Најмалку 13 загинати во железничка несреќа во Мексико


 Најмалку 13 лица загинаа кога воз со 250 луѓе излета од шините во јужната сојузна држава Оахака, соопштија мексиканските власти. Мексиканската морнарица во соопштение наведе дека 13 лица го загубиле животот во несреќата, а 98 се повредени, од кои 36 лица се задржани на болничко лекување. Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум изјави дека пет лица се […]

Прв македонски етимолошки речник во издание на Институтот за македонски јазик


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска на прес-конференција ќе информира за објавувањето на првиот том од првиот Македонски етимолошки речник. Автор на речникот е проф. д-р Гоце Цветановски. – „Македонскиот етимолошки речник“ е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа […]

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида


Средбата со висок влог меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида заврши доцна синоќа без значаен пробив, иако двајцата лидери истакнаа дека е постигнат напредок кон мировен договор меѓу Украина и Русија. На прес-конференцијата по разговорите во приватната резиденција на Трамп, Мар-а-Лаго, американскиот лидер рече дека договорот „би можел да […]

Концерт „Виртуози на хорна“ во Филхармонија


Во малата сала на Филхармонија вечер со почеток од 19 часот ќе се одржи концерт насловен „Виртуози на хорна“ на кој ќе настапат реномирани хорнисти од земјава и регионот.  Покрај Благоја Василевски, на регионот ќе настапат Михајло Булајиќ (прва хорна во Лондонски Симфониски Оркестар и оркестар на РТВ Словенија), Никола Чириќ (прва хорна Белградска Филхармонија), […]

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет


Собранието денеска ќе го разгледува дополнетиот предлог на Законот за Судскиот совет во второ читање. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет. Клучни новини кои се предвидени со законот се јавност во постапката за разрешување на претседател […]

Сончево и студено време со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два степени, а максималната ќе достигне од пет до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала […]

(Видео) Драматични сцени во делови од Европа: Поројни дождови однесоа сè – има исчезнати!


Обилните дождови предизвикаа поплави во јужните и источните шпански провинции за време на викендот, при што едно лице загина, а две се водат како исчезнати во неделата навечер, бидејќи поројните дождови однесоа автомобили и мотоцикли. Властите ги предупредија жителите да останат во затворен простор. ⚠️ 14:30 h. Situació a Barxeta (la Costera). El riu de […]

Партијата на Албин Курти на чекор до апсолутно мнозинство на изборите


  Официјалното пребројување на гласовите од изборите во Ксово во неделата покажува поинаков распоред на силите од излезните анкети. Според избројаните ливчиња од 2.351 избирачко место од вкупно 2.557 Самоопределување на досегашниот премиер Албин Курти ја надмина клучната граница и има поддршка од 50,1 отсто од гласачите. Излезните анкети предвидуваа дека партијата ќе освои 44 […]

Вучиќ попушти пред студентите, Србија оди на избори


Притисокот од студентските блокади во Србија вечерва доби политичка разврска што власта ја претставува како „прифаќање на барање“, а опозицијата и демонстрантите како резултат на уличната мобилизација. Претседателот Александар Вучиќ, обраќајќи се пред Домот на Народното собрание во Белград, изјави дека „е прифатено главното барање на блокадерите“ и дека следната година ќе бидат распишани вонредни […]

(Видео) Затрупани од снежна бура: Куќи и автомобили исчезнаа под снегот, сцените се неверојатни


За само 24 часа, во некои области падна до метар и половина нов снег, а погоден беше и популарен скијачки центар. Силна снежна бура што ја погоди северозападна Италија за време на божиќните празници доведе до целосна блокада на делови од италијанскиот регион Пиемонт, особено во областа на Поморските Алпи. Обилните врнежи од дожд траеја […]

Кардашијан- Џенер со нова божикна традиција, еве што се смени


Ја следевме Бадниковата забава на Кардашијан Џенер доволно долго за да знаеме кога нешто ќе се промени. Оваа година, промената не беше драматична или најавена. Се појави на парчиња. Помал собир. Внимателно стилизирани изгледи. И одделни, потивки празнични моменти споделени на социјалните мрежи кои ги пополнија празнините околу главниот настан. Земено заедно, се чувствуваше како […]

„Самоопределување“ освои најмногу гласови на денешните избори во Косово


Приштина – Најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа денеска во Косово освои движењето „Самоопределување“ – 44,1 процент, според излезните анкети. На второ место е Демократската партија на Косово со 23,9 проценти од гласовите, додека на трето место е Демократскиот сојуз на Косово со 16,1 процент од гласовите. Алијансата за иднината на Косово […]

Дали пиевте премногу за празниците? Еве колку време му е потребно на вашиот црн дроб да се опорави


Католичкиот Божик е зад нас, а во деновите помеѓу празниците и Нова Година, многумина ќе се борат со последиците од прекумерната консумација на алкохол. Без разлика дали станува збор за дружење со пријатели, чаша пиво со божиќен ручек или неколку премногу греани вина, алкохолот е неопходен дел од празничната атмосфера за многумина. Додека се опуштаме […]

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов


На денешната комеморација одржана во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар веќе поднел иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да се преименува и да го носи името на Васил Рингов. Легендата на Вардар одигра преку 200 натпревари во „црвено-црниот“ дрес и има постигнато 93 голови. Вардарци во хотелот „Хилтон“ ја одржаа комеморативната седница […]

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 12 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин. АМСМ препорачува прилагодена брзина на […]

Филипче го следат, обвини СДСМ


Денеска беше објавена фотографија од претседателот Венко Филипче од аеродром. Покрај обидот за јавен линч, денеска практично признаа и дека вршат притисок преку следење. Ова е многу добро познатата школа на Никола Груевски, кога сите безбедносни служби беа ставени во функција на следење на опозицијата, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го објавува интегрално.  […]

Три ирански сателити лансирани во вселената со помош на руски ракети


Техеран – Три ирански сателити се лансирани денеска во вселената со помош на руски ракети „Сојуз“, објавија иранските државни медиуми. Иран во последните години сè повеќе се потпира на својот сојузник Русија за испраќање сателити во орбитата. Се вели дека последните три ќе придонесат за следење на развојот на земјоделството, природните ресурси и животната средина. Овие […]

Ги дупнале гумите на 34 возила на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче


Триесет и четири патнички возила биле оштетени на паркинг на булеварот „АСНОМ“, а вкупната материјална штета е проценета на околу 11.000 евра, информираат од МВР.   – Денеска (28.12.2025) во СВР Скопје  е пријавено дека во периодот од 23 часот на 27.12.2025 до 9 часот на 28.12.2025 на паркинг простор на бул „АСНОМ” е извршено оштетување […]

Брижит Бардо и Сен Тропе, тоа беше долга љубовна приказна!


Секс-симбол на 1950-тите и 1960-тите, муза на своето време, симбол на еманципацијата на жените и сексуалната слобода, Брижит Бардо ги револуционизираше обичаите, преминувајќи од девојче во femme fatale, слободна и провокативна, наивна и бесрамна, во многу конзервативна повоена ера. Со 48 филмови на нејзина сметка и повеќе од 80 песни во нејзината 21-годишна кариера, Брижит […]

Ограничен број билети во продажба за премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ


За македонската свечена премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, пуштен е во продажба ограничен број билети. Премиерата ќе се одржи на 4. јануари 2026 година, во 20:30 часот, во Македонски народен театар, каде филмот за првпат ќе биде прикажан пред домашната публика по своите меѓународни премиери и фестивалски успеси. Филмската екипа на “Силјан” […]