Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. […]

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов денеска ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8. Церемонијата на потпишувањето ќе биде организирана на железничката станица Ѓуешево, а предвидено е да присуствуваат претставници на Европската […]

Трамп: Мајами наскоро ќе биде прибежиште за луѓето што бегаат од комунизмот во Њујорк


Американскиот претседател Доналд Трамп, за прв пат ја коментираше победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк, обвинувајќи ги демократите за „екстремизам“ и тврдејќи дека резултатот го покажува она што, според него, Демократската партија сака да направи со земјата. Зборувајќи во Мајами на Американскиот бизнис форум, Трамп рече дека победата на Мамдани, кого […]

Хрватска ќе нарача 18 хаубици Цезар од Франција


Хрватска ќе нарача 18 хаубици Цезар (Caesar) од Франција за 320 милиони евра како дел од програмата за модернизација на своите вооружени сили, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана. Се очекува нарачката, која е одобрена од Одборот за одбрана на хрватскиот Парламент, официјално да биде потпишана во декември, по формалното одобрение од Владата, соопшти Министерството. […]

Вучиќ и Зеленски разговарале како да си помагаат на патот кон ЕУ


  Српскиот претседател Александар Вучиќ и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа телефонски разговор за да разговараат за меѓусебната поддршка на патот кон Европската унија и безбедносната соработка. Лидерите го објавија ова на своите профили на социјалните мрежи. „Детално разговаравме за европската интеграција на нашите земји. Постојат области каде што можеме да си помогнеме едни на […]

Шефот на грчката пошта поднесе оставка


Планираното затворање на 204 пошти го чинеше шефот на грчката пошта (Елта), Григорис Скликас, неговата највисока функција, објави весникот „Катимерини“. Скликас поднесе оставка откако многу клиенти во понеделник дознаа дека нивните локални пошти биле затворени преку ноќ, предизвикувајќи остри критики, објави грчкиот весник. И покрај неговата оставка, владата се држи до планираното затворање на една […]

Фолксваген ќе развива сопствени чипови за вештачка интелигенција во Кина


Во трката за развој на технологија за автономно возење, германскиот автомобилски гигант Фолксваген прави значаен чекор со развивање на свои чипови за вештачка интелигенција (ВИ) во Кина. „Со дизајнирање и развој на Систем на чип тука во Кина, преземаме контрола врз клучна технологија што ќе ја дефинира иднината на интелигентното возење“, изјави извршниот директор Оливер […]

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон


Херсон – Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, поранешна пратеничка на ОН за бегалци, денеска беше во ненадејна посета на градот Херсон, на југот на Украина, пренесоа украинските медиуми. Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј […]

Мис Универзум ќе го казни „злонамерниот“ директор кој ја нарече мексиканската учесничка „глупава“


Организацијата „Мис Универзум“ се соочува со уште еден скандал пред својот 74-ти годишен избор за убавина. Организацијата презема мерки за контрола на штетата по широката осуда за тоа како беше третирана 25-годишната Фатима Бош, Мис Универзум Мексико, за време на церемонија во живо во Бангкок, што довело до тоа неколку учеснички да го напуштат настанот, […]

Што се случи со розовиот костим на Џеки Кенеди? Еве зошто ќе остане заклучен до 2103 година


Вашингтон – Розовиот костим на Џеки Кенеди останува еден од најзначајните симболи во американската историја. Повремено опишуван како „лубеница“ или „малина“ розов, дводелниот волнен комплет беше она што го носеше тогашната прва дама кога нејзиниот сопруг, претседателот Џон Ф. Кенеди, беше убиен додека се возеше во поворка во Далас на 22 ноември 1963 година. Тоа […]

Кралицата Летисја е визија во кралски син фустан и историска тијара со дијаманти и бисери


Мадрид – Кралицата Летисја беше дефиниција за кралски гламур додека носеше историска тиара на гала вечерта синоќа во Кралската палата во Мадрид . Летисја и нејзиниот сопруг, кралот Фелипе VI, го пречекаа Хаитам Бин Тарик, султанот и премиер на Оман, во палатата, започнувајќи ја неговата државна посета. Шпанската кралица беше визија во кралско-син свилен фустан […]

Реформите мора да стигнат до училниците – а не само на хартија


Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со ОЕЦД и Европската комисија, под покровителство на Министерството за образование и наука на Северна Македонија, на кој експерти и практичари од областа на […]

ЕП 2026: Македонските одбојкари на стартот против домаќинот Бугарија


Македонската машка одбојкарска репрезентација својот настап на Европското првенство 2026 ќе го почне со дуел во Софија против Бугарија, објави денеска Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ). Воведниот натпревар на македонските одбојкари е закажан за 9 септември со почеток во 20 часот. Во второто коло, македонските одбојкари ќе играат против Украина, на 11 септември (16 часот), по […]

Тревога во Кремљ: По американското тестирање ракета, Путин го свика рускиот Совет за безбедност


Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со постојаните членови на Советот за безбедност за одговорот на нуклеарните вежби на САД и ја оцени ситуацијата околу најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестови како сериозно прашање. Рускиот претседател додаде дека Советот за безбедност ги анализирал изјавите дадени во владејачките кругови на САД, […]

Мицотакис – Гилфојл: Американско – грчките односи на високо ниво, но може дополнително да се продлабочат


Атина – Билатералните односи, енергетиката, инвестициите, биле меѓу друго темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и новата американска амбасадорка Кимберли Гилфојл на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина. Дипломат само по име? Ова е прва средба на грчкиот премиер со новата амбасадорка на САД, која вчера ги достави акредитивните писма, […]

Централните банки купија 39 тони злато во септември


Централните банки купија околу 39 тони злато во септември, најмногу од почетокот на годината, според податоците од здружението на рударски компании WGC. Во септември, централните банки ги зголемија своите купувања на месечна основа за 79 проценти, пресмета WGC. Најактивен купувач во септември беше бразилската централна банка, која додаде дури 15 тони злато во своите резерви. […]

Потврден притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, Кривичниот совет ги одбил жалбите


Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.  Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на […]

Три награди за „Ифигенија за ништо“ на Драмски на фестивалот „Стоби 2025“


Драмски театар Скопје е добитник на три награди на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. Жирито во состав: Јордан Витанов, Кристина Атанасова Арсова и Фаик Мефаилоски, со едногласна одлука ги додели овогодинешните награди на најистакнатите остварувања на фестивалот. За најдобра претстава на фестивалот е прогласена „Ифигенија за ништо“ – […]

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“, леташе 6.760 километри од базата Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови


Американската воздушна команда за глобален удар на воздухопловните сили на САД денеска спроведе тест лансирање на невооружената интерконтинентална балистичка ракета „Minuteman III“ од воената база Ванденберг во Калифорнија. Тестот, означен како GT 254, имаше за цел да ја потврди сигурноста, оперативната подготвеност и точноста на системот за интерконтинентални балистички ракети (ICBM), што е клучен елемент […]

Недостигот со лекари специјалисти Битолската болница го решава со преземање на кадар од приватното здравство


  БИТОЛА – Недостигот со лекари специјалисти Битолската клиничка болница го решава со преземање на доктори од приватното здравство. Четворица лекари специјалисти веќе работат во Битола, а болницата најавува превземање на хирург од приватна здравствена устанува. Од летото лекари од Државната клиника за онкологија во Скопје веќе прегледуваат еднаш неделно пацинети болни од канцер во […]