Директорот на пензионерскиот дом во Тузла поднесе оставка по пожарот во кој загинаа 11 лица


Директорот на пензионерскиот дом во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, утрово поднесе оставка од таа позиција, потврдија за Klix.ba од установата за нега на стари лица. Синоќа голем пожар го зафати Пензионерскиот дом во Тузла, а според последните информации, дури 11 лица загинаа. Исто така, 30 лица се во болница, од кои четворица се во тешка состојба. […]

Буџет 2026: Економски развојна или изборна година?


Од сегашните 768,8 милиони евра за капитални расходи, сумата за следната година се намалува на 640 милиони евра. Јавните инвестиции ќе бидат столб на економскиот развој во 2026 та – најави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Предвидени се повеќе пари за пензии, плати, социјални трансфери, пишува Порталб. Новата буџетска година  според власта ќе биде […]

Лансиран нов сателит кој гледа сè – ќе ја снима Земјата и дење и ноќе


Овој радар-набљудувач се управува од контролен центар, а подоцна ќе го замени постариот сателит Сентинел како дел од програмата Коперникус. Ќе може да ја снима површината на Земјата во сите услови, дење и ноќе, без оглед на времето. Раководителот на контролниот центар на Европската вселенска агенција (ЕСА) во Дармштат, Германија, Јозеф Ашбахер, потсети дека програмата […]

(Видео) Токио развива авион „АСКА“: Патување од САД до Јапонија за само еден час преку Вселената


Воздушниот превоз се смета за брз и безбеден начин да се стигне од точка А до точка Б. Сепак, за некои луѓе, дури и тоа не е доволно брзо, па јапонската компанија „Нипон травел“, верувајќи дека патувањето меѓу Јапонија и САД трае предолго – има намера да го скрати времето, за на патниците сѐ тоа да […]

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“


 Веб-страниците на белгиските телекомуникациски оператори „Проксимус“ и „Скарлет“ утрово беа цел на хакерски напади, за што одговорност презеде прорускиот колектив „NoName057“.  Засега нема индиции дека при хакерските напади биле предизвикани прекини или проблеми во интернет и телекомуникациските услуги на корисниците на двата телекома.  Според последните информации, и „Проксиум“ и „Скарлет“ ја повратиле контролата над своите […]

Без вода делови од булеварот „Борис Трајковски“


Без вода денеска ќе останат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ крак 1, 3 и 5. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на булевар „Борис Трајковски“ 1/18. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Хана Хулиќ-Грашо компонираше приспивна песна за „Бекутан“: “Нежни и слатки сништа“ промовирана во Загреб (видео)


Приспивните песни го пренесуваат чувството на нежните и меки допири кои раскажуваат најубави сказни, смируваат и даваат чувство на сигурност и на поврзаност на родителот и детето.Преку нив се поврзуваат емоционалниот и когнитивниот физички развој. Приспивната песна создава посебен момент на поврзаност меѓу родителите и бебето, на тој начин овозможувајќи чувство на сигурност, љубов и […]

Вучиќ ги отфрли критиките од Брисел и се фали со економски резултати


  Српскиот претседател Александар Вучиќ го бранеше своето лидерство од критиките изнесени во новиот извештај на ЕУ за земјите-аспирантки за членство во блокот. Зборувајќи на Самитот за проширување на ЕУ на „Еуроњуз“, популистичкиот лидер ги отфрлаше опомените од Брисел – како и протестите во сопствената земја – со тоа што ги нагласуваше економските резултати на […]

Модната аукција ја собра елитата – еве чија тоалета донесе најмногу пари за добротворни цели


Дел од дизајнерската елита од Македонија, синоќа, заедно со дипломати и личности од јавниот живот , присуствуваше на добротворната аукција на Конект: „Fashion with a Cause“, со која финишираше едноделната програма на 31. Моден викенд Скопје, чиј творец е Света Богова- Јовановска. Се славеше македонската мода и филантропија. Во рамките на овој уникатен настан, 23 […]

До кога децата ќе читаат застарени лектири? МОН со јавна дискусија го менува списокот


Напредокот на децата и времето во кое живеат, со оглед на екстремно брзиот развој на технологијата, доведе до  се погласна полемика за неусогласеноста на лектирите кои ги читаат учениците во основните училишта. Повеќето лектири кои како задолжителни или изборни се јавуваат на списокот за читање и обработување на основците, за денешните деца се неразбирливи и […]

Бројот на жртви во Тузла расте, веќе се 11. Најранливите биле на највисоките катови


Според последните официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожар што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари лица во Тузла, додека 35 лица побараа медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Седмиот кат од зградата на Домот за стари лица беше зафатен од голем пожар синоќа, а градоначалникот на Тузла, Зијад […]

Увозот расте побрзо од извозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија


Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 5 978.9 милиони евра и бележи раст од 2.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак,  изнесува 8 494.3 милиони евра, што е за 3.5 % повеќе во споредба со лани, објави […]

Тајфунот „Калмаеги“ усмрти 66 лица и расели стотици илјади на Филипините


Најмалку 66 лица загинаа, а повеќе од 430.000 се раселени по ударот на тајфунот Калмаеги нa Филипините, соопшти денеска националната агенција за управување со катастрофи. Десет лица се повредени во поплави и несреќи предизвикани од силниот ветер и обилните врнежи, кои зафатија 24 провинции во регионите Лузон, Висајас и Минданао. Тајфунот имал ветрови со јачина […]

Тексас гласа за забрана на гласачи без државјанство, Мејн го отфрла предлогот за покажување лична карта на гласачките места


Гласачите во Тексас одобрија предлог за измена на државниот устав за да се додадат „лица кои не се државјани на Соединетите Американски Држави“ на списокот на лица на кои им е забрането да гласаат. Во меѓувреме, гласачите во Мејн го отфрлија предлогот за барање лична карта со фотографија на гласачките места. Иницијативата ќе бараше покажување […]

Кој е Зохран Мамдани, младиот муслиман избран за нов градоначалник на Њујорк?


  Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани е првиот муслиман, првиот јужноазиец и најмладиот човек во последните 100 години избран за градоначалник на Њујорк. Според Изборниот одбор на градот Њујорк, на овогодинешните избори гласале повеќе од два милиони луѓе. Пред четири […]

Светска премиера на „Ритам на животот“ на Филмскиот фестивал во Солун


Филмот „Ритам на животот“ во режија на Америса Баста денеска ќе ја има својата светска премиера на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун, како дел од официјалната програма „Запознајте ги соседите“. Ова е дебитантски долгометражен филм на режисерката Баста, кој преку поетичен визуелен пристап ја раскажува приказната за една млада жена и нејзините предизвици во […]

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки


Најмалку седум лица загинаа во несреќа на карго-авион на „ЈупиЕс“ (UPS) во американската сојузна држава Кентаки, соопшти гувернерот Енди Бешир. Тој предупреди дека бројот на жртви може дополнително да расте, а полицијата информира дека има и повеќе повредени. Причината за несреќата, што се случи во индустриска зона на периферијата на Луисвил, сè уште не е […]

Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново


Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, од 01,20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново, информира АМСМ. Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот […]

Кина ги укинува дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз


Кина ќе ги суспендира дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз за една година, но ќе ја задржи стапката од 10 проценти, соопшти Царинската комисија на Државниот совет на Народна Република Кина (владата на Кина). Ова доаѓа неколку дена по состанокот минатата недела меѓу кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп. Комисијата, […]

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари


Поранешниот европски комесар за правда и министер во неколку белгиски влади, Дидие Рејндерс е официјално обвинет за перење пари, откако бил сослушан од истражните органи на 16 октомври, објавија синоќа бриселските медиуми.  Обвинението против Рејдерс е покренато поради сомнежи дека „перел“ пари со сомнително потекло, на тој начини што најчесто со готовина купувал т.н. „е-билети“ […]