Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка


 Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6  степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, […]

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска


Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во Пореч против Хрватска го игра првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе трет ден се во Хрватска, каде го одработуваат вториот дел од подготовките. Според првичниот договор со домаќинот Хрватска ќе биде одигран еден натпревар, а потоа националниот тим […]

Трет мобилен оператор официјално се очекува на почетокот на 2026


Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се најчестите причини поради кои граѓаните лани се обратиле до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со барање за решавање спор. До регулаторното тело годинава пристигнати се 346 барања за решавање спор наспроти 363-те регистрирани во 2024 […]

Белградска „Политика“ објави опсежна рецензија за романот „Столб што пее“ од Томислав Османли 


Во најновиот број на прилогот „Култура, уметност и наука“, белградскиот весник  „Политика“ под насловот „ Ода кон источниот Медитеран “ објави осврт кон српското издание на романот „Столб што пее“ од Томислав Османли. Романот, во превод на писателот и преведувач Сашо Огненовски, неодамна го објави новосадското книгоиздателство „Агора“ . По подеднакво содржајната рецензија објавена пред три месеци во угледниот […]

„Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”- музичка вечер за Зафир Хаџиманов во Белград


Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград се одржа музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов. Настанот го отвори директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, кој се осврна на културата на сеќавање кон големиот бард на културата Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство што го остави како на македонската, така и на српската култура. „Јас сонувам, […]

Што донесоа договорите за слободна трговија на ЕУ на божиќните трпези на Европејците


Благодарение на договорите за слободна трговија што Европската Унија ги склучи со трети партнери, на овогодишните божиќни трпези на Европејците се најдоа некои прехранбени производи по пониски цени. Ова уште еднаш потврдува дека она што се случува и одлучува во Брисел влијае и на она што завршува во плакарите и фрижидерите и на трпезите на […]

Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, постои опасност да го загуби видот


Тирана – Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан викендов на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите. Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички […]

Косово денеска избира нов парламент, вторпат за 11 месеци


Приштина – Косово денеска ќе избере нов парламент, втор пат за 11 месеци, при што левоориентираното движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти останува јасен фаворит за победа, јавува ДПА. Предвремените избори беа неопходни бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9 февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот. Оттогаш, […]

Македонското радио одбележува 81 година од постоењето


Македонското радио денеска одбележува 81 година постоење. На овој ден – 28 декември во 1944 година, Македонското радио ја почнува својата мисија со познатото, „зборува радио Скопје“ или во оригинал „зборуе радио Скопје, зборуе радио Скопје“ изговорени во етерот од Владо Малески, писател и борец во НОВ, и потоа растеше од ден во ден. Во […]

Колку Регулатива за безбедност на играчките на ЕУ реално ги штити децата


Брисел – Евтини играчки од пластика што содржи опасни хемикалии и предизвикува хормонални нарушувања или иритации на кожата, разни кадифени животни и токсични балони, се само некои од играчките кои според правилата на ЕУ претставуваат ризик за безбедноста на децата и нивната продажба е забранета во Унијата. ЕУ во 2025 година ја ревидираше својата Регулатива за […]

„Силјан“ конечно „слетува“ на црвен килим во Скопје


После американската премиера во Њујорк, како и британската во Лондон, „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска ќе ја доживее својата свечена премиера во Скопје. На 4. јануари (недела) во 20.30, во МНТ ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар пред домашната публика која нетрпеливо го чека ова наградувано дело. МНТ за првпат ќе […]

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност


Времето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 28 декември 2025 година, 362-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 3 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минутa, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Бурата Јоханес остави 40 илјади домаќинства без струја во Шведска


Во северна Шведска бурата Јоханес со многу силни ветрови, остави над 40 илјади домаќинства без струја. Снежните врнежи и силните ветрови се особено истакнати во северните делови на земјата, а бурата се шири брзо. Портокалови и жолти предупредувања за временските услови се издадени во целото кралство, а локалните медиуми известуваат за ветрови од над 41 […]

Кирил Темков, филозоф и етичар, почина на 82 години


  Кирил Темков, едно од најпознатите имиња во интелектуалниот свет на Македонија многу децении, филозоф и етичар, почина денеска во Скопје на 82 години. Генерации студенти на Филозофскиот факултет ја добија својата наобразба под своевидното менторство на Темков, на кои им претставуваше, па дури и всадуваше што значи етиката во нивниот ангажман, а и во […]

Родителите од Кочани на уште еден протестен марш. Новата година ќе дојде без нивните чеда


  Во Кочани денеска се одржа 35. „Марш за ангелите“ на родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На маршот се обратија некои од родителите.  Таткото на загинатата Надица Наунова, која утре требаше да го слави 18 роденден. Таткото во емотивен и потресен говор ја искажа неописливата болка во која сега живее неговото […]

„Чуварот на тајните“ на Путин почина ненадејно откако беше сменет


  „Чуварот на тајните“ на Владимир Путин почина на католични Божик, помалку од две години откако рускиот претседател го отпушти. Генерал-полковник Јуриј Садовенко, 56, почина ненадејно од „срцева болест“во Москва, според руските новински агенции. Садовенко беше заменик-министер за одбрана повеќе од една деценија пред тој и поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу да бидат […]

Во СДСМ почна итна постапка за исклучување од партијата на Јован Деспотовски


  СДСМ денеска во соопштение го обвини Јован Деспотовски дека е петтоколонаш, предавник одвнатре кој сака да ја ослаби партијата преку медиумска кампања. „Целата акција е спроведена поради вртоглавиот пад на поддршката од граѓаните за коалицијата ВМРО-ЗНАМ, откако на виделина излегоа тајните планови за ‘мигранти за пари’, изолацијата на Македонија и криминалните активности што ги […]

Јован Деспотовски го критикува раководството на СДСМ


  Поранешниот кандидат за претседател на СДСМ и негов долгогодишен член, денеска го критикуваше раководството на партијата по соопштението дека ќе почне почне постапка за негово исклучување од партијата. „Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Во сите јавни настапи сум бил […]

Видео-конференција меѓу врховниот командант и нашите мировници во странство


  Со видео-конференциска врска која ги премости километрите меѓу татковината и меѓународните мисии, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално беше одбележан претстојниот почеток на новата година. Додека децата на македонските мировници во странство ги примаа своите новогодишни пакетчиња, државниот и воениот врв упати пораки на благодарност до припадниците на Армијата во Косово, Босна, […]