Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“


Италијанските фудбалски прволигаши Интер и Милан официјално станаа косопственици на стадионот „Сан Сиро“, кој досега беше во рацете на градот Милано, што е клучен чекор во плановите на градските ривали за изградба на нов стадион. „Милан и Интер Милан објавуваат дека денеска потпишаа договор за купопродажба со градот Милано за стекнување сопственост на урбаната област […]

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки


Националниот парк „Маврово“ донесе одлука  за завршување на  сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки, за сезоната 2024/2025 година. -Во исто време со одлуката се воведува забрана за риболов, која стапи во сила на 1 ноември и ќе трае  до 31 јануари следната година. […]

Демократите во САД не само што се опоравија. Тие доминираа


  За демократите, вторникот вечерта се чувствуваше како одново да е2017 година. Низ целата земја, демократите победија со големи победи, од главните трки до натпревари помалку важни. Окрузите што се поместија десно пред една година се вратија налево, а предградијата што ги поттикнаа огромните победи на демократите во првата администрација на Трамп се вратија со […]

ВМРО-ДПМНЕ го нарече Извештајот на ЕУ – „извештајче“


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение призна дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е лош и него го оквалификува како метод на притисок. А во исто време тврди дека е „реален“. Во едно конфузно соопштение, ВМРО-ДПМНЕ вели дека дека „извештајот како многу пати во минатото и во други земји се користи како дел […]

„Државата е во целосен застој и оди назад“: Филипче за Извештајот на ЕУ


  Македонија е застаната и почнува да се движи назад, додека другите кандидати одат напред кон ЕУ. Вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го оцени Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ. Тој рече дека Брисел испраќа јасна порака за насоката во која се движи државата со владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Се случи […]

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука


Основниот кривичен суд Скопје соопштува дека е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост за осомничениот во случајот на тешка сообраќајна несреќа на булевар „Гоце Делчев“ кога управувајќи автомобил „фолксваген пасат” удрил во сега починатиот Јорго Ќука, кој на велосипед се движел по обележаниот пешачки премин. Мерките на претпазливост за осомничениот кој се товари за […]

Шок во Унгарија откако сојузник на Орбан го купи најчитаниот весник


  Новинарите во најчитаниот весник во Унгарија изразија шок откако медиумска група, која се смета за блиска до партијата на националистичкиот премиер Виктор Орбан, Фидес, го купи таблоидот од неговите претходни швајцарски сопственици. Купувањето, кое се случува во време кога Унгарија се подготвува за клучни избори следната година, на кои Орбан се соочува со невиден […]

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција


Министерството за образование и наука објави повици за  доделување средства во основните и во средните училишта за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни […]

„Ситуацијата е страшна“: Руските трупи зазедоа 80 отсто од Покровск


  Руските трупи го зазедоа поголемиот дел од Покровск, еден од последните големи градови во регионот Донецк, и напредуваат кон целосно опкружување на украинските единици таму, изјавија извори во украинските вооружени сили (УАС) за „Билд“. „Путин сега ги фрла сите свои сили во овој регион. Ситуацијата е исклучително тешка. Изгубивме 80 отсто од градот, сè […]

Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ на чело на Советот на Битола


  Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот претседател на Советот на Општина Битола. За Бојкоски гласаа 18 советници за, 11 беа против,  и двјаца воздржани. „Дискусијата во Советот мора да се поткрене на повисоко ниво, нема да дозволам навреди и лични пресметки. Кога има волја ќе има и резултати. Ќе успееме како обединети”, рече Бојкоски. […]

Мистеријата на Лувр: Осомничените тврдат дека зад грабежот стои странец


Еден од мажите обвинети за спектакуларниот грабеж на музејот Лувр во Париз им кажал на истражителите дека зад целиот злостор стои странец, објавува францускиот весник „Ле Паризиен“. Според наводите, осомничениот не го открил идентитетот на организаторот, но нагласил дека „странецот“ најверојатно бил клучна фигура во планирањето на кражбата. Двајца други уапсени мажи тврдат дека дејствувале […]

Со закон ќе се овозможи замена на македонска со словенечка возачка дозвола


Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи. Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но […]

Почина уште едно лице од пожарот во Тузла, бројот на жртви се зголеми на 12


  Пожарот кој избувна синоќа во Домот на пензионери во тузла, БиХ, зеде уште еден живот.   Човекот починал во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Со тоа, бројот на жртви се искачи на 12, а повредени се 35 лица, меѓу кои пожарникари и полицајци.   Како што претходно изјави главниот кантонски обвинител Ведран Алиџановиќ, четири […]

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија […]

Награда „Роксан Стојанов“ за млади балетски таленти – престој во Париз и поддршка на професионалната кариера


Францускиот институт во Скопје и Фестивалот „Танц фест“ со поддршка на Амбасадата на Франција ја востановуваат националната награда „Роксан Стојанов“ која првпат ќе биде доделена напролет. Наменета е за балетски уметници од 16 до 20 години од Северна Македонија, со цел да се поддржи нивната професионална кариера. Наградата е иницирана од балерината со француско-македонско потекло […]

Дејвид Бекам прогласен за витез за заслуги во спортот и добротворните организации


Лондон – Дејвид Бекам, еден од најславните британски фудбалери, беше прогласен за витез од кралот Чарлс во замокот Виндзор во вторник, како признание за неговиот децениски придонес во спортот и добротворните цели. 50-годишниот поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Англија ја прими честа во кралската резиденција, повеќе од 20 години откако му беше доделена посебна […]

Народна банка предвидува раст на БДП од 3,5 отсто и на инфлацијата од 3,9 отсто


Растот на домашниот бруто – производ годинава ќе достигне 3,5 отсто, а инфлацијта 3,9 отсто, предвидува Народната банка во есенските макроекономски проекции, што денес ги презентира гувернерот Трајко Славески. Во периодот 2026 – 2028 година растот би забрзал на 4%. Структурно гледано, економскиот раст ќе биде поттикнат од домашната побарувачка, додека нето-извозот би имал негативен […]

Затвореници од битолскиот затвор чистат патишта


Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции, денес започна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат. „Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на […]

Мултимедијален концерт во чест на Јохан Штраус на „Есенски музички свечености“


Во рамки на 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“, денеска во Салон 19 19 при Културниот информативен центар ќе се одржи мултимедијален концерт насловен „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска,  Концертот на гудачкиот квартет е уникатен спој на класична музика и […]

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб-страници


Министерството за дигитална трансформација објавува јавен повик до единиците на локална самоуправа и институциите од јавниот сектор во Република Северна Македонија за изработка на официјални веб страници. Повикот, како што соопштуваат од министерството, е дел од иницијативата за дигитализација на локалната самоуправа, но и подобрување на комуникацијата на јавниот сектор со граѓаните преку современи дигитални […]