Облачно со локален дожд


 Времето денеска во земјава ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе […]

Рубио и Лавров нема да учествуваат на годишниот состанок на ОБСЕ


Највисоки дипломати од десетици земји ќе присуствуваат на годишниот состанок на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува денеска и утре во Виена. Како што пренесе ДПА, САД и Русија нема да бидат претставени на највисоко ниво. Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи […]

Во македонскиот КИЦ во Софија концерт на квинтетот „СаксКлар“


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи концерт на квинтетот саксофонисти – „СаксКлар“. Македонските музичари пред софиската публика, преку аранжманите на Нинослав Димов специјално подготвени за овој неконвенционален музички камерен ансамбл, ќе се претстават со исклучителен репертоар, кој вклучува разни музички стилови, и ќе ги задоволат сите сетила и вкусови на љубителите на […]

Трамп нареди антиимигрантска операција во Њу Орлеанс


 – Американските службеници за имиграција започнаа операција за апсење на нелегални имигранти во Њу Орлеанс, соопштија денес федералните службеници, со што градот стана најнова цел на новата заострена имигрантска политика на претседателот Доналд Трамп. Американското Министерство за внатрешна безбедност објави дека операцијата ќе биде насочена кон криминалци кои се ослободени од локален притвор. Имено, тие […]

Предавање на германскиот професор Антолин за предисториските локалитети во земјава


Германскиот проф. д-р Феран Антолин од Германскиот археолошки институт денеска ќе одржи предавање на Филозофскиот факултет при УКИМ. Антолин е еден од водечките светски археоботаничари и повеќе години работи на неколку предисториски локалитети во Македонија. Оттука и насловот на неговото предавање „Dehusking Early Farmers: what archaeobotany is teaching us about the Neolithic in Pelagonia and […]

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии


Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување на Законот за […]

Медиуми: За денеска закажани дополнителни разговори меѓу Украина и САД


Американските претставници се очекува денеска да ја брифираат украинската делегација во Флорида за нивните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва два дена претходно, јавија американските медиуми. Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, планираат да се сретнат со главниот украински преговарач Рустем Умеров во Флорида, […]

Вицепремиерот Николоски учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Брисел, при што денеска ќе учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ што го организира бриселскиот тинк-тенк Пријатели на Европа, а утре и на Министерскиот совет на Транспортната заедница. Николоски синоќа присуствуваше на настан организиран од Пријатели на Европа за учесниците на „Самитот ЕУ-Западен […]

Мадуро го опиша телефонскиот разговор со Трамп како срдечен и полн со почит


Венецуелскиот лидер Николас Мадуро вчера првпат коментираше за неговиот неодамнешен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, опишувајќи го како полн со почит и срдечен. – Добив повик и разговарав со претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, рече Мадуро во обраќање емитувано на државната телевизија. Мадуро информира дека разговорот се одвивал „во тон на почит“ […]

Генералното собрание на ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца, 11 земји гласаа против


Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање на сите украински деца присилно преместени или депортирани за време на војната во Украина и се повикува Москва да престане со таа практика. Резолуцијата беше усвоена од 91 земја-членка на Генералното собрание на ОН, вклучувајќи […]

Владеењето на правото и законите за медиумите во фокусот на Нацрт-заклучоците на Советот на министри на ЕУ за Србија


Србија треба значително да ги забрза реформите во областа на владеењето на правото и доследно да ги спроведува усвоените закони за медиумите и единствениот избирачки список, се нагласува во нацрт-заклучоците на Советот на министри на ЕУ за Србија и политиката на проширување, јави РТС. Нацрт-документот потсетува на оценката на Европската комисија дека Србија е технички […]

Кој ќе ја наследи Ковеши: Европарламентот за свој кандидат за нов јавен обвинител на ЕУ го избра Андрес Ритер


Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент синоќа го избра Андрес Ритер за свој префериран кандидат за нов прв човек на Европското јавно обвинителство. На тајното гласање во Комитетот, Ритер добил 46 гласа на европратениците, двојно повеќе од останатите тројца кандидати за функцијата јавен обвинител на ЕУ. Како што соопшти ЕП, […]

Стефано Санино заминува во „предвремена пензија“ по скандалот со Колеџот на Европа


 Генералниот директор за Блискиот Исток, Северна Африка и Персискиот Залив при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Стефано Санино најави дека предвремено ќе се пензионира, откако беше опфатен со истрагата околу сомнежите за злоупотреба на средствата на ЕУ околу договорот за обука на идни дипломати во Колеџот на Европа во белгискиот град Бриж. Во рамки […]

Камерите од „Сејф сити“ уловија рекордер – возел 231 километри на час


Камерите од системот „Сејф сити“ го регистрираа рекордерот во брзо возење – 231 км/ч на скопската обиколница на први декември, открија во гостувањето на ТВ Телма началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов и државниот советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Владимир Велковски. Податоците кои се добија за само […]

Бугарите повторно на улица, врие во целата држава


 Бугарија е во најголемата политичка криза во последните две години. Масовните граѓански протести што почнаа како реакција на контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, за кратко време прераснаа во барање за итна оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и за предвремени парламентарни избори. Вечерва, како и вчера, илјадници граѓани излегоа на улиците во Софија и […]

Гутереш: Крајот на војната во Украина мора да биде во согласност со меѓународното право


Крајот на војната во Украина треба да биде во согласност со меѓународното право, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. – Верувам дека сè уште сме далеку од решение, рече Гутереш на конференцијата „Ројтерс некст“ во Њујорк. Гутереш додаде дека САД одиграле клучна улога во отстранувањето на пречките за испорака на помош во […]

Неверојатната Лего куќа во Билунд, Данска (видео)


Тоа е зграда од 12.000 квадратни метри исполнета со 25 милиони Лего коцки, во близина на Леголенд и седиштето на Лего групацијата. Позната е и како „Куќа од тули“ во Билунд, од каде што потекнува Лего. Целта на дизајнот на Лего куќата беше да го одрази брендот Лего. Зградата се состои од дваесет и еден […]

Бројни роботи презентирани на саемот во Јапонија, некои од нив чистат, танцуваат и служат (видео)


Во Јапонија се одржува саем за роботи, а посетителите можат да видат различни видови на овие машини во акција и да комуницираат со нив. Роботите што пристигнаа на саемот демонстрираат различни способности, од спасување мачки, чистење, сервирање, поместување предмети, танцување до интеракција со луѓе. Пример е роботот Калеидо 9, кој „спасува“ мачка и ја предава […]

ФИФА воведува Награда за мир. Дали Трамп прв ќе ја добие?


ФИФА, светското управно тело на фудбалот, претстави сосема нова „Награда за мир“, наменета да им оддаде признание на поединци чии напори промовираат единство и добра волја. Првиот добитник ќе биде објавен овој петок, 5 декември, за време на извлекувањето за Светското првенство во 2026 година во Вашингтон, настан што со нетрпение ќе го следат милиони […]

Принц Ендрју сепак ќе добие шестоцифрена отштета за предвремено напуштање на Ројал Лоџ 


Лондон – На Британецот Ендру Маунтбатен-Виндзор, поранешен принц и војвода од Јорк, ќе му биде одбиена шестцифрена исплата на отштета за неговото предвремено иселување од вила со 30 соби во имотот Виндзор поради нејзината состојба, соопшти кралскиот имот. Кралскиот  имот додаде дека иако не верува дека „нема нужно да се должи никаква отштета“, Ендру ќе […]