Во првата половина од декември ќе се објави новата емисија Граѓанска обврзница


Нова емисија Граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ 24. Таа потенцира дека кога ќе биде објавен проспектот ќе бидат познати во јавноста и деталите за издавањето на Граѓанската обврзница и дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на Граѓанска […]

Започнува второто издание на „Навигатор“


Јуроп Хаус денеска го лансира новото издание на „НАВИГАТОР“, едукативна онлајн игра создадена со цел да ја подигне свеста за човековите права. Новата верзија на играта е отворена за играње од денеска 25, до полноќ на 14 декември, овозможувајќи им на учесниците три недели да играат, да учат и да се натпреваруваат за главната награда […]

Кесиќ ни ја кажа вистината во очи: Публиката уживаше во ироничниот хумор на српскиот новинар во Скопје


Познатиот српски новинар и стенд ап комичар Зоран Кесиќ (49), автор на култната емисија со децениски стаж „24 минута са Зораном Кесичем“, синоќа, во Филхармонија приреди вечер каде вистината не насмеа , а смеата ги откри вистините што ги премолчуваме.  Публиката два часа уживаше и се смееше на неговиот жив, препознатлив стил – микс од […]

Четири хороскопски знаци во Новата година ги оставаат сите проблеми зад себе: Конечно им се разденува


Сите имавме тешки моменти во текот на годината. И сите се надевавме дека со магија, со првиот ден од Новата година, тие проблеми ќе бидат решени. За повеќето тоа е само желба, но за Вагите, Скорпиите, Рибите и Јарците тоа станува реалност. Ги чека чудо! Ова не е случајност, туку награда за силата и трпението […]

Голема полициска акција во Скопје и други градови


Утрово се спроведува полициска акција во Скопје, Куманово и други локации низ држвата поради сомнение за злоупотреба на службена должност. „Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност,“ објавија властите. Повеќе информации ќе […]

Судот контра Трамп, го поништи случајот против поранешниот директор на ФБИ


Федерален судија ги отфрли кривичните обвиненија против поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми и главната обвинителка на државата Њујорк Летиција Џејмс, заклучувајќи дека обвинителката избрана од претседателот Доналд Трамп, Линдзи Халиган, била нелегално назначена. Окружниот судија на САД, Камерон Кери, пресуди дека назначувањето на Халиган за вршител на должноста државен обвинител на Источниот округ на […]

Левица бара на бремените жени автоматски да им се продолжува договорот за работа


„Уште еден немил пример за системско насилство врз жена, обелоденето во очи денот на Кампањата за 16-дневен активизам против родово базирано насилство – трудница го изгубила бебето во 27 недела поради доживеан стрес од непродолжен договор за работа. Жена – професионалец, која 14 години инвестирала во знаења, ангажирана во болницата во Струга, добила отказ со […]

Во Липково данокот на имот е 200 денари, водовод има – вода нема!


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Липково, за 2024 година. Констатирани се состојби, неправилности и неусогласености во работењето на општината и поради нивното значење изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и за усогласеноста со законската регулатива, упатства […]

(Во живо) Продолжува судскиот процес за „Пулс“ – ќе признаат ли вина?


Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по […]

Второ гостување на ракометниот гигант Магдебург во Битола


Германскиот ракометен гигант Магдебург, актуелен европски шампион, утревечер по втор пат ќе гостува во Битола. Ракометните клубови Еурофарм Пелистер и Магдебург, во официјален европски натпревар, прв пат силите ги одмерија во сезоната 2020-2021, кога во осминафиналето од ЕХФ Европската лига, Германците остварија две победи од 35:24 во Магдебург и 32:24 во Битола. Во четиридецениската меѓународна […]

Невидливата страна на насилството: 80 отсто од жените биле спречени да работат од страна на насилниот партнер


По повод почетокот на 16-те меѓународни денови на активизам против насилството врз жените, Здружението ЕСЕ ја истакнува невидливата, но речиси универзална последица од семејното насилство: економската несигурност на жените и децата по разводот или разделбата. Насилството не завршува по напуштањето на насилната заедница, тогаш започнува економската борба. Невидливата страна на насилството: економските трошоци што жените […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница


Најстудено утрово е во Берово, – 2 степена Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Виница. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот 1 степен е измерен во Струмица и Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 3 во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп, 4 во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови […]

Изложба на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара од Австралија во МСУ


 Изложба на автохтона уметност на текстил од Женскиот центар Бабара од Австралија  ќе биде  отворена вечер во 19 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Изложбата е организирана од Австралиската амбасада во Белград, која е акредитирана и за Република Северна Македонија и Црна Гора, а на официјалното отворање ќе присуствува австралискиот амбасадор Питер Трасвел. […]

Бербата на маслинки во Турција прерасна во сезонска прослава што не се пропушта


Дури 60 отсто од европските патници планираат во наредните месеци да престојуваат на една дестинација, наместо да се движат низ различни региони, говори извештајот „Monitoring Sentiment for Intra-European Travel“ на Европската комисија за патувања. Овој податок води до констатација дека туристите од Европа сѐ повеќе сакаат спокоен одмор, на кој ќе се спојат со локалната […]

„Мајка храброст и нејзините деца“ на Пројковски за затворање на 50 МОТ


Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски во 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50 издание на МОТ. Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто […]

Познати производители на чоколадо поврзани со сеча на либериската дождовна шума?


Некои од најпознатите производители на чоколада во светот, од „марс“ до „КитКат“, веројатно се поврзани со уништувањето на шумите во либериската дождовна шума и покрај тврдењата на многу брендови за одржливост, според истражувањето објавено денес од невладината организација „Глобал Витнес“. Според организацијата, Либерија има најголем преостанат дел од дождовната шума Горна Гвинеја, дом на неколку […]

ФП: Јапонија повеќе не смета на заштита од САД, ќе развива свое нуклеарно оружје


  Американското списание „Форин полиси“ пишува дека прашањето во Азија повеќе не е дали Јапонија и Јужна Кореја ќе развијат свое нуклеарно оружје, туку кога тоа ќе се случи. Причината е ерозијата на американскиот „нуклеарен чадор“, бидејќи Кина и Северна Кореја ја развиваат таканаречената способност за втор удар, односно способност да возвратат со нуклеарен напад […]

„Македонска поетика и стилистика“ и на Универзитетот во Загреб


  По промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и Скопје, колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи, вчера беше претставена и на Универзитетот во Загреб. Ова капитално дело веќе е во фондот на загрепските библиотеки и ќе биде дел од наставата на загрепскиот Филозофски факултет. Како што беше […]

Анкета: Повеќето Германци ја отфрлаат улогата на воено лидерство во Европа


Мнозинството луѓе во Германија се противат на тоа земјата да преземе улога на воено лидерство во Европа, според анкетата на Форса нарачана од Фондацијата Кербер. Анкетата покажа дека 61% од испитаниците одговориле со „не“ кога биле прашани дали Германија треба да преземе таква улога, додека 38% биле „за“. Отфрлањето било највисоко во источна Германија со […]

Украински власти: Двајца убиени, шестмина повредени во руските напади врз Киев


Најмалку две лица се убиени, а шест повредени во текот на ноќта во руски воздушен напад врз Киев, соопштија утрово украинските служби за итни случаи. Две лица се убиени, а пет се повредени во бомбардирањето на деветкатна станбена зграда во областа Днепар, а уште едно лице е повредено во напад врз зграда во областа Печерск, […]