Од утре стартува ноќната забрана за фрлање отпад – инспекторите ќе работат 24 часа


Од утре стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите. Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои од утре ќе работат во три смени, односно 24 часа. Градот […]

Владо, Џамбазов, Каролина, Џајковски…: „Тиквеш“ со атмосфера како на концерт


Првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба на винаријата „Тиквеш“ , во годината кога се слави 140 години љубов, преточена во вино, вчера, на Тиквеш фестивалот на младо вино во Кавадарци, имаше атмосфера на ексклузивен концерт на кој се славеше македонската поп-музика со врвни изведувачи, кои сега, ретко ги гледаме со свој концерт. […]

Министерот Трипуновски не чувствува одговорност за скандалот со исплатите од ИПАРД, не поднесува оставка


Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони […]

Вадефул пред посетата на Западен Балкан: ЕУ не е далечно патување, туку конкретна перспектива


Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска изјави дека државите од Западен Балкан треба да ги спроведат понатамошни реформи, бидејќи тоа е од суштинско значење за да нивните долгогодишни напори за членство во ЕУ, но и да се спротивстават на обидите на Русија и Кина да извршат влијание во регионот, јави Германската новинска агенција (ДПА). […]

Португалија ја декласира Ерменија и избори пласман на СП 2026


Португалија денес ја совлада Ерменија со убедливи 9:1 во последниот натпревар од групната фаза од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026. Натпреварот се одигра на „Естадио до Драгао“ во Порто. Жоао Невес и Бруно Фернандеш постигнаа по три гола за домаќините, Ренато Веига, Гонсало Рамос и Франциско Консеисао имаа по една реализација. Единствениот погодок за […]

Војната за иднината на онлајн купувањето е започната


Купувањето со еден клик одамна стана стандард. Сега најголемите технолошки компании одат еден чекор понатаму: тие подготвуваат асистенти со вештачка интелигенција кои ќе купуваат наместо вас. „Гугл“, „Амазон“ и ОпенАИ се тркаат да воведат нови алатки базирани на вештачка интелигенција во своите платформи, со цел да освојат клучен сегмент од онлајн животот – купувањето. „Ако […]

Сообраќајка го прекина сообраќајот на регионалниот пат Р1105 село Удово – Валандово


Сообраќајот на регионалниот пат Р1105 село Удово – Валандово е во прекин поради сообраќајна незгода. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, прекинот во сообраќај е од 16:50 часот.

Грин Машинс со мотото „GREEN FORCE“ ги претстави своите електрични на  модели на ECOMONDO 2025 ВО Римини


Грин Машинс учествуваше на саемот во Италија  ECOMONDO 2025, водечкиот италијански настан посветен на зелени технологии, рециклирање и одржлив урбан развој. На штандот беа изложени целата палета електрични комунални возила на Грин Машинс, вклучувајќи најсовремени решенија за урбано чистење, компактни машини за тесни градски зони, високо продуктивни sweepers со нулта емисија, како и нови технолошки надградби кои нудат пониска бучава, […]

Холанѓанецот Дани Макеле ќе биде главен судија на натпреварот Македонија – Велс


 Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Кардиф против Велс ќе го одигра решавачкиот натпревар за освојување на втората позиција во квалификациската група за пласман на Светскиот шампионат. Со оглед дека ова е дуел кој директно решава која од двете селекции ќе обезбеди место во баражот, УЕФА го делегираше еден од најдобрите арбитри во Европа. Главен […]

Халанд: Норвешка никогаш не се квалификувала на СП додека сум во репрезентацијата, сега сме толку блиску


Фудбалерот на Манчестер сити и Норвешка, Ерлинг Халанд, ги искажа очекувањата за претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Италија.  – Чувствувам огромна одговорност да ја одведам Норвешка на Светското првенство. Ова го кажав многу пати. Тоа е огромна одговорност и тоа е нешто кон кое работам откако се приклучив на репрезентацијата во 2019 […]

Се активира „Вертикалниот коридор“: Американски гас преку Грција ќе стигнува до Украина


 Договор за транспорт на американски течен природен гас (LNG) од Грција до Украина, потпишаа во Атина грчките и украинските државни компании „ДЕПА“ и „Нафтогаз“ во присуство на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, претседателот на Украина Володимир Зеленски, министерот за животна средина и енергија на Грција Ставрос Папаставру и амбасадорката на САД во земјата Кимберли Гилфојл, […]

Вицепремиерот Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата


 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Како што информира денеска Министерството за транспорт, во рамки на посетата Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум и ќе оствари политички и економски средби. – Имам чест да бидам поканет на Виенскиот економски форум […]

Дел од општина Карпош утре без вода


Без вода утре од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом на Град Скопје „Здравко Цветковски“ – Скопје. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“ број 37. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до […]

Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија


Три лица загинаа, а десетици се повредени во бурата Клаудија што ја погоди Португалија. Португалија и делови од Шпанија повеќе денови се соочуваат со екстремни временски услови предизвикани од бурата Клаудија, која вчера стигна и до одредени области на Велика Британија и Велс, каде предизвика поплави. Во Велс се спроведуваат операции за спасување, евакуации на […]

Дончиќ го израмни рекордот на Чемберлен, Џордан и Мекаду


Кошаркарот на  Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ги израмни рекордите на Вилт Чемберлен, Мајкл Џордан и Боб Мекаду. Во натпреварот одигран ноќеска против Милвоки (119:95) на гостински терен, Дончиќ имаше 41 поен, девет скока, шест асистенции, една украдена топка, две блокади и три изгубени топки. Дваесет и шестгодишниот Словенец стана четвртиот играч во историјата на […]

Доларот ослабе во однос на кошничката валути втора недела по ред


Вредноста на доларот во однос на кошничка валути падна минатата недела по втор пат по ред, при што американската валута се зајакна во однос на јапонскиот јен и падна во однос на европската валута. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, ослабе за 0,3 проценти […]

Герасимовски: Продолжуваме со редовно миење на улиците за чист и безбеден Центар


Општина Центар утринава спроведе интензивно миење на улиците во сите населби на територијата на локалната самоуправа. Цистерните и метларките на ЈП „ПОЦ“ ја миеја прашината на улиците и тротоарите, го освежуваа и расчистуваа просторот околу контејнерите. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека редовното миење на улиците придонесува за намалување на загадувањето со ПМ-честички […]

Расчистено свирепо убиство, со нож усмртил жена од Штип и телото го закопал во дворот


СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без […]

(Видео) Украинците дигнаа во воздух клучен пат во близина на Покровск


  Украинските сили го дигнаа во воздух патот што ги поврзува окупираното Селидово и градот Покровск, местото на некои од најжестоките борби во регионот Донецк. Овој потег пресече важна рута што ја користеа руските сили за упади од северозапад, објави 7-миот корпус за брза акција на Украина. Градот Селидово, кој имаше 20.000 жители пред војната, […]

Анкета: Повеќето Германци би поддржале воведување задолжителна воена служба


Мнозинството Германци би поддржале задолжителна воена служба за мажи родени по 2008 година, јави ДПА, повикувајќи се на социолошка анкета. Анкетата, спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење (INSA) за весникот „Билд“, покажа дека 58 проценти од испитаниците сметаат дека воведувањето задолжителна воена служба е исправно, додека 29 проценти не се согласуваат, а 13 […]