Поларна светлина на небото над северна Белгија и Холандија


Брисел – На небото над северна Белгија и Холандија две вечери по ред беше регистрирана Поларна светлина, предизвикана од сончевите бури кои ослободуваат наелектризирани честички што од Сонцето доаѓаат до Земјата.  На социјалните мрежи се појавија фотографии на небото прекриено со розова светлина, за разлика од вообичаената зелена боја на Поларната светлина.  Експерти за телевизијата ВРТ […]

Утрото студено, а потоа сончево со температура до 20 степени


Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 13 ноември 2025 година, 317-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 48 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минути, а ќе зајде во 16 часот и 14 минути. Денов трае 9 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Николоски: Проблемот со Бугарија за железницата беше инженерски, а не политички


Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва во Топ тема на телевизија Телма осврнувајќи се на потпишувањето на Договорот со Бугарија за пругата за Коридорот 8, посочи дека проблемот во суштина бил повеќе инженерски, а не политички. Министерот појасни дека имало многу емисии во Бугарија кои ја ширеле тезата дека Николоски и бугарскиот министер за транспорт […]

Албанските власти блокираа 75 тони пченка увезена од Србија


Албанската национална агенција за храна (АКУ) во Скадар повторно блокираше значителна количина пченка увезена од Србија. Овој пат станува збор за околу 75 тони пченка, блокирана на граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, со цел да се спроведат лабораториски анализи. Само пред неколку дена, од истиот извозник, блокирани беа 25 тони пченка, со што […]

Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – на повидок кружните текови


Градоначалникот на СКопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. По завршувањето на правната постапка, веднаш се почнува со работа. – Ова е проект што претставува вистински пресврт за […]

Францускиот парламент ја суспендираше реформата на пензискиот систем


Парламентот на Франција денеска ја суспендираше непопуларната реформа на пензискиот систем од 2023 година, проект на вториот мандат на претседателот Емануел Макрон. Одлуката е донесена со 255 гласови „за“ и 146 „против“, со поддршка од социјалистите, Зелените и ултрадесничарската партија Национален собир. „Воздржани“ беа пратениците од коалициската партија на Макрон – Ренесанса, додека „против“ беа […]

Грешката што го промени светот на технологијата: Јаху одби да го купи Гугл


Приказната за Јаху  и Гугл (Yahoo и Google) стана учебник за пропуштени можности во светот на бизнисот и иновациите. За само две децении, компанија што можеше да биде синоним за интернет стана потсетник дека во технолошкиот свет, успехот често зависи од еден единствен стратешки потег. Во 1990-тите, на врвот на првата голема интернет револуција, глобалните […]

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров


Министерството за внатрешни работи информира дека во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров. -Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да […]

Стартна победа за македонските кошаркарки во квалификациите за Евробаскет


Минимална победа постигнаа македонските кошаркарки во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскет. Во Скопје попладнево совладана беше Данска со 79:78 (18:21; 21:19; 19:18 и 21:20). Во изедначен натпревар македонските кошаркарки постигнаа важна победа на стартот од новата рунда квалификации. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првата четвртина водеа со 18:13, но противникот направи серија од […]

Еве колку треба да биде температурата во домот во текот на зимата: Сè што е над и под е лошо за сметките и здравјето


Кога температурите надвор паѓаат и студот „се провлекува“ во ѕидовите, честопати игнорираме важно прашање бидејќи единственото нешто што ни е важно е да ни биде топло – на кои степени треба да се одржува греењето за да биде температурата во станот добра за нашето здравје. Експертите велат дека одговорот не е едноставно „колку е потопло, […]

Oд 19 до 25 ноември јубилеен 50. Млад отворен театар со претстави на наши режисери, актери и сценски автори кои создаваат надвор


МКЦ денеска го најави новото, јубилејно 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ што ќе се одржи од 19 до 25 ноември. Со внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, МОТ оваа година го насочува своето внимание кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат […]

За рафинеријата на „Лукоил“ во Бугарија заинтересирани турски „Џенгиз Холдинг“ и азербејџански СОКАР


Турскиот „Џенгиз Холдинг“ и азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР истрајуваат во планираното купување на руската рафинерија „Лукоил“ во Бугарија, „Нефтохим Бургас“, објави турскиот весник „Патронлар Дуњаси“. Турскиот конгломерат за градежништво, енергија, рударство и туризам „Џенгиз“ и „СОКАР“ ја поднесоа понудата пред нешто повеќе од една година, победувајќи ја меѓународната конкуренција, цитирајќи го турскиот весник руската […]

Трамп знаел за постапките на Џефри Епштајн, откриваат новообјавените мејлови


  Новите е-пораки објавени во средата сугерираат дека Доналд Трамп знаел за однесувањето на покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, вклучувајќи една во која Епштајн рече дека „секако [Трамп] знаеше за девојките“ што биле набавени за неговиот синџир за трговија со луѓе. Објавувањето на трите пораки од страна на демократите во надзорниот комитет на Претставничкиот дом […]

Како до постабилен пензиски систем: Поголем економски раст и нови работни места, но и можност да се инвестираат средствата


 Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на меѓународната конференција „Одржлив пензиски систем – две децении прогрес“, во организација на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија. Во своето обраќање истакна дека реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но, како што рече, се уште […]

Секој трет невработен Европеец е без работа најмалку една година


Вкупно 4,2 милиони луѓе во ЕУ во 2024 година спаѓале во категоријата на „долгорочно невработени“, што значи дека еден од секој трет невработен Европеец е без работа најмалку една година, покажуваат податоците на Европската статистичка служба (Евростат).  За „долгорочно невработени“ се сметаат работоспособните лица на возраст од 15 до 74 години, кои се без работа […]

Се расчистува теренот околу штипската Автобуска станица за изградба на вториот „Лидл“ маркет


Почна расчистување на теренот околу Автобуската станица во Штип, каде што треба да се гради вториот „Лидл“ маркет. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов потврдува дека на оваа локација ќе има и маркет, но и Автобуска станица со поразличен изглед од сегашниот. Дополнително во напредна фаза се активностите и за изградба на првиот Лидл маркет […]

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата


Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, годинава управувајќи мотор „кавасаки“ без возачка дозвола, на пешачката патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на Франкофонијата, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и потоа избегал од местото на настанот. Според одбраната, обвинетиот непосредно […]

Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“


    Финансиска полиција го тресе работењето во „Комунална хигиена“ откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски обвини дека имало низа злоупотреба во ова јавно претпријатие од околу 300 милиони евра.   Ѓорѓиевски рече дека и самиот тој имал средба со Финансиска полиција и дека покрај исплата на плати на лица кои воопшто не се појавувале на работа […]

Ѓорѓиевски за поканата на дуел: Данела нека комуницира со други институции, не со мене, јас сум зафатен


Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски одби да ја коментира поканата на поранешната  скопска градоначалничка Данела Арсовска за ТВ дуел и повикот да ги објави списоците со луѓето кои биле избркани од работа откако ја презел функцијата. „Што се однесува на бивши политичари коишто имале шанса дадена од граѓаните, но го потрошиле за апсолутно ништо мандатот, немам […]