„Парни ваљак“ со прв студиски албум без Аки Рахимовски


Иако ова е првиот албум создаден во новото поглавје на бендот, присуството на Аки Рахимовски се провлекува низ секој чекор од процесот. Премалку време помина за Аки да исчезне од нашите мисли… – вели Хус, прв човек на бендот Во периодот кога го одбележуваат јубилејот од 50 години активност, „Парни ваљак“ – еден од најдолговечните бендови на овие простори – […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, се очекува произнесување за вина и воведни зборови на одбраната


Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по […]

Службениците во ЕК сакаат пократко работно време, повеќе работа од дома и заштита од премореност


Брисел – Вработените во Европската комисија сметаат дека нивното работното време треба да биде под 40 часа неделно, да имаат право на најмалку 30 дена работа од дома годишно, како и да им се обезбедат услови за заштита од премореност од работните обврски. Ваквите барања евробирократите ги изнеле во интерно истражување на Европската комисија меѓу нејзиниот […]

Извештај на ОН: Еден фемицид на секои 10 минути во светот


Њујорк – Според проценките на Обединетите нации, минатата година на секои 10 минути била убиена една жена или девојка од партнер или член на семејството. Најновиот извештај за фемициди – убиства на жена или девојка поради нејзиниот пол – беше објавен вчера од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДК) и UN Women. Во […]

Нова опрема во Театар Комедија, министерот за култура и полскиот амбасадор во посета на театарот


Министерот за култура Зоран Љутков и полскиот амбасадор Мариуш Бримора денеска во 11 часот ќе го посетат театар Комедија каде ќе извршат увид во реализацијата на проектот за набавка на опрема во оваа установа. Во театарот се реконструираше гледалиштето со финансиски средства од Амбасадата на Полска и Министерството за култура. Амбасадата на Полска преку програмата […]

Промениво облачно, наутро студено, од среда пообилни дождови


Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и ниски утрински температури. Во западните делови ќе има повремен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно време со […]

Коцевски: Предметите за легализациите во Чаир ќе се спојат


Предметите поврзани со спорните легализации во Општина Чаир се водат во Основното јавно обвинителство – Скопје и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) и најверојатно ќе бидат споени поради што меѓусебно се поврзани, изјави синоќа републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 тој појасни дека едниот […]

„Итака“ – Ципрас ги објави своите мемоари


Атина – Финансиската криза, плановите за исклучување на земјата од Европската Унија, затворените банки, референдумот, средбите со странски лидери, како што се Меркел, Оланд, Путин, реакциите на тогашната опозиција и напорите на тогашната Влада, но и надворешната политика и Договорот од Преспа, односно сите случувања во Грција и Европа во периодот 2015-2019 година кога СИРИЗА беше […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 25 ноември 2025 година, 329-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 36 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 30 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

МВР издаде потерница по Ремзи Мифтари, осуден за несреќата во Ласкарци


    По наредба на Гостиварскиот суд, Министерството за внатрешни работи издаде потерница по Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор за случајот „Дурмо Турс“ или трагичната несреќа во Љаскарци каде што животот го загубија 16 лица, а 38 други беа повредени. „Министерството за внатрешни работи презема мерки за негово пронаоѓање и лишување од слобода“, […]

Стојан Ѓуроски пред дуелот со Азербејџан: „Ние одиме на победа, без разлика кој е на другата страна“


Сениорската репрезентација на Македонија во кошарка денеска го додржа првиот тренинг во периодот на мини-подготовките за настап во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.   Ги „прескокна“ претквалификациите за Светскиот Куп, но од денеска му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски на првиот тренинг пред она што е наредно на ред за нашиот сениорски […]

Украина направи значајни промени во „мировниот план“ на САД


  Украина значително го изменила „мировниот план“ на САД за да го заврши конфликтот, отстранувајќи некои од максималистичките барања на Русија, изјавија луѓе запознаени со преговорите, додека европските лидери предупредија во понеделникот дека не може брзо да се постигне договор. Володимир Зеленски може да се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа подоцна оваа недела, […]

Дојде време просечниот европски купувач да бара автомобил под 10.000 евра


И покрај фактот дека модерните автомобили се многу побезбедни и полесни за возење благодарение на напредокот во системите за помош на возачот, проблемот останува зголемувањето на цените, особено нивното одржување. Дури и на пазарот на половни автомобили, има зголемување на цените што ги држи купувачите повнимателни, особено поради зголемувањето на трошоците за одржување. Во последно […]

Физички нападнат новинарот Владимир Перев


  Новинарот Владимир Перев, кој се води како дел од бугарската заедница во Македонија, бил физички нападнат во Скопјe, се вели во соопштението на бугарското Министерството за надворешни работи. Перев (80) изјави за македонскиот портал „Трибуна“ дека маж двојно помлад од него го удрил во лицето и му ги скршил наочарите затоа што бил дел […]

Суперлигата ја тужи УЕФА


Компанијата А22 Спортс Менаџмент“, која стои зад проектот фудбалска Суперлига, поведе правни дејствија според шпанскиот закон, пред да почне правна постапка против УЕФА во тужба вредна повеќе милијарди евра. Овој потег веќе го најави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, за време на вчерашното Генерално собрание на „Кралскиот клуб“, а „А22“ денеска, исто така, излезе […]

Што се случува со вашето тело кога консумирате калинка?


Калинките се хранливи плодови кои обезбедуваат влакна, витамини, минерали и антиоксиданси кои се борат против болести, промовирајќи го здравјето на срцето, метаболизмот, уринарниот систем, дигестивниот систем и мозокот. Можете да ги јадете семките или да пиете сок од калинка. Семките и сокот од калинка можат да понудат здравствени придобивки бидејќи содржат моќни антиоксиданси и хранливи […]

Како Трамп се обидува да ја преобликува американската култура – почнувајќи со омилената франшиза


Добро е познато дека американскиот претседател Доналд Трамп има силно влијание врз медиумите, но помалку е познато колку сака да ја обликува популарната култура. Неговиот последен потег вклучува лично лобирање кај еден од неговите најважни финансиски поддржувачи, Лари Елисон, сопственик на Paramount Studios, за да ја оживее популарната акциона франшиза од крајот на 1990-тите – […]

Застрелан 42-годишник од Тетово најден во неговиот автомобил во близина на селото Нераште


Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, кој бил пријавен од сопругата дека од вчера во 18 часот е излегол од дома и не се јавувал на телефон.  Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42 […]

Димитриеска – Кочоска: Повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови останува непроменета


Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информира дека повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари, согласно предложените измени кои веќе се во владина процедура. „Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само […]

Саркози пишува мемоари за 20-те дена во затвор


Париз– Поранешниот француски претседател Никола Саркози помина 20 дена во затвор пред да биде ослободен во исчекување на жалба, а сега објави дека ќе објави книга за своето време зад решетки. Мемоарите, насловени како „Дневник на еден затвореник“, ќе бидат објавени на 10 декември и ќе бидат долги 216 страници, според издавачот Фаџард. Бидејќи Саркози […]