Излезноста во Брвеница и Кичево до 15 часот е зголемена во однос на првиот круг


  Во двете општини каде се водат неизвесни битки за градоначалник во вториот круг излезноста е прилично зголемена. Во Брвеница, општина покрај Тетово, таа е зголемена за 10 отсто. Пред две недели излезноста до 15 часот изнесуваше 30, 55 отсто, а денеска 40,83 проценти. Во Кичево на 19 октомври излезноста до 15 часот беше 36,22, […]

Вучиќ најави предвремени избори во Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговото извинување до демонстрантите било искрено и дека не било израз на страв, туку на желба да се смири општествената атмосфера и да се врати дијалогот. -Моето извинување беше искрено, не затоа што сакам да се додворавам или затоа што се плашам, туку затоа што сакам да ја […]

Во Аеродром засега помал одзив од првиот круг


До 15 часот излезноста во Општина Аеродром изнесува 28,35%, што е околу три процентни поени пониско од одѕивот во првиот круг во истиот термин. Гласањето тече мирно, со редовни проверки на избирачките места и без поголеми забелешки. Според изборниот распоред, избирачките места се отворени до 19 часот. Традиционално, попладне се бележи засилен прилив на гласачи, па конечната […]

Мајката на загинатиот под настрешницата во Нови Сад, Стефан Хрка, почна штрајк со глад


 Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, почна денеска штрајк со глад пред Собранието на Србија. Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“. „Сите одговорни за падот на бетонската настрешница […]

Во Чаир пред две недели излезноста во 15 часот беше 35,65, а денес само 8,83 отсто


  Во скопските општини Чаир и Сарај каде пред две недели беа избрани градоначалници на општините во првиот круг, излезноста на гласачите е драматично намалена. Во Чаир денеска излезноста е само 8,83 отсто, додека во првиот круг таа беше речиси за четири пати поголема – 35,65 проценти. Со Сарај излезноста е уште помала: до 15 […]

Крушево со над 50 отсто излезност во 15 часот – Скопје се буди


Во попладневните часови излезноста во сите општини каде се гласа во втор круг на локалните избори, вклучително и Град Скопје, се зголемува, но Чаир и Сарај уште покажуваат комплетна незаинтересираност за избор на татко на градот. До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната […]

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место


Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување […]

Баерн минатата сезона заработи рекордни една милијарда евра


 Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден промет од речиси една милијарда евра за изминатата сезона. Информацијата беше објавено за време на Генералното собрание на баварскиот гигант на кое на Херберт Хајнер му беше доделен нов мандат како претседател на клубот. Извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен изјави дека Баерн остварил промет од 978,3 милијарди евра за […]

Членките на ОПЕК+ договараат поголемо производството на нафта за 137.000 барели дневно за декември


Осум членки на ОПЕК+, Саудиска Арабија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Кувајт, Оман, Казахстан и Алжир, денеска треба да се согласат да го зголемат производството на нафта за 137.000 барели дневно за декември. Исто така, можно е привремено да се паузира зголемувањето на производството, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на неименувани извори. ОПЕК+ од април ги зголеми […]

Девет лица од Македонија и Косово организирале нелегални борби со кучиња во битолско Црнеец


 Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и Косово кои организирале нелегални борби со кучиња. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни.  Четворица се од Косово –  на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на […]

Утре наутро – магла, попладне – дожд


Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.   Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба […]

Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир


Најголема излезност за градоначалник на Град Скопје според ДИК се забележува во општините: Карпош со 22,14%, Општина Центар 21,58% и Кисела Вода со 19,57%. Најмала излезеност до 13 часот има во Сарај со 3,58% и Чаир со 5,34%. Споредено со одзивот на гласачи во првиот круг и пресекот направен тогаш во 13 часот, излезноста била […]

И хрватски државјани надвор од државата ќе бидат повикани на задолжителна воена служба


Министерството за одбрана на Хрватска соопшти дека сите хрватски државјани, без разлика каде се наоѓаат, се должни да ја извршат задолжителната воена служба. „Лицето кое го има државјанството на Република Хрватска, без оглед во која земја се наоѓа, е подложно на мобилизација“, соопшти Министерството за одбрана. Тоа значи дека сите кои живеат надвор од Хрватска, […]

Дали Кина ја добива трговската војна со САД? Еве што велат податоците


Повеќегодишната трговска војна меѓу Кина и САД се интензивираше во февруари 2025 година, кога претседателот Доналд Трамп воведе царини за азиската нација, Канада и Мексико на 1 февруари. Оттогаш, двете земји имаат хаотичен однос, при што меѓусебните царини понекогаш достигнуваат троцифрени нивоа. Но, откако Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг се сретнаа во Јужна Кореја […]

Дигиталното евро во оптек од 2029 година


Дигиталното евро, кое ќе го издаде Европската централна банка (ЕЦБ), би можело да влезе во оптек за прв пат во 2029 година, доколку законската рамка биде усвоена до следната година. Европската централна банка (ЕЦБ) ја заврши двегодишната подготвителна фаза од проектот за дигитално евро во октомври. Целта на проектот е да се обезбеди европски монетарен […]

Изборите без посериозни нарушувања, соопшти МВР


Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека гласањето во вториот круг од локалните избори се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера на целата територија на државата. МВР информира дека презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на целиот изборен процес. Од МВР велат дека досега нема […]

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто


Излезноста во вториот круг од локалните избори е 19,96 отсто на територија на целата држава, додека најмала е излезноста во скопските општини Чаир и Сарај, каде излезноста е околу 5 односно 3 отсто до 13 часот.  За Скопје излезноста е 15,28 отсто, додека во другите скопски општини се движи од 13,3 отсто во Бутел до […]

Жител на Богданци починал од повреди по тепачка, уапсен 55-годишник од Сретеново


Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р.. Како што соопшти МВР денеска во дневниот билтен, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22:25 часот во неговото село Сретеново. Претходно, […]

„Шеин“ продавал кукли 18+ со детски изглед


Француската агенција за заштита на потрошувачите го пријави азискиот моден гигант „Шеин“ на властите за продажба на „секс кукли со лик на деца“ на својата веб-страница. Генералниот директорат за конкуренција, потрошувачки прашања и борба против измама (DGCCRF) изјави дека онлајн описот и категоризацијата на куклите „го отежнуваат сомневањето за природата на содржината како детска порнографија“, […]

Експлозија на непозната бомба на плоштад во Сараево


Синоќа околу 23:15 часот на плоштадот „Завно“ во сараевската општина Нови Град се случи експлозија, која го вознемири населението во близината на Алипашино Поље, објави „Ослобоѓење“. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди дека станува збор за непозната експлозивна направа. Дежурниот обвинител го класифицира настанот како кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување туѓ […]