Пијано рецитал „Скопје во петолиние 2028“ на Давид Павиќ


 Во Културно-информативен центар – Скопје вечер ќе се одржи пијано рецитал „Скопје во петолиние 2028“ на  Давид Павиќ. Преку својот личен уметнички израз, Павиќ ќе ги претстави делата на македонските композитори во ново светло.  Како што информира КИЦ-Скопје, се работи за македонска музичка приказна во чест на Скопје, Европска престолнина на културата 2028 век.  – […]

Уништени 236.000 згради: Војната во Украина предизвика станбена криза без преседан


Повеќе од 236.000 згради во Украина се уништени или оштетени за време на војната, а вкупно над 2,5 милиони живеалишта станаа недостапни поради вооружениот конфликт, што е приближно 10 отсто од целиот станбен фонд на земјата,се наведува во извештај на Меѓународната организација за миграција (МОМ) при ОН. Во извештајот, кој ја опишува ситуацијата во Украина […]

Следниот повеќегодишен буџет и декемврискиот Самит на ЕУ главни теми на денешниот ГАК


Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година и подготовките за Самитот на Унијата предвиден за 18 и 19 декември, ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на блокот.  Според најавите, состанокот ќе започне со дискусија за утврдување на дневниот ред на декемвриското заседание на Европскиот совет, […]

Трамп за досиејата Епстин: Немаме што да криеме, време е да се стави крај на измамата на демократите


Американските законодавци кои се обидуваат да го забрзаат објавувањето на досиејата поврзани со истрагата за сексуална трговија против финансиерот Џефри Епстин очекуваат голема победа во Претставничкиот дом оваа недела, откако „низа републиканци“ ја поддржаа примената на законот за декласификација, првично, спротивставувајќи се на раководство на Републиканската партија и на претседателот Доналд Трамп. Сепак, претседателот Трамп […]

Без струја денеска делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај


 Без електрична енергија денеска ќе бидат повеќе делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Без струја денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците на дел од улица „Васил Стефановски“ и „20ти Октомври“, во Општина […]

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, […]

Промоција на книгите „Лингвистички предизвици“ од Бобан Карапејовски и „Семонимите во македонскиот јазик“ од Емил Ниами


Книгите  „Лингвистички предизвици“ од Бобан Карапејовски и „Семонимите во македонскиот јазик“ од Емил Ниами во издание на Книгоиздателството „Ми-Ан“ денеска ќе бидат промовирани во Културно-информативниот центар – Скопје. Книгите  ќе ги промовираат проф. д–р Димитар Пандев и проф. д–р Мишел Павловски. Бобан Карапејовски е роден во 1987 година во Тетово, каде завршил основно и средно образование. […]

„Роботика – иновации кои го менуваат светот“ во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025


Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска ќе присуствува на отворање на настанот во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025, на тема „Роботика – иновации кои го менуваат светот“. Настанот, кој е во организација на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, ќе ги промовира иновациите, роботиката и технолошкиот развој, со […]

Европратеници бараат судска оценка на законитоста на Договорот ЕУ-МЕРКОСУР


Вкупно 145 европратеници од 21 земја членка на ЕУ предложија резолуција со која се бара Судот на правдата на Европската Унија да оцени дали Договорот на блокот со организацијата на јужноамерикански држави МЕРКОСУР е во согласност со договорите за функционирање на Унијата.  По Предлог-резолуцијата, потпишана од пратеници од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната […]

Облачно со температури до 19 степени


 Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Ѓорѓиевски му го покажа Скопје на Мицкоски , сега личело на метропола


Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа беа во обиколка на главниот град. -Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема […]

Дебакл на Италија против Норвешка на Сан Сиро


Во последнот коло од Групата I од квалификациите за Светското првенство 2026, Италија и Норвешка одиграа натпревар на Сан Сиро кој заврши со резултат 1:4, со што Норвешка го потврди првото место во групата и обезбеди место на Светското првенство. Италијанците го отворија натпреварот подобро. Веќе во 11-тата минута, стрелец за домашната репрезентација беше Франческо […]

Николоски го отвори Виена економскиот форум


Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Виенскиот економски форум (VEF) ја поттикнува економската соработка меѓу земјите од регионот „од Јадран до Црно Море“ и ги обединува бизнис-заедницата, институциите и политичките чинители со фокус на развој на заеднички проекти во […]

Лудница во Будимпешта. Погледнете како отпишаната Ирска ја исфрли Унгарија од баражот за СП


Ирска ја победи Унгарија со 3:2 во Будимпешта и обезбеди место во дополнителните квалификации за Светското првенство. Бидејќи Португалија претходно ја победи Ерменија со убедливи 9:1 и освои директен билет за Светското првенство, Унгарија и Ирска играа директно за плејофот, во кој нерешено беше доволно за домаќините. Унгарија поведе во 3-тата минута преку Даниел Лукач, […]

Синер го победи Алкараз и ја одбрани титулата на завршниот АТП турнир во Торино


Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Завршниот АТП турнир во Торино. Во финалето, вториот светски тенисер го победи првиот рекет Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6 (7:4) и 7:5. Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Италијанецот сервираше 8 аса, направи 5 двојни грешки и реализираше 2 од 2 брејк топки. Шпанецот погоди 5 аса, не […]

Девет земји бараат данок на луксузни летови: „Оние што загадуваат повеќе треба да плаќаат повеќе“


Коалиција од девет земји, вклучувајќи ги Франција и Шпанија, предводи кампања на конференцијата на ОН за климатските промени (COP30) во Бразил за воведување дополнителен данок на билетите за бизнис класа и приватни авиони. „Оние што загадуваат повеќе треба да придонесат повеќе“, рече шпанската амбасадорка во Бразил, Марија дел Мар Фернандез-Паласиос, во изјава објавена во саботата […]

Сајкоски: На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесеме важни стратешки документи


Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во рамки на Тема на денот се осврна на претстојниот Конгрес на партијата, како и на резултатот од локалните избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. „Подготовките за редовниот 18 Конгрес започнаа во јули согласно […]

Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ вплови во Карипско Море


Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ (USS Gerald R. Ford) денеска вплови во Карипско Море, со цел да помогне во „пресретнувањето на трговијата со дрога и онеспособувањето и демонтирањето на меѓународните криминални организации“. Претседателот на САД, Доналд Трамп минатиот месец нареди распоредување на „Џералд Форд“ во Карипско Море. Носачот на авиони „Џералд Форд“ беше пуштен […]

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат село Удово – Валандово


Од 19:30 часот сообраќајот на регионалниот пат село Удово – Валандово е нормализиран, соопшти АМСМ.  Од 16:50 часот попладнево сообраќајот на регионалниот пат Р1105 село Удово – Валандово беше во прекин поради сообраќајна несреќа.

Во ДР Конго загинаа 32 луѓе во рудник за кобалт


Најмалку 32 луѓе загинаа вчера при уривање на рудник за кобалт во јужниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти. Несреќата се случила кога се урнал мост над поплавен коп во рудникот за кобалт во покраината Луалаба. Спасувачки екипи сè уште го пребаруваат рудникот.