Експлозија во Москва – тројца загинати


Експлозија ја потресе улицата Елетскаја во јужна Москва во вторник вечерта, при што загинаа три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција (ДСП), соопшти Рускиот истражен комитет. Според официјално соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на полициско возило. Кога ѝ се приближиле за да ја идентификуваат и да ја приведат, експлозивната направа […]

Арсенал последен полуфиналист во Лига купот


Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа го совладаа градскиот ривал Кристал Палас на пенали со 8-7 во четвртфиналниот дуел на стадионот „Емирати“. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали. Трагичар во редовите на Кристал Палас беше […]

САД им забранија влез на поранешниот еврокомесар Тиери Бретон и на четири други лица за наводна цензура на американски ставови


Соединетите Американски Држави воведоа забрана за влез за пет лица поради наводна цензура на американските интернет платформи, објави денес американскиот Стејт департмент. Забраната за влез се однесува на поранешниот француски комесар на ЕУ, Тиери Бретон, кој се смета за еден од архитектите на Законот за дигитални услуги на ЕУ, законот што ги регулира онлајн платформите. […]

Актерката Ана Левајковиќ-Бошков одбележува 30 години актерска кариера


 Актерката Ана Левајковиќ-Бошков денеска со настап во култната претстава „Црвенкапа“ на сцената на Театарот за деца и младинци ќе одбележи 30 години актерска кариера.  Вработена во Театарот за деца и младинци од 1995 година, Ана Левајковиќ-Бошков во својата богата професионална биографија има остварено 56 улоги во матичниот театар, оставајќи длабока и трајна трага во македонскиот […]

Боливија го отвора небото за компании за сателитски интернет, вклучувајќи го и Старлинк


Ла Паз – Боливискиот претседател Родриго Паз Переира вчера изјави дека оваа јужноамериканска земја ќе се отвори за компании за сателитски интернет, вклучувајќи го и Старлинк на Елон Маск, во обид да се гарантира поврзаност на целата земја, јави ДПА. Паз, центрист чии избори во октомври ставија крај на речиси дведецениските доминантно  левичарски влади, потпиша […]

Зошто Трамп сака САД да го контролираат Гренланд?


Претседателот Доналд Трамп пред два дена потврди дека на САД им е потребен Гренланд за нивната национална безбедност и рече дека новоназначениот специјален пратеник ќе „ја предводи акцијата“, предизвикувајќи остри критики од Данска и Гренланд Зошто Трамп го сака Гренланд?  Стратешката локација и ресурсите на Гренланд би можеле да бидат од корист за САД. Островот […]

Франција ја призна електронската музика како „нематеријално културно наследство“


Париз – Официјално е: Ер, Касиус, Дафт Панк, Џастис и големиот Жан-Мишел Жар се столбови на француската култура. Електронската музика е додадена во националниот инвентар на нематеријално културно наследство, како признание дека уметничката форма го обликува уметничкиот идентитет на Франција. Специјално се споменува Жан-Мишел Жар, кој, во доцните 20-ти години, го создаде ремек-делото Oxygène, албум […]

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет


Рим – Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“. „Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот“, рече […]

Тејлор Свифт донира 1 милион долари за гладните семејства за празниците


Прашање…? Која поп-ѕвезда великодушно донирала голема сума за да им помогне на гладните семејства да имаат храна пред празниците? Одговор: Тејлор Свифт. „Хранење на Америка“ – непрофитна организација која работи на тоа да им помогне на сите на кои им е потребна храна да ја имаат и работи на подобрување на безбедноста на храната за […]

„Акција на годината“ за Комерцијална банка: Македонската берза ги додели годишните награди


На свечена церемонија во Скопје синоќа беа доделени Годишните награди на Македонската берза за 2025 година. Наградата за акција со најголем промет беше доделена на Комерцијална банка, додека акција со најголем пораст на цена годинава е Макпетрол АД Скопје. Акција со најголем пораст на промет, пак, е Стопанска банка АД Скопје. Во категоријата за остварувања […]

Врховниот суд на САД го блокираше обидот на Трамп за распоредување на Националната гарда во Чикаго


Вашингтон – Врховниот суд на САД денеска му стави на претседателот Доналд Трамп нова пречка во неговите планови за распоредување на Националната гарда во Чикаго. Врховниот суд го отфрли итното барање на американскиот претседател со кое се тој иницираше суспензија на одлуката на понискиот суд со која привремено се забранува употребата на трупи на Националната […]

Заминувањето на Васил Рингов: Крај на една ера за македонскиот фудбал


Смртта на Васил Рингов на 70-годишна возраст означува крај на една од најзначајните епохи во македонскиот фудбал. Како легенда на ФК Вардар и поранешен југословенски репрезентативец, неговото наследство ги надминува границите, симболизирајќи го златниот период на скопскиот клуб и неговото меѓународно влијание во осумдесеттите години. Повеќе за Васил Рингов тука

Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025


 Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да се донесат конечни одлуки за пет предмети. Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите […]

Изложба „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруновски


 Во Мултимедијалниот центар Мала станица вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на академскиот скулптор Ангел Коруовски. Националата галерија информира дека оваа серија на дела насловени „Лица“ е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Преку синтеза на колаж, гест, […]

Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието


Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина.  Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот […]

Без вода делови од општините Центар и Гази Баба


Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улицата „13 Ноември“ во општината Центар и корисниците на дел од населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, а од 10 часот и дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ (потегот од „Ленинова“ до „Орце Николов“) во општината Центар. Од ЈП Водовод […]

Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка


Намалена видливост до 50 метри поради магла утрово има на планинскиот премин Стража, а слаб снег проверјува на Попова Шапка.  Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.  Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема […]

Облачно со повремен дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 24 декември 2025 година, 358-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 7 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 7 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во 9 часот и […]

Шефот на армијата на Либија загина во авионска несреќа во Турција


  Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Али Ахмед ал-Хадад, загина во авионска несреќа по напуштањето на главниот град на Турција, Анкара. Премиерот на меѓународно признатата влада на Либија во вторник вечерта потврди дека Мохамед Али Ахмед ал-Хадад загинал и дека уште четворица биле во авионот со него. „Ова следеше по трагичен и болен […]