Барселона бара наследник на Левандовски, еве кои играчи се во игра


 Раководството на Барселона размислува за нов напаѓач. Според „Мундо Депортиво“, Барселона сака да купи врвен напаѓач кој ќе го замени Роберт Левандовски, чиј договор истекува следното лето. Клубот верува дека неговите финансиски можности дозволуваат скап договор. Се очекува заминувањето на Левандовски да му обезбеди на клубот 40 милиони евра за трошоците за екипата, кои Барселона […]

Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ


Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската унија, кога ќе биде отворен последниот кластер, кој се однесува на ресурсите, земјоделство и кохезија. „Овој состанок ќе послужи за отворање на преговорите за група 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, вклучувајќи ги поглавјето 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност […]

Завршува убавото време, од вторник дожд и силен ветер


Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови, најавува УХМР. Според прогнозата, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места пообилни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, над 60 километри […]

Сиљановска-Давкова на свечената академија по повод 100 години „Љуботен“: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење


Време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата по Физичко образование во сите образовни институции и степени, туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“. Во […]

Србија во временски теснец, решение за НИС мора да најде за седум дена


Решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), за која САД поставува услов за суспензија на санкциите да не биде во мнозинска руска сопственост, мора да има во следните седум дена. Тоа денеска го нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ кој учествуваше на отворената седница на Владата на Србија. Според него, последната опција за НИС ќе биде […]

Наместо експресна реакција и одговорност, власта молчи за скандалот со операциите, обвинува СДСМ


Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни клиники.  Наместо експресна реакција, наместо објавување на сите информации, наместо одговорност власта со денови молчи, се наведува во соопштението од СДСМ од прес – конференцијата на Рената Младеновска, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Сè […]

„Јон Вардар“ награден со „Сребрен Чин“ на фестивал во Њу Делхи


Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ја освои наградата „Сребрен Чин“ доделена од детското жири на 19. издание на CHINH India Kids Film Festival & Forum, што се одржа од 9 до 14 ноември во Њу Делхи, Индија. CHINH фестивалот е една од водечките азиски платформи посветени на детски филм и медиумска […]

Стотици припадници на Националната гарда на САД се враќаат во своите матични држави


 Стотици војници на Националната гарда од Калифорнија и Тексас, кои беа распоредени во Портланд и Чикаго како одговор на протестите поради репресиите против имиграцијата, ќе се вратат во своите матични држави, потврди функционер на Министерството за одбрана на САД. Официјалниот претставник на одбраната, исто така, изјави за Си-Би-Ес дека бројот на војници на Националната гарда […]

Кадровските промени во СДСМ и натаму во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, ниту Трајановски не им е воља


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и натаму продолжува да се бави со кадровските промени на опозициската СДСМ, овој пат со назначувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Исто така, повторно побараа оставка од Венко Филипче. Како што наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, […]

„Винтиџ“ продавниците кај нас се уште мисловна именка, на прсти се бројат и дуќаните за облека од „втора рака“


Дали некогаш „ви паднало во очи“ дека, додека шетате низ Скопје, повеќето луѓе се слично облечени, дека речиси сите личат еден на друг? Колку често среќавате некој „автентичен“ по кого дури и ќе се завртите зашто е интересен, зашто „се дрзнал“ да искомбинира „невообичаени“ бои и парчиња кои не би ви ни текнало да ги […]

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина, ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис, а се очекува природниот гас и енергетиката да бидат во фокусот на средбите, додека пак со одлука на полицијата, во текот на денешниот […]

Каква храна се продава покрај училиштата: АХВ изрече 15 забрани за вршење дејност


Петнаесет забрани за вршење дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на […]

Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница


Лана Понтинг, која во тинејџерски години била лекувана еден месец во Институтот „Алан Меморијал“, изјавила дека во таа поранешна психијатриска болница во Монтреал, Канада, била подложена на тајни експерименти од страна на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), и поради тоа ја тужи. Понтинг тврди дека во болницата, каде што била сместена еден месец во април […]

Уште еден дуел Алкараз – Синер. Вечерва финалето на завршниот АТП турнир


Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз синоќа го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим во полуфиналето на Завршниот АТП турнир со 2-0, по сетови 6:2 и 6:4. Дваесет и двегодишниот Шпанец сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше три од осум брејк топки. Неговиот 25-годишен Канаѓанец сервираше пет аса, направи една двојна грешка и немаше […]

Трамп укина дел од царините и ја призна грешката


Под притисок да ги намали трошоците за живот за Американците, Доналд Трамп во петокот ги укина самонаметнатите царини за секојдневниот увоз како кафе, авокадо и говедско месо. „Одлучив дека одредени земјоделски производи не треба да подлежат на реципрочни царини“ воведени во април, објасни американскиот претседател во извршна наредба објавена на веб-страницата на Белата куќа. Листата […]

Лејкерси го победија Милвоки, Дончиќ постигна 41 поен


Лос Анџелес Лејкерси ноќеска го победија Милвоки со 119:105 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ со 41 поен го предводеше својот тим до триумфот. Лејкерси се четврти во Западната конференција на НБА. Милвоки е седми на Истокот. Резултати на другите три средби од НБА-лигата играни ноќта сабота […]

Александар Стуб: Неверојатно е да се случи прекин на огнот во Украина пред пролетта следната година


 Примирје во Украина е малку веројатно пред пролетта следната година, а европските сојузници мора да продолжат да ѝ даваат поддршка на таа земја и покрај корупцискиот скандал што го зафати Киев, изјави претседателот на Финска, Александар Стуб. Стаб рече дека во меѓувреме на Европа ќе ѝ треба „сису“, фински збор за издржливост, отпорност и храброст, […]

Пекинг ги ескалира тензиите со Токио: Кинески воени бродови навлегоа во јапонските води


Формација бродови на кинеската крајбрежна стража поминаа низ водите на островите Сенкаку во неделата на „патрола за спроведување на законот“, соопшти кинеската крајбрежна стража, додека Пекинг ги ескалира тензиите со Јапонија поради забелешките на нејзиниот премиер за Тајван. Дипломатскиот спор меѓу Кина и Јапонија ескалираше откако јапонската премиерка Санае Такаичи му рече на парламентот на […]

Комунистка против син на нацист: Чилеанците избираат нов претседател


Чилеанците  денес излегуваат на гласачките места за да изберат нов претседател, спротивставувајќи ја владејачката левица наспроти крајната десница, по кампањата обележана со страв од криминал и отпор кон имиграцијата. Иако е една од најбезбедните земји во Латинска Америка, Чиле се соочи со пораст на организираниот криминал во последните години, проблем што беше во срцето на […]

Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи


Временските услови во изминатите денови, со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд, беа поволни за некои житни култури кои се во фаза на никнење како што е пченицата, велат агрометеоролозите. Според нив, врнежите во овој период се многу значајни, посебно количеството на влага, што е услов за ртење и никнување на семето. -Освен […]