Уставните судии гласале нерешено за пензиите, поведена е постапка за Законот за платите на судиите


Уставниот суд денеска донесе одлука за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите, со цел заштита на судската независност од извршната и законодавната власт. Ова го соопшти денеска претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по одржувањето на седницата на која уставните судии расправаа по иницијативите за поведување на […]

Зголемен обемот на поштенски услуги, но и на рекламации


На македонскиот пазар во моментот работат 29 правни лица за поштенски услуги од кои 28 со општо овластување за поштенски услуги и АД Пошта на Македонија како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување универзална услуга. Од 28-те даватели на услуги 12 работат со меѓународни услуги, три се со лиценци за домашни услуги, а 12 […]

Масар Омерагиќ: Да се обединиме пред баражот со Данска


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на средбата со медиумите порача дека ФФМ во 2025 ја исполнила целата програма што ја најави на почетокот на неговиот мандат. Тој зборуваше за изборот на нов селектор, реформите во младинските категории, стабилизацијата на финансиското работење, судиските стандарди, инфраструктурните проекти и понатамошната реорганизација. Омерагиќ истакна дека во […]

Славески: Монетарната политика останува непроменета, се задржува внимателниот пристап


Народната банка од денеска почнува со примена на новата оперативна монетарна рамка која како основен инструмент ги користи благајничките записи со рочност од седум дена наместо досегашната поставеност, која како основен инструмент ги користеше благајничките записи со рочност од 42, односно 49 дена. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески на денешната прес-конференција посочи дека модернизацијата […]

Дончевски и Панчев се простија од Васил Рингов


Веста за заминувањето на Васил Рингов длабоко го потресе фудбалскиот свет, а денес со емотивно писмо се огласи и човекот кој најдобро го познаваше неговиот карактер и лидерство, неговиот тренер и пријател, Андон Дончевски. „Повеќе од големо фудбалско име“ За Дончевски, Рингов не беше само играч во формацијата, туку десната рака на теренот во времињата кога Вардар […]

Мицкоски рече дека некои медиуми биле „талог на општеството“


  Премиерот Христијан Мицкоски не сака да биде уредник на медиумите, но денеска оцени дека дел од нив биле „талог на општеството“ и повторно побара да пишуваат за „убави работи“. На Форумот на повратници во државата што се одржа во Владата говореше заедно со повеќе поранешни иселеници кои се вратиле во државата изминативе години и […]

Ники Минаж го избриша Инстаграм по контроверзниот гаф со Трамп и Венс


По недели контроверзии и жестоки критики на социјалните мрежи, Ники Минаж се чини дека презеде драстичен чекор – го избриша својот Инстаграм профил. Популарната раперка беше критикувана поради нејзините политички испади и незгодни изјави, што кулминираше со нејзиното исчезнување од една од најпопуларните платформи. Незгодна изјава на конзервативен митинг Сè ескалираше откако Минаж се појави […]

Проруска хакерска група презеде одговорност за нападот врз Француската пошта


Проруска хакерска група ја презеде одговорноста за големиот кибернапад врз Француската пошта, поради што беа прекинати испораките неколку дена пред Божик. Групата „Нонејм057“ (Noname057) ја презеде одговорноста за нападот врз Француската пошта. „Нонејм057“ е обвинеа и за други кибернапади во Европа, вклучително и за напад врз Самитот на НАТО, што во јуни се одржа во […]

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата […]

„Со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски“: Комеморација во Драмски


„Кога заминува актер, не заминува само човек, заминува цел еден свет, цел еден  универзум што тој го создавал на сцена. Со силен аплауз да го испратиме универзумот на Лазе Манасковски“- со овие зборови во името на македонското глумиште директорот на Драмски театар Скопје, Роберт Вељановски, му оддаде последна почит на истакнатиот македонски театарски, филмски и […]

Потврда за отчетноста и отвореноста: „Реплек“ ја освои наградата за најтранспарентна компанија на Македонската берза


„Реплек АД Скопје“ годинава е добитник на престижната награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво, по избор на медиумите, што традиционално ја доделува Македонската берза за хартии од вредност. Ова признание се врачува на крајот на годината и ја означува доследната, отворена и квалитетна комуникација на компаниите котирани на берзата, како и високите стандарди […]

Сириска црква го слави Божик неколку месеци по бомбашкиот напад


  ДВЕИЛА, Сирија — Во црква во Сирија каде што во јуни во самоубиствен напад загинаа 25 лица, стотици верници се собраа пред Божик за да се сетат на оние што ги загубија и да ја потврдат својата вера. Со мал број безбедносни сили кои стоеја надвор, членовите на црквата Мар Елијас одржаа миса во […]

Грција трпи поради блокадите – откажани и до 50 отсто од резервациите во зимските дестинации


Атина – Поради блокадите на земјоделците низ цела Грција и отежнатиот сообраќај од почетокот на месецов, во некои популарни зимски дестинации во земјата, откажани се и до 50 отсто од резервациите за празничниот период, пишуваат грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот „Та неа“ објави дека според хотелиерите од повеќе региони во централна […]

Николоски „прати“ писмо до градоначалникот на Вевчани – да го однесе „Македонска пошта“


Да бидеме фер и отворени – многу е лесно да се земе делот од пазарот што е профитабилен и што одговара, а Македонска пошта да има општествена одговорност – писмото што јас денеска му го праќам на градоначалникот на Вевчани да го однесе во услови кога никој друг не го прави тоа. За ова ќе […]

МОН воведе ромски образовни медијатори и во средното образование


Откако минатата учебна година беше зголемен бројот на ромски образовни медијатори во основното образование од 40 на 50 лица кои им помагаат на младите Роми да се вклучат во воспитно – образовниот процес и да нема осип на ученици од училиштата, оваа година за прв пат, Министерството за образование и наука воведе ромски образовни медијатори […]

Мелони: 2025 година беше тешка, но не грижете се бидејќи 2026 година ќе биде полоша


Италијанската премиерка Џорџија Мелони им порача на вработените во премиерската канцеларија во Палацо Чиги да се одморат добро за време на божиќните празници, додавајќи дека ќе им треба пред предизвикувачката работна година. „Минатата година беше тешка за сите нас, но не грижете се бидејќи следната година ќе биде уште полоша“, рече Мелони. Таа им кажа […]

Намалена видливост поради магла на патните правци Гајре – Попова Шапка и Штип – Неготино кај Серта


Намалена видливост поради магла до 30 метри има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и до 100 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Слаб снег што не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

Жената зад некои од најголемите љубовни рок песни


Можеби е сон на многу млади жени да им посветат песна . За една жена особено, почестите се навидум бескрајни. Родена на 17 март 1944 година, Пати Бојд е една од врвните модели на кои им се припишува помагањето во создавањето на оригиналниот „лондонски изглед“. За време на нејзиното владеење со модата и убавината во […]

Зеленски ги откри сите точки од мировниот план за Украина. Клучните прашања не се решени


  Украина доби некои отстапки во најновата верзија на нацрт-планот на САД за ставање крај на руската инвазија, кој го откри претседателот Володимир Зеленски, иако клучните прашања остануваат околу територијата и дали Москва би можела да ги прифати новите услови. Планот од 20 точки, договорен од американските и украинските преговарачи, беше разгледуван од Москва, но […]

Промоција на „Она што се памети живее“ во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија на 26.12.2025 г. во 18 часот ќе биде промовирана книгата „Она што се памети живее“ („Никогаш докрај раскажани приказни“) – збирка раскази што го чествува споменот на автори, поети и писатели, поранешни членови на Друштвото, на кои со радост и со уважување се сеќаваме. Со оваа промоција, Друштвото на писателите на […]