ЕК усвои планови за развој на брзи железници и за инвестиции во еколошки горива


Европската комисија денеска усвои сеопфатен пакет за транспортниот сектор, кој предвидува забрзување на воспоставувањето на европска мрежа на брзи железници и поголеми инвестициите во обновливи и горива со ниско ниво на емисии на јаглерод диоксид за воздухопловство и поморскиот сообраќај.  Како што соопшти ЕК, целта на овој пакет е обезбедување на поефикасен, поврзан, лесно достапен, […]

Лашкоска од Будимпешта: Протоколот за вода и здравје – рамка за побезбедна и поодржлива иднина


Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, на покана од Владата на Унгарија, во Будимпешта учествуваа на високиот сегмент на Седмото собрание на страните на Протоколот за вода и здравје, организирано заеднички од Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Регионалната канцеларија на Светската здравствена […]

Турција урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025


Во првите девет месеци од годината Турција бележи историски раст во туризмот. Над 50 милијарди долари приход од туризам се остварени во овој период од годината, што е зголемување за 5,7 проценти, во овој значаен економски сектор во земјата. Покрај растот на приходите, Туркије во првите девет месеци од годината бележи и раст на бројот […]

Хуманоста на дело: За роденденот на “Дајмонд мол“ собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња


Јавното претпријатие „Лајка“ доби 600 килограми храна за кучиња и 10 рачно изработени куќички за кучиња, a донацијата беше обезбедена преку активностите организирани по повод вториот роденден на Diamond Mall. Во рамките на одбележувањето на вториот роденден, Diamond Mall организираше низа активности во соработка со ЈП „Лајка“, во насока на подигнување на јавната свест за […]

Молдавците славеа во Брисел по објавувањето на извештајот на ЕУ


  Земјите кандидати за ЕУ ​​навиваа и сочувствуваа на годишните извештаи за проширување во вторник – но малкумина славеа толку многу како Молдавците, кои беа домаќини на триумфален настан во галеријата „Бозар“ во Брисел за да им се заблагодарат на службениците и политичарите за нивната поддршка, пишува „Политико плејбук“. Таму беше и еврокомесарката за проширување […]

Италијански новинар доби отказ поради прашање за Појасот Газа на брифинг на ЕК


Италијанскиот новинар Габријеле Нунцијати доби отказ од новинската агенција Нова откако на брифинг на Европска комисија постави прашање дали Израел ќе ја плати обновата на Појасот Газа. Тој со прашањето направи паралела со барањата на Европска Унија, Русија да ја финансира обновата на Украина. Нунцијати истакна дека по брифингот имал „тензични разговори“ со претпоставените, а […]

Љутков од Самарканд: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО


Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан. Во своето обраќање пред присутните министерот Љутков ја истакна заложбата на Република Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО […]

Шпанија им додели државјанство на потомци од меѓународните бригади во Граѓанската војна. Може ли потомците од Македонија да се најдат на тој список


  Во вторникот 4 ноември шпанската влада им додели државјанство на 170 потомци на доброволците во Меѓународните бригади кои се бореа во Шпанската граѓанска војна. Државјанството е признание и за нивната борба против фашизмот за време на диктатурата на Франциско Франко што следеше по Граѓанската војна. Премиерот Педро Санчез на вчерашниот настан рече дека ќе […]

„Страв од чекорење“ – нов роман на Ѕвездан Георгиевски


„Страв од чекорење“ е нов роман на новинарот, автор  и извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“,  Ѕвездан Георгиевски, во издание на „Бегемот“. Ова е трет роман на Георгиевски, по  „Плачеш како кит“ од 2023 година и по дебитантскиот роман „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“, како и по збирката раскази „Да не бидам […]

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни


Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврнат над 30 литри […]

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори


  До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16,30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите.  […]

Зохран Мамдани нема да може да се кандидира за претседател на САД


Демократскиот социјалист Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк во ноќта на локалните избори на кои американскиот претседател Доналд Трамп претрпе неколку неуспеси, испраќајќи му порака една година пред изборите за Конгресот. Новиот градоначалник, 34, жесток противник на американскиот претседател, лесно го победи својот главен ривал, поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо, […]

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти


Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот […]

Затворањето на челичарниците би можело да ја чини Германија 50 милијарди евра годишно


Губењето на домашното производство на челик би можело да ја чини Германија до 50 милијарди евра годишно, според студијата на Универзитетот во Манхајм. Анализата покажува дека доколку германските компании за челик ги затворат фабриките или го преместат производството во странство, германската економија би станала исклучително ранлива на глобалните кризи во снабдувањето со челик. Такво сценарио […]

Русија започна сериско производство на Орешник, објави Путин


Русија започна сериско производство на балистичката ракета со среден дострел Орешник, објави рускиот претседател Владимир Путин. Ова соопштение доаѓа речиси една година откако Путин вети масовно производство на ова оружје „во блиска иднина“ во декември 2024 година, пишува Киев Индепендент. Зборувајќи на церемонијата на доделување награди на развивачите на руската ракета Буревестник и подводниот дрон […]

„Фајзер“ и „Ново Нордиск“ ја интензивираат борбата околу компанијата за лекови против дебелина „Метсера“


Борбата меѓу фармацевтските компании „Фајзер“ и „Ново Нордиск“ околу купувањето на фирмата за развој на лекови против дебелина „Метсера“ се интензивираше, откако двете заинтересирани страни дадоа поповолни понуди. Американската корпорација „Фајзер“ ја зголеми својата понуда од првичните 7,3 милијарди долари на 8,1 милијарда долари, но самата „Метсера“ објави дека данскиот гигант „Ново Нордиск“ во моментов […]

ЛШ: Ливерпул во спектакуларен натпревар го победи Реал, Баерн го надигра ПСЖ


Ливерпул го победи Реал Мадрид со 1-0, а Алексис Мек Алистер го постигна единствениот гол на натпреварот во 61-та минута, откако Доминик Собослај уфрли од слободен удар, а Аргентинецот со глава ја донесе победата за англискиот тим. Тимот на Арне Слот со тоа ја постигна втората последователна победа во сите натпреварувања, што ги извлече од […]

Возеле 100 км/ч повеќе од дозволеното – полицијата ги уапси


Во вторникот во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со […]

Како да спречиме поплави од типот на онаа од Стајковци? Објавен труд во реномирано списание


Неодамна, во списанието Open Geosciences (De Gruyter Brill) е објавен трудот „Национална анализа за ранливост од поројни поплави во сливовите“ од авторскиот тим м-р Бојана Алексовa, докторанд по геонауки на Универзитетот во Нови Сад, проф. др. Ивица Милевски од ПМФ-УКИМ во Скопје и проф. др. Stefanos Stefanidis од Шумарскиот Институт во Солун. Овој труд е резултат на неколкугодишно истражување, […]