниот служител во Елисејската палата уапсен за кражба на вредни предмети


Главниот служител во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а и за обид за нивна продажба преку интернет. Тој е еден од тројцата приведени во скандалот што ја потресе официјалната резиденција на францускиот претседател. Вредноста на украдените предмети се проценува на 40.000 евра, објави „Гардијан“. Надлежните го  уапсија […]

Истокот на Турција е убав и во зима, кои локации вреди да се посетат


Дури 60 отсто од љубителите на патувања планираат зимски одмори, а годинава бројот на резервации за зимските дестинации е зголемен за 45 проценти во однос на лани, покажува Winter Travel Index на познатата платформа Tripadvisor. Турција нуди бројни такви туристички можности, особено регионот Источна Анадолија, познат по својата историја, културно наследство, како и познатата кулинарска […]

Протест на дел од медицинскиот персонал од Клиничка болница Тетово кои остана без трајно вработување


Пред управната зграда на Клиничка болница Тетово денеска протестираа дел од луѓето кои повеќе години работеле во установата со договор на дело, а не добиле решение за трајно вработување. Тие обвинуваат дека на нивно место бил примен надворешен кадар. Во текот на мај и јуни 155 лица – доктори, медицински сестри, техничари, администрација и друг […]

Оваа секојдневна навика го забрзува стареењето на кожата


Ако имате над 40 години, веројатно е дека вашата бања крие барем неколку производи за нега на кожата дизајнирани да ги намалат брчките и да одржат сјаен тен. Иако значителни суми се трошат на креми и серуми, дерматолозите предупредуваат дека една вообичаена вечерна навика може тајно да ги саботира сите ваши напори и да го […]

Бојчевски по средбата со министерот Алиу: Докторите во сите градови да имаат иста почетна нето плата и да се запре дефицитот на кадар


Унифициран колективен договор според кој ќе биде иста почетната нето плата на докторите од другите градови и од Скопје, запирање на дефицитот на здравствениот кадар кој од внатрешноста доаѓа во Скопје, како и зголемувањето на платите на вработените во здравствениот сектор, бара Независниот синдикат на здравствените работници. За овие барања, претседателот на Синдикатот, Боби Бојчевски […]

ЗОО Скопје доби нова Стратегија, кубури со директори


Денеска беше презентирана Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, документ што носи јасна визија за модерна, одговорна и хумана институција. Деновиве Зоолошката градина во Скопје беше тема во медиумите, затоа што од новиот градоначалчник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се очекуваше да постави нов директор, кој би ги средил работите во оваа градска институција, […]

Ники Минаж го пофали Трамп дека бил згоден и елегантен


Ники Минаж се појави на AmericaFest, годишната конференција на конзервативната организација Turning Point USA, каде што го опиша претседателот Доналд Трамп како „згоден“ и „елегантен“. Раперката се качи на сцената во Феникс држејќи се за раце со Ерика Кирк, вдовицата на основачот на организацијата Чарли Кирк, и во едно интервју откри зошто одлучила јавно да […]

Колку работите се променија: Сега Албанија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ


  Пред неколку години зборовите од една прес-конференција во Скопје, како денешната, би изгледале нереални. Денес се хиперреални. Министерката на Албанија за Европа и надворешни работи, Елена Спиропали, на прес-конференцијата со својот домаќин, Тимчо Муцунски, изјави дека нејзината земја „силно ја поддржува Македонија на европскиот пат“. И додаде: „Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во […]

ЕК исплати 2,3 милијарди евра поддршка за Киев и го заврши преместувањето на термоцентрала од Литванија во Украина


Брисел– Европската комисија и исплати 2,3 милијарди евра на Украина наменети за поддршка на финансиските потреби и јавната администрација на земјата и заврши со успешно целосно преместување на термоцентрала од Литванија на украинска територија, информира денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Олоф Гил. Исплатата на 2,3 милијарди евра е шесто редовно финансирање во рамки на […]

Седлоски нов селектор на македонската А-репрезентација


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од […]

Идрис Елба објави видео од музеј, луѓето заклучија дека тој е новиот Џејмс Бонд


Британскиот актер Идрис Елба повторно ги разгоре шпекулациите дека би можел да биде следниот Џејмс Бонд. Холивудската ѕвезда објави хумористично видео на TikTok од Мадам Тисо, каде што позираше покрај восочни фигури на сите претходни тајни агенти. Додека во позадина свиреше иконската музика за Бонд, камерата полека се лизгаше над восочните фигури, на крајот застанувајќи […]

Анита Топалова-Мисајловска привремен државен јавен обвинител


  Анита Топалова-Мисајловска е избрана за вршител на должноста државен јавен обвинител на Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Топалова-Мисајловска доаѓа на местото на Љупчо Коцевски, кој на 17 декември поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција.  Членот на […]

УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето нови насоки за заштита на децата од загадувањето на воздухот


УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на сеопфатни протоколи насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот во училиштата, како и јасни препораки за акција во услови на зголемено загадување на воздухот. Прифаќањето на овие препораки следи по неодамнешното усогласување на националниот индекс за квалитет на воздухот со Европскиот индекс за квалитет на воздухот и доаѓа во […]

Берово со богата празнична програма ја дочекува Новата 2026 година


Берово и годинава ќе биде во знакот на празничната магија, музиката и традицијата, со повеќедневна програма што ќе се реализира од крајот на декември 2025 до почетокот на јануари 2026 година. Организаторите најавуваат настани за сите генерации, со акцент на фолклорот, семејната забава и новогодишната атмосфера во центарот на градот. Како што информираат од Општина […]

Комеморација за Лазе Манасков в среда во Драмски


Погребот на актерот Лазе Манасков, кој почина на 20 декември на 67 години, е денеска на Градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат во капелата од 11:30 до 12:30 часот , соопшти Драмски театар од Скопје, неговата матична куќа. Комеморација во негова чест ќе се одржи во Драмски, на 24 декември во 12 […]

„Сонцето, колку е блиску сонцето “: Со три премиери на сценскиот спектакл МНТ ќе го одбележи 80 годишниот јубилеј


Со три премиери на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“, во режија на Дејан Пројковски, МНТ ќе одбележи 80 години постоење.  Во МНТ, денес на прес, беше претставен концептот на настанот, чија премиера е закажана за 29 декември, 15 и 16 јануари, на големата сцена на МНТ. Претставата ќе понуди […]

Кој беше генералот убиен денеска во Москва: Се бореше во Чеченија


  Рано наутро на 22 декември, патнички автомобил експлодираше во дворот на зграда во јужна Москва, соопштија службите за итни случаи за ТАСС. Експлозијата се случила откако возачот влегол во своето возило „киа соренто“. Според медиумот „База“, тој успеал да вози неколку метри пред автомобилот да експлодира. Возачот идентификуван како генерал потполковник Фанил Сарваров (56) […]

Македонците секојдневно активни на интернет за социјални медиуми, но не и за онлајн купување, е-банкарство и плаќање


Според податоците презентирани во Прегледот на Е-трговијата во Западен Балкан, 2025 година изработен од Асоцијацијата за е-трговија, користењето на интернетот во Македонија бележи силен и забрзан раст, односно во 2024 година, дури 91,1% од граѓаните користеле интернет во последните три месеци, што претставува највисок раст во регионот (+6,8 процентни поени) и ја позиционира Македонија веднаш […]

Мицкоски е за поголема минималната плата, но во тоа да не се меша Владата


„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку дијалог, партнерство и заемна одговорност. Овој Совет не е формалност, туку темел на социјалната кохезија и стабилност во државата, место каде што интересите на работниците, работодавачите и Владата се среќаваат со цел да се изгради […]