Лапорта за можното враќање на Меси: Не е време за шпекулации


 Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се произнесе за честите гласини за можното враќање на напаѓачот Лионел Меси во клубот како краткорочна позајмица. -Од почит кон Меси, нашите играчи и нашиот персонал, сега не е време да се шпекулира врз основа на нереални сценарија, изјави Лапорта за шпанските медиуми. Пред два дена 38-годишниот Аргентинец го посети […]

Муцунски не кажува колку инвестиции донел во државата, процесот бил тимски


  Процесот на привлекување странски инвестиции го работиме заеднички и координирано како тим со Агенцијата за странски инвестицији, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Канцеларијата на претседателот на Владата и дипломатско-конзуларните претставништва, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој колку инвестиции донел во […]

Милевски: Летонија е убава шанса да ја видиме и пошироката слика


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа очекувањата за пријателски натпревар против Летонија. „Црвено-жолтите“ утревечер од 18 часот ќе ја пречекаат летонската селекција во пресрет на завршницата од мундијалските квалификации и дуелот против Велс во Кардиф.  -Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот […]

Ненадејна порака од Русија: Подготвени сме за преговори со Украина


Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина во Истанбул, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на функционер на Министерството за надворешни работи. Немало средби лице в лице меѓу двете земји од состанокот во најголемиот град во Турција на 23 јули. Русија ја префрла одговорноста на Украина ТАСС објави дека функционерот на […]

Хотели и други туристички објекти ќе никнат покрај автопатот накај Грција


Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 или официјално […]

Во Белград почна конференцијата „Западен Балкан 2030“


Во Белград претпладнево беше отворена конференцијата „Western Balkans 2030 – Пресвртна точка за регионот“, на која присуствуваат министри, претставници на ЕУ, меѓународни институции и водечки бизнис лидери со цел заеднички да ги дефинираат насоките на идниот развој на Западен Балкан. Конференцијата има за цел, како што беше наведено на отворањето, да го истакне потенцијалот на […]

Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје, нов поттик за продлабочување на соработката


Европската инвестициска банка ќе отвори претставништво во главниот град на нашата земја со што досегашанат успешна соработка ќе се издигне на уште повисоко ниво. Оваа порака денеска беше упатена во Скопје, по средбите што потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот, ги имаше со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија […]

Земјотрес со јачина од 5,3 степени регистриран на Кипар


Земјотрес со јачина од 5,3 степени, според првичните податоци, бил регистриран во близина на градот Пафос во југозападниот дел на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресот било околу 11.30 часот по локално време, според кипарските медиуми бил силен и почувствуван во повеќе делови на островот, а следеле неколку помали потреси. Засега нема информации […]

Урсула фон дер Лајен ја основа шпионската служба на Европската Унија: Дипломатите предупредуваат за скриени мотиви


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, планира да формира разузнавачка служба на Европската Унија која би користела податоци од националните служби на земјите-членки, со цел подобрување на нивната оперативна употреба и зајакнување на нејзиното политичко влијание, јавуваат меѓународните медиуми. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, размислува за формирање на специјална разузнавачка […]

Се бара решение за 550-те вработени во Лукоил Македонија


Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.  Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на Лукоил […]

Најголемата пајажина во светот откриена во балканска пештера. „Ова е неверојатно“


Вo темницата на една пештера на Балканот, истражувачите велат дека е откриен уникатен пример за соработка помеѓу два инаку непријателски настроени вида пајаци. Нивната заедничка работа резултираше со она што се верува дека е најголемата пајажина во светот, а деталите за неверојатното откритие беа објавени минатиот месец во научното списание „Subterranean Biology“. Дури и во […]

Ја нарекуваат „најгрдата принцеза“ и сите се воодушевени од нејзините мускули: Лекарите ја уништија, еве како изгледаше порано


Таа беше прогласена за „најгрда принцеза“, а зад нејзиниот изглед се крие тешка животна приказна и грешка на докторот што засекогаш ѝ го променила лицето. Бугарската принцеза Калина со години е неправедно исмејувана поради нејзиниот изглед, иако тоа е резултат на медицинска грешка, а не на козметичка операција. По низа тешки интервенции со кои лекарите […]

Трамп имал „обврска“ да го тужи Би-Би-Си, во компанијата расте отпорот против притисокот од десницата


  Проблемите за Би-Би-Си се калапат од ден на ден по оставките на двајцата врвни луѓе, а Доналд Трамп тврди дека радиодифузерот „ја измамил јавноста“ и дека имал „обврска“ да преземе правни мерки во врска со уредувањето на говорот. Генералниот директор Тим Дејви поднесе оставка во неделата поради критиките за монтирањето на говорот на Трамп […]

Бислимоски не очекува поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија


До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел. – МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот […]

(Видео) Грчки свештеници продавале дрога, ја криеле и во црквите


  Грчкиот свештеник и јутјубер, 58-годишниот Партениос вчера се појави пред судот во Атина заедно со уште седум лица обвинети за трговија со дрога и нелегален транспорт на мигранти, објави tovima.gr. Тој инаку е познат по своите религиозни видеа на интернет, а според истрагата, го користел својот религиозен авторитет како покритие за сериозен криминал. Документите објавени […]

Аеродром воведува фискална едукација во основните училишта – ќе ги подучуваат едукатори од УЈП


Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта. На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како […]

Најавено големо украсување на Скопје за Нова година


Градот Скопје годинава повторно ќе добие новогодишни украси и организирана прослава на отворено. Новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во гостување на МРТ 1 изјави дека во петок на седница на Советот ќе биде предложен ребаланс на буџетот, со кој ќе се обезбедат средства за новогодишното китење и за дочекот на 2026 година. „Конечно Скопје ќе биде […]

Душан Томишиќ избран за нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација


Дипломираниот социјален работник Душан Томишиќ е новиот претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), информираа од Комисијата. Томшиќ е избран за прв човек на КСЗД согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација по принципот на ротирање на претседателското место. За заменик претседател, Комисијата, во иста постапка го избра членот Зекир Абдулов. […]

Гувернерот Славески на конференција во Тирана: Водиме претпазлива монетарна политика и подготвени сме да им одговориме на сите потенцијални ризици


„Народната банка дејствуваше одлучно за да ja зачува макроекономската и финансиската стабилност во економијата. Како и повеќето централни банки во регионот и пошироко, беа преземени сеопфатни пакет-мерки насочени кон стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на финансиската стабилност.“ Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата којашто се одржа […]

Украинскиот министер за правда суспендиран поради корупција


  Украинскиот министер за правда Герман Галушченко е суспендиран поради наводен корупциски скандал во енергетскиот сектор на земјата, откриен од Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата или САПО. АФП објави дека властите тврдат оти Галушченко бил вмешан во корупциска шема од 100 милиони долари оркестрирана од Тимур Миндич, сојузник на претседателот Володимир Зеленски, и лично […]