„Вреди“ го доби Дебар, Фисник Меља прогласи победа во трката за градоначалник


Во Дебар, по вториот круг на гласање вечерва победа прогласи Фисник Меља, кандидат на „Вреди“ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Според изборниот штаб тој освоил над 700 гласови повеќе наспроти неговиот против кандидат Рамадан Имери, кој беше независен кандидат. Фисник Меља (41) е магистер по ИТ, оженет е и татко е на две деца. Тој е актуелен […]

Герасимовски објави победа во Центар


Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати за градоначалник на општина Центар, потврдувајќи ја победата на кандидатот поддржан од СДСМ.Со обработени 88,90% од гласовите (71 од 78 избирачки места), резултатите се: Горан Герасимовски (СДСМ) со  52,82% (9.877 гласа) и Мирослав Лабудовиќ (Движење ЗНАМ) со  38,34%(7.170 гласа). „Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на […]

ВРЕДИ слави во Тетово: Касами победник, Дурмиши најавува уште посилен втор мандат


Бесар Дурмиши, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово објави дека Биљал Касами победил со 5000 гласови повеќе од Бајрам Реџепи.  Тој оцени дека во најголем број тетовски населби имаат победа затоа што граѓаните ја ценат работата на градоначалникот Касами и му дадоа поддршка за втор мандат. -Граѓаните го кажаа своето мислење […]

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, е нов градоначалник на Кочани


Општина Кочани го доби нов градоначалник по вториот круг од локалните избори штп се одржаа денеска. Станува збор за Владко Грозданов, кој беше кандидат на  коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој обезбеди убедлива победа. По обработени 100 отсто од гласачките места, Грозданов освои 52,71 отсто од гласовите, или 7.368 гласови, додека неговиот противкандидат, Венко […]

Во Зрновци 11 гласа ја одлучија победата на кандидатот на СДСМ


  Најдобар доказ дека на избори секој глас е важен е општината Зрновци каде вечерва за само 11 гласа разлика победи Ванчо Митев. Зрновци покрај Центар е општината која ја добија со сигурност опозиционерите.    Митев, кој е кандидат на СДСМ, од обработени 100 проценти од гласовите, освои 690 гласа наспроти неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ […]

Митески се заблагодари за довербата во Аеродром: „Од утре почнуваме со работа!“


Актиелниот градоначалник на Аеродром останува во градоначалничката фотелја, и прогласи голема победа со 18.000 гласа.   „Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба! Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, ветува […]

Менди Ќура прогласи победа во Струга


Кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура, поддржан од „Вреди“, прогласи победа во вториот круг на локалните избори, и вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани. Во обраќањето вечерва пред неговите поддржувачи, тој рече дека има предност пред против кандидатот, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција со околу 500 гласови, што според него […]

Орце прогласи победа и помина под Триумфалната капија (Видео)


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, прогласи победа во изборот за градоначалник на Скопје.Се очекува голема разлика во однос на гласовите на противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ. Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, Ѓорѓиевски, симболично помина под Триумфалната порта и беше пречекан со факели од неговите симпатизери, по што се упати кон […]

Венко Филипче: Освоивме три општини, се соочивме со неверојатни притисоци (Видео)


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва им честиташе на граѓаните и на новоизбраните градоначалници, со порака дека партијата „има победа во Центар, Македонска Каменица и Зрновци“ и дека очекува уште неколку општини да им се приклучат по целосната обработка. „Им честитам на сите градоначалници кои добија мандати“, рече Филипче, најавувајќи дека „следуваат промени во нашите […]

Максим Димитриевски по трет пат е градоначалник на Куманово


  Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, по трет пат е градоначалник на Кумово. Со пребројани најголем дел од гласовите тој има недостижна предност.  Излезноста во вториот круг во Куманово беше многу мала, околу 34 отсто. Од тие гласови Димитриевски добил 16.000 гласови, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски околу 15.000 гласови. Во обраќањето пред поддржувачите Димитриевски […]

Сотир Лукровски слави во Карпош (видео)


Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, слави. -Драги мои карпошани, сакам да ви се заблагодарам на сите на огромната поддршка и да ја објавам историската поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, изјави вечерва Лукровски. „Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за […]

Дејан Митески останува градоначалник на Аеродром?


По пребројани гласови од 71 гласачко место во Аеродром, во двојно водство е актуелниот градоначалник Дејан Митески, од ВМРО-ДПМНЕ. Тој има псвоено 59,64 отсто од гласовите или 13.626 гласале за него, наспроти Александар Трајановски поддржан од СДСМ, кој има 30,29 отсто од гласовите или за него гласале 6.921. Остануваат да се сумираат и гласовите од […]

Муцунски: Во Кичево победи Јовановски


Во Кичево победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Јовановски, изјави вечерва потпретседталто на партијата Тимчо Муцунски. Инаку, вечерва во Кичево е раздвижено, по затворањето на гласачките места на кои се гласаше за градоначалник, а на кои противкандидати беа досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ, и Александар Јовановски, кандидат на коалицијата […]

Ќе го „даде“ ли Јакимовски Карпош? Лукровски води со 800 гласови предност


По пребројани речиси 58 отсто од гласовите во скопски Карпош во водство е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски. Досегашниот градоначалник Стевче Јакимовски во неколку мандати, заостанува зад својот противкандидат за 800 гласови. Сепак, засега пребројани се 46 од 74 гласачки места, односно  35.375 од 56.856 гласачи.

Во Струга ќе одлучува фото-финишот


Осумдесетина гласови ги делат кандидатие за избор на градоначалник на Струга. Таму води независниот кандидат Менди Ќира, поддржан од „Вреди“, со 10.425 гласови пред Арсим Далипи од националната алијанса за интеграција со 10.304.  Остануваат да се пребројат уште 13 гласачки места. Овие резултати се од избројани 87,13 отсто од гласовите.

Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа


Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа во вториот круг на локалните избори за градоначалник на општината. !Во Могила победи ВМРО-ДПМНЕ, победи вербата, упорноста и љубовта кон нашата општина“, објави Саботковски на Фејсбук. „Продолжуваме со уште поголема енергија и една цел — да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење“, објави […]

Во Куманово е тесно, Димитриевски е во предност од неколку стотици гласови


Независниот кандидат Горан Стојковски има извонреден пораст на гласовите во вториот круг на изборите за градоначалник на Куманово и таму трката е неизвесна, барем според пребројаните 64 отсто од гласовите. Градоначалникот Максим Димитриевски (ЗНАМ) се бори за трет мандат. Тој води со 49,99 отсто од гласовите (8.762), додека Стојковски освоил 45,99 (8.062).  За броење остануваат […]

СДСМ ќе го порази ЗНАМ: Герасимовски пред Лабудовиќ во Центар


Кандидатот за градоначалник во Центар од страна на СДСМ, Горан Герасимовски, води пред заедничкиот кандидат на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ , Мирослав Лабудовиќ.  Според податоците што ги објави ДИК од пребројани 37 отсто гласови води со 6.500 гласови пред Лабудовиќ, кој засега има 4.400 гласови. Ако остане овој тренд Герасимовски ќе победи со над 51 отсто […]

Во Брвеница кандидатот на ВЛЕН во голема предност пред ривалот од ВМРО-ДПМНЕ


  Со избројани 75 отсто од гласовите кандидатот на ВЛЕН, Хаќим Рамадани е во голема предност пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник Јовица Илиевски. Рамадани досега има освоено 60,7 отсто од гласовите (3.207), додека Илиевски 37,35 проценти (1.973). За пребројување остануваат уште гласовите од шест избирачки места.

ДИК почна со објавување на резултатите во живо


Државната изборна комисија почна да ги објавува резултатите од вториот круг на локалните избори во кои се гласа за градоначалник во 32 општини и во Градот Скопје.  Во моментот во во Скопје двојна е предноста на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, спрема противкандидатот Амар Мециновиќ, во Аеродром води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, во Центар е […]