Првични неофицијални резултати: Ѓорѓиевски води двојно пред Мециновиќ


Првите неофицијални резултати покажуваат дека кандидатот за градоначалник за Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води пред кандидатот на Левица, Емир Мециновиќ. Според овие првични бројки од досега пребројаните 54 отсто од гласовите Ѓорѓиевски освоил 44.991 гласови, додека Мециновиќ – 22.082 гласови, практично двојно помалку.  ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека ќе оствари голема победа во вториот изборен круг, а […]

Трамп во интервју за Си-Би-Ес: Си Џинпинг ги разбира последиците од евентуална кинеска инвазија на Тајван


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ги разбира „последиците“ од потенцијална кинеска инвазија на Тајван, но одби да прецизира дали САД ќе ја бранат островската нација во случај на напад. Трамп ова го соопшти во интервју што денес го емитуваше американската телевизија Си-Би-Ес (CBS). -Ќе знаете доколку тоа се случи, а […]

Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања


По затворањето на избирачките места во вториот круг од локалните избори во Северна Македонија, Јавното обвинителство излезе со оценка дека изборниот дел поминал „без поголеми нарушувања на изборниот процес“. „До јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени […]

ДУИ со поплаки дека се купувале гласови


Во име на ДУИ, пратеникот Арбер Адеми се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои гласаа на локалните избори, нагласувајќи дека процесот бил повеќе од обична локална трка – тој бил, како што рече, „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“. „Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни […]

ВМРО-ДПМНЕ очекува поголема разлика во споредба со противниците – први впечатоци


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, соопшти дека според сите досегашни извештаи, изборниот ден поминал во мирна и достоинствена атмосфера, без поголеми неправилности. „Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во вториот круг очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог – очекуваме голема […]

ВЛЕН: Гласањето во вториот круг во целина мирно и демократски


Непосредно по затворање на гласачките места, ВЛЕН денеска оцени дека процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН. „Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше […]

Спречен обид за бугарски воз на пет гласачки места во Карпош


Инфомакс  дознава дека на пет гласачки места во општина Карпош е направен обид од страна на власта да се прави т.н. бугарски воз. Имено на 5 избирачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од страна на набљудувачите да бидат изнесени надвор од гласачкото место. За овие инциденти кои сериозно […]

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори


Според претседателката Гордана Сиљановска Давкова денешните избори се европски. – Имавме европски избори. Очекувам мирен изборен ден со којшто ќе се заокружат локалните избори и итно фрлање на работа. Верувам дека граѓаните ќе излезат и ќе го искористат своето избирачко право, гласајќи по сопствено уверување! – стои во објавата на Сиљановска на Фејсбук. Откако денеска […]

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на социјалните мрежи упати порака до граѓаните во рамки на изборниот ден, повикувајќи на масовна и достоинствена излезност. „Денеска го исполнивме нашето демократско право – правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина. Гласот е тивок, но моќен инструмент, и […]

Заврши гласањето на осмите локални избори во вториот круг, почнува броењето


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Денеска не се гласаше за градоначалици во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, […]

Излезноста до 18:30 часот е 40,45%


Државната изборна комисија го соопшти последниот пресек на излезност за денешниот ден до 18:30 часот за вториот круг локални избори во 2025 година. На половина час пред затворањето на избирачките места, излезноста на територијата на цела Македонија е 40,45%, соопштија од ДИК. Од вкупно 1.013.357 избирачи кои имаат право на глас, и обработени 987,174 гласачи, […]

Нетанјаху: Протекувањето на видеото со злоставување на член на Хамас е „најлош напад“ врз имиџот на Израел во историјата


  Премиерот Бенјамин Нетанјаху го смета објавувањето на видео од озлогласениот затвор Сде Теиман за „можно најлошиот напад“ врз имиџот на Израел од основањето на државата. Видеото наводно го прикажува малтретирањето на палестински затвореник. Врвната воена адвокатка на Израел, Јифат Томер-Јерушалми, поднесе оставка во петокот по аферата. Според медиумските извештаи, таа ја призна одговорноста за […]

Архивот на јавни собири објави дека вчера во 12 часот во Нови Сад имало 110.000 луѓе


  Околу 110.000 луѓе биле присутни на комеморативниот собир во Нови Сад, по повод годишнината од падот на настрешницата на Железничката станица, во моментот на оддавањето на почитта, објави Архивота на јавни собири на Фејсбук. Оваа проценка не ги вклучува граѓаните кои во тој момент биле заглавени на пристапните патишта до Нови Сад, додава Архивот. […]

Синер триумфираше во Париз и се врати на врвот на АТП рангирањето


Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Мастерсот во Париз, откако вечерва во финалето, во два сета, го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим (АТП – 10), со 6:4, 7:6. Синер до победата дојде за еден час и 53 минути и од понеделник повторно ќе биде тенисер број еден во светот, бидејќи со овој триумф го […]

Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет


Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска […]

Излезноста до 17 часот е 34,62 отсто


Државната изборна комисија пред малку на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 34,62 отсто. До 17 часот вкупно гласале 279.241 лица.Споредено со излезноста во првиот круг во 17 часот, тогаш таа изнесувала 39,62 отсто, Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми неправилности, а избирачките места ќе бидат […]

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина


Кинеската влада ќе ги укине ограничувањата за извоз на критични минерали, ќе го запре извозот на хемикалии во Северна Америка потребни за производство на фентанил и ќе го продолжи протокот на полупроводници за автомобили, објави Белата куќа, детално опишувајќи го договорот постигнат од кинеските и американските преговарачи во четврток во Јужна Кореја, објавува Политико денес. […]

Околу 150.000 лица во Тел Авив му оддадоа почит на убиениот поранешен израелски премиер Јицак Рабин


 Околу 150.000 лица синоќа се собраа во Тел Авив да му оддадат почит на Јицак Рабин, поранешниот израелски премиер, добитник на Нобелова награда за мир, кој беше убиен пред триесет години. -Тоа беа различни времиња, кога лидерите сè уште преземаа одговорност – со зборови и дела. Одговорност – токму за тоа Израел копнее денеска, изјави […]

Турција почна да одбива руска нафта по санкциите на Трамп


  Како одговор на новите санкции на Вашингтон против Москва, турските рафинерии за нафта кои користеа руска нафта почнаа да купуваат сурова нафта од други земји, објави Ројтерс, повикувајќи се на информирани извори. Една од најголемите рафинерии во Турција, SOCAR Turkey Aegean Rafinery (STAR), во сопственост на азербејџанската SOCAR, неодамна купи четири товари сурова нафта […]

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците


  Нигерија денеска изјави дека ќе прифати помош од САД за борба против исламистичките бунтовници сè додека се почитува нејзиниот територијален интегритет, како одговор на заканите на претседателот Доналд Трамп за воена акција поради, како што рече, злоставувањата на христијаните во африканската земја. Трамп вчера изјави дека побарал од Министерството за одбрана да се подготви […]