Просечната годишна плата во ЕУ лани била 39.800 евра


 Просечната годишна плата за полно работно време на вработените во ЕУ лани изнесувала 39.800 евра, што претставува зголемување за 5,2 отсто во споредба со 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба (Евростат).  Меѓу земјите членки на ЕУ, највисока просечна годишна прилагодена плата за полно работно време била регистрирана во Луксембург во износ од 83.000 евра, […]

Лондон сакал да отвори таен канал за комуникација со Москва. Ништо не испаднало од тоа


  Британскиот советник за национална безбедност, Џонатан Пауел, се обидел да отвори таен комуникациски канал со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи Велика Британија и нејзините најблиски европски сојузници стравувале дека администрацијата на Трамп би можела да ги занемари своите интереси во врска со Украина, пишува „Фајненшел тајмс“. Пауел, искусен преговарач кој одигра клучна улога во […]

Вработените во „Лукоил“ и компанијата во неизвесност, уште девет дена до санкциите


  Остануваат уште девет дена, до 21 ноември, кога ќе стапат во сила санкциите на САД против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, а вработените во македонската подружница не знаат каква ќе биде нивната судбина. Барем јавно македонските власти не покажуваат заинтересираност за судбината на „Лукоил Македонија“ и 550-те вработени во компанијата. Прво се минимизираа […]

СДСМ предлага план за деблокада на средствата од ИПАРД


  Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска претстави план за деблокада на стопираните средства од програмата ИПАРД 3 со која треба земјоделците да ги добијат средствата кои им следуваат. Во повикот до Владата, Министерството за земјоделство, Министерството за финансии и  Агенцијата за финансиска поддршка Николовски го претстави планот: 1.Утврдување на фактичката […]

Имамоглу бара пренос во живо на судењето, обвинението против него го нарече „срамно“


Поранешниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу, кој беше уапсен на 19 март под обвинение за корупција, го оцени како „срамен“ обвинителниот акт во кој турското обвинителство побара казна затвор до речиси 2.400 години за него и повика судскиот процес да се пренесува во живо на турската телевизија, објави весникот „Созџу“. Во обвинителниот акт, кој вчера […]

Руските сопственици се подготвени да ја продадат НИС


Руските „Газпром Нефт“ и „Газпром“ официјално ја известија Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на американското Министерство за финансии за нивната подготвеност да ја предадат контролата врз српскиот нафтен гигант НИС, кој е во мнозинска руска сопственост, на трета страна. Парализирачките санкции ги запираат испораките на сурова нафта и ризикуваат зимски недостиг на гориво […]

КОП30 би можел да го заземе второто место по бројот на учесници по КОП28 во Дубаи


Над 56.000 делегати се регистрирани за учество на конференцијата на ОН за климата КОП30 во Белем, Бразил, што би можело да го направи овогодинешниот форум еден од најпреполните во историјата на форматот, објави Карбон Бриф, повикувајќи се на прелиминарен список на делегати објавен од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени. Според прелиминарните податоци, […]

12 ноември во историјата – Умре Кнут Велики, Викингот кој ја освои Англија


  На денешен ден во 1035 година почина Кнут Велики, викиншкиот владетел на Англија. Тоа беше крај на речиси 20-годишно владеење кое, по крвави години, изненадувачки донесе стабилност во Англија под викиншка власт. 19 години претходно, на 18 октомври 1016 година, по победата во Битката кај Асандун, данскиот викиншки принц Кнут Велики (Knud den Store) […]

Контролата на броилата е предуслов за доверба во енергетскиот систем: Министерката Божиновска во Електродистрибуција


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети акредитираната лабораторија за проверка на броила на електрична енергија при Електродистрибуција, која повеќе од една деценија служи за контролата на мерењето и исправноста на броилата. Посетата следи по реализираната 13-та редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација и Бирото за метрологија при Министерството за […]

Една плата повеќе не е доволна: Секој петти Хрват има дополнителна работа


Според анкетата на услугата MojaPlata, секое петто лице во Хрватска работи дополнителна работа поради растечките трошоци за живот, а најзастапените работни места се во услужните дејности како што се келнерство, потоа превоз на патници, чистење и разни повремени физички работи. Во анкетата учествуваа 690 испитаници, а ја спроведе претходно споменатата услуга, која е дел од […]

Култната драма „Варвари“ на Горки премиерно во МНТ во режија на Милчин (фото)


Култната драма на Максим Горки, претставата „Варвари“ утревечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар. Режисер на претставата е Владимир Милчин. Следната изведба е закажана за 14 ноември. Директорот на МНТ, Никола Кимовски дека на прес-конференција рече дека во годината кога Македонски народен театар одбележува 80 години од постоењето горд е […]

Доделени наградите „13 Ноември“, Поп Ацев најдобар спортист, Лазаров најуспешен тренер во 2025 година


На свечена церемонија во „СЦ „Јане Сандански“ денес Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 ноември“ за 2025 година. За најдобар тренер во 2025 година наградата 13 Ноември му се доделува на Кире Лазаров – Тренер на РК Алкалоид, освојувач на титулата ЕХФ Европски куп за мажи 24/25. Од спортските екипи награден е […]

Руското освојување на Покровск можеби ќе почека, загубите се огромни


  Руските сили продолжуваат полека, но стабилно да напредуваат кон Покровск во Донецката област, според најновиот извештај на aмериканскиот Институт за проучување на војната (ИСВ). И покрај повеќемесечните напори за пробивање на одбранбените линии на Украина, темпото на рускиот напредок останува ограничено, делумно поради исцрпувачките офанзиви со големи загуби што Москва ги води истовремено на […]

 Хуманитарен базар „Симит и погача“ во Дебар Маало кај муралот на Горан Стефановски


Општина Центар, по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, го организира „Фестивалот на симит и погача во срцето на Скопје“, кој ќе се одржи пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, утре во 10:30 часот. На хуманитарниот базар посетителите ќе можат да ја дегустираат познатата скопска симит погача, препознатлив симбол на […]

Прекината е исплатата на 400 илјади евра за 15 корисници на ИПАРД, но тоа е само врвот на ледената санта


  Стопирана е исплатата на петнаесет корисници на ИПАРД 3 Програмата во износ од 400 илјади евра, потврдуваат официјално од Министерството за финансии за „Независен“. Но, останува нејасно што ќе се случува со поднесените барања за исплата коишто се во процедура на одобрување во Платежната агенција и барањата кои, според договорите, треба да се поднесат […]

Започнува изградбата на мегапаркот во Бутел


Запуштениот простор по должина на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор – мегапарк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, кој ќе се простира на површина од 8.000м2. Парковите се вистински зелени оази кои придонесуваат за поздрав […]

Посилен систем за поправедна заштита – нов проект за борба против корупцијата во здравството


Започнува имплементацијата на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ чија главна цел е градење транспарентен и одговорен здравствен систем кој одговара на потребите на сите граѓани, особено на жените и маргинализираните групи. Станува збор за национална иницијатива која се темели на три главни активности – обуки на здравствените работници за […]

Андоновски: Следен чекор на МДТ е создавањето на владин центар за одговор на сајбер инциденти


„Следната фаза во јакнењето на националната сајбер безбедност е изградбата на новиот владин центар за одговор на сајбер инциденти – GOVCIRT“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на форумот „Технологии и добри практики во сајбер безбедноста. Искуства од Република Италија“, одржан денеска во Скопје. На настанот присуствуваа претставници од италијанските институции и компании, како […]

Николоски се пофали со работите на обиколницата на Крива Паланка, очекува и Бугарија да следи со слична активност од нивна страна


Точно утрово објавивме дека ја работиме обиколницата на Крива Паланка што е последниот дел со поврзување со Бугарија. Работиме на реконструкција на граничниот премин Деве Баир нешто што интензивно се работи во прва фаза, ќе има и втора фаза, порача денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој одговараше на новинарско прашање […]

Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката


Џек Шлосберг, 32-годишниот внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, планира да се кандидира за Конгресот следната година, објавува „Њујорк тајмс“. Шлосберг е син на ќерката на Џон Ф. Кенеди, поранешната дипломатка Каролин Кенеди, и дизајнерот и уметник Едвин Шлосберг. Тој ја објави својата прва кандидатура за јавна функција во е-пошта до поддржувачите синоќа, […]