Ахмети најави протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК обвинети во Хаг за воени злосторства


Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг ќе се одржи во Скопјe на 13 декември. Ахмети истакнал дека протестот ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скедербег“. „На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме […]

Во Свети Николе изградена кафеана на нива – си работела без дозвола; до градинка пак, нема пат


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Свети Николе, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на општината и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, […]

Џастин Трудо и Кети Пери се држea за раце во Токио


Токио – Романсата на Џастин Трудо и Кети Пери е сè уште силна, бидејќи двојката беше забележана во Токио. Неодамна направените фотографии ја покажуваат двојката на ноќна прошетка, држејќи се за раце. Џастин Трудо и Кети Пери забележани заедно во Токио Кети Пери уживаше во вечерен состанок во Токио со Џастин Трудо, непосредно пред нејзиниот […]

(ВИДЕО) Поставена светлосна сигнализација во Автокоманда, Железара и Триангла


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски синоќа сподели дека е поставена светлосна сигнализација во Автокоманда, Железара и Триангла, и дека денеска ќе продолжат и во другите населени места. „Започнавме со поставување светлосна сигнализација на пешачките премини. Овој чекор не е само техничка обнова, туку јасна порака дека безбедноста на граѓаните е наша најголема грижа и […]

Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор


Лос Анџелес – Околу две години по смртта на ѕвездата од „Пријатели“, Метју Пери, суд во Калифорнија го осуди Салвадор Пласенсија – еден од неговите лекари, на две и пол години затвор. На осудениот, исто така, му е изречена казна од 5.600 долари, објави „Лос Анџелес тајмс“. Инаку, 43-годишниот доктор претходно призна дека го снабдил […]

„Оние работи: Есеи за женската сексуалност“- промоција на книга од Јасна Јасна Жмак


Тиииит! Инк. Ве поканува на промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од хрватската авторка Јасна Јасна Жмак,  ќе се одржи на 9 декември од 19:30 часот, во просторот „Netaville“ на ул. Никола Тесла бр. 9, во Скопје.   „Оние работи“ претставува збирка есеи во кои Жмак се занимава со теми за кои општеството често молчи: женското тело, […]

Мицкоски оздраве, ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините финансирани од Владата


Прес службата на Владата извести дека денеска 04.12.2025 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во Клубот на пратеници, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините финансирани од Владата, што ќе биде нов начин на транспарентен увид и комуникација со граѓаните […]

Топаловски: Системот „Безбеден град“ нема да казнува ако возачот навистина спасува живот и вози со 4 трепкачи


Во гостувањето во емисијата „Претрес“, началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, појасни дека системот „Сејф сити“ ќе прави разлика меѓу реални итни ситуации и прекршоци, нагласувајќи дека нема да се казнуваат возачи кои имаат оправдана причина да возат со четири трепкачи. „Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот […]

Макрон и Си потпишаа 12 договори за соработка, разговараа и за Украина


Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на Кина, го повика кинескиот лидер Си Џинпинг да соработува поблиску на геополитиката, трговијата и животната средина, бидејќи Европската унија бара помош од Кина за да се стави крај на војната во Украина, а Пекинг бара дипломатски успех поради американските царини. Голема бизнис делегација го придружува Макрон […]

Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија


Најниска температура од 3 степени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Маврови Анови, соопшти УХМР. Следат Kрушево и Лазарополе со 4 степени, 6 во Скопје-Петровец, Tетово, Прилеп, Крива Паланка, и во Претор, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Струмица и во Гевгелија, 8 во Кавадарци, Куманово и Велес, 9 Виница, Охрид, Штип и 10 степени […]

Трамп го помилува демократскиот конгресмен од Тексас, Хенри Куелар, и неговата сопруга, обвинети за примање поткуп


Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги помилува умерениот демократски конгресмен  Хенри Куелар од Тексас и неговата сопруга Имелда откако беа обвинети за примање мито. Трамп рече дека им дава „целосно и безусловно помилување“, опишувајќи го 70-годишниот Куелар како „омилен“ претставник кој служи во Конгресот повеќе од две децении.  Куелар, кој претставува област на границата меѓу Тексас […]

Поранешен сопственик на Порнхаб сака да го купи Лукоил


 Австрискиот бизнисмен Бернд Бергмаир, поранешен мнозински сопственик на групација за индустрија за забава за возрасни, во која спаѓа и сајтот Порнхаб, се обратил до американското Министерство за финансии во врска со купување на меѓународните средства на руската нафтена компанија Лукоил, која е под санкции. САД воведоа санкции за Лукоил, најголемиот приватен производител на нафта во […]

Крал Чарлс: Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од натамошна руска агресија


Британскиот крал Чарлс изјави дека Велика Британија и Германија се подготвени да „ја поддржат Европа во услови на закана од натамошна руска агресија“. Зборувајќи на државниот банкет во чест на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кралот го пофали заедничкиот одбранбен договор меѓу двете земји, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, пишува Скај њуз. На […]

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози


Сообраќајот утрово на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Надзорно тело на Пентагон утврди дека користењето на Сигнал од страна на Хегсет претставувало ризик за американските војници


 Внатрешна истрага на Пентагон утврди дека ракувањето со чувствителни воени податоци од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во март претставувало значителен ризик за војниците, јавија американските медиуми. Телевизиите, меѓу кои и Еј-Би-Си Њуз и Си-Ен-Ен, јавија дека истрагата на генералниот инспектор на Пентагон заклучила дека Хегсет споделил високо чувствителни оперативни детали преку […]

Флота воени британски и норвешки бродови ќе лови руски шпионски бродови


  Велика Британија и Норвешка ќе потпишат одбранбен пакт со кој нивните морнарици ќе управуваат со комбинирана флота на воени бродови за да ловат руски подморници во Северниот Атлантик. Договорот е насочен кон заштита на критичните подморски кабли кои се под зголемена закана од Москва, при што е забележан пораст од 30 отсто на руски […]

Бугарскиот парламент го отфрли повикот на претседателот Радев за референдум за усвојување на еврото


Народното собрание во Бугарија го отфрли барањето на претседателот Румен Радев за одржување референдум за тоа дали Бугарија треба да го усвои еврото во 2026 година. Пратениците го отфрлија предлогот со 135 гласови „против“, 81 „за“ и три „воздржани“, откако седницата беше прекината неколку пати, објави Новините. Со ова заврши спорот што започна во мај, […]

Путин во државна посета на Индија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја почнува дводневна државна посета на Индија, пренесе ДПА. Ова ќе биде негова прва посета на најнаселената земја во светот од почетокот на руската инвазија на Украина пред повеќе од три и пол години. По приватната вечера со премиерот Нарендра Моди по пристигнувањето, двајцата лидери повторно утре на 23-от самит […]

Група американски сенатори покренаа резолуција за блокирање на нападите врз Венецуела


 Група американски сенатори синоќа поднесоа резолуција со која ќе го принуди Конгресот да гласа во случај американскиот претседател, Доналд Трамп, да нареди напад во Венецуела. Демократските сенатори Тим Кејн од Вирџинија, Чак Шумер од Њујорк и Адам Шиф од Калифорнија, како и републиканскиот сенатор Ранд Пол од Кентаки, се повикаа на Резолуцијата за воени овластувања […]

Промоција на новиот роман од Венко Андоновски „Александар јава на Запад“’


Вечерва со почеток во 19 часот, на Малата сцена во МНТ, ќе се одржи промоција на „Александар јава на запад“, новиот роман од Венко Андоновски. -По точно три години од големиот книжевен спектакл што го одбележа пристигнувањето на „Папокот на светлината“ во Кино „Милениум“, и по големиот успех на оваа книга што досега доби 6 […]