Уапсени уште петмина за грабежот во Лувр. Меѓу нив и главниот осомничен


  Уште пет лица беа уапсени во регионот на Париз во среда вечерта по спектакуларната провала во музејот Лувр што се случи во недела, 19 октомври. Веста за РТЛ ја потврди париската обвинителка Лори Бекуау според француските медиуми. Главен осомничен поврзан со грабеж преку ДНК докази Еден од петте уапсени мажи беше главната цел на […]

Гроси: Иран не развива нуклеарно оружје


Првиот човек на телото на ОН за нуклеарен надзор, Рафаел Гроси,  потврди дека Иран не развива нуклеарно оружје, нагласувајќи дека земјата останува во рамките на режимот на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННР). Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), на новинарите во седиштето на ОН во Њујорк им изјави дека […]

Орбан започнува антивоена кампања со собири низ Унгарија – Унгарците нема да се борат!


Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, по која ќе следат мировни митинзи низ целата земја, и посочи дека смета дека таа е неопходна во светлината на воинствената политика на Европската Унија во поддршката на Украина во нејзиниот конфликт со Русија. „Опасноста од ширење на војната е поголема сега од кога било. Европејците […]

Без вода дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев


Поради изведување водоводен приклучок, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Иман Тотич ќе нѐ претставува на Мис Универзум 2025


Македонија годинава добива достоинствена претставничка на еден од најпрестижните светски избори за убавина – Miss Universe 2025. Иман Тотич ќе ја претставува нашата земја во ноември, на големата сцена во Тајланд. Таа е речиси непозната за македонската јавност зашто е успешен модел кој гради меѓународна кариера во Лондон, каде работи за реномирана модна куќа.  Информацијата […]

Ема Вичар (23) е мис Хрватска за 2025


Синоќа, во Загреб беше избрана нова Мис на Хрватска. Оваа година, титулата ја освои Ема Хелена Вичар. Победничката ќе ја претставува Хрватска на 73-от избор за Мис на светот, најстариот и највлијателен избор за убавина на глобално ниво. Лентата ѝ ја врачи поранешната Мис на Хрватска, Томислава Дукиќ. За новата Мис на Хрватска Ема Хелена […]

Врие во „Парамаунт“: Масовни отпуштања, најпогодена редакцијата на Си-Би-Ес њуз


„Парамаунт“ отпушта околу илјада вработени, а меѓу најпогодените е редакцијата на Си-Би-Ес њуз, каде што речиси стотина луѓе ги загубија своите работни места. Овие потези се дел од долгорочен план за намалување на трошоците што следеше по спојувањето на Paramount со Skydance Media, пишува „Гардијан“. Вработените во Си-Би-Ес њуз со месеци се мачат од најавениот […]

Гардијан: Гугл и Амазон му помагаат на Израел со таен код


Технолошките гиганти Google и Amazon се согласија на необични услови за да обезбедат профитабилен договор од 1,2 милијарди долари со израелската влада, вклучително и употреба на таен код познат како „механизам на намигнување“. Овој механизам е дизајниран да им овозможи на компаниите да ги заобиколат законските наредби и тајно да го известат Израел кога се […]

Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје


Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен […]

Студено утро, преку ден сончево


Утрото денеска ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 4, а максималните ќе достигнат од 16 до 21 степен. […]

Свечено затворање на фестивалот „Златна лира“ со доделување на награди и концерт на пијанистот Глигор Гелебешев


Во Музејот на македонската борба, вечерва во 20 часот, ќе се одржи свеченото затворање на фестивалот „Златна лира“, во организација на Здружението на музички уметници на Македонија (СМУМ). Во рамки на настанот ќе бидат доделени традиционалните награди „Златна лира“. Наградата за животно дело годинава ѝ се доделува на истакнатиот кларинетист и професор Стојан Димов, за […]

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Карпош


 Корисниците на неколку улици во општина Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.  Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Софиска“ 7 и […]

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика


Македонските ракометни легенди и гостите од Европа синоќа приредија ракометно уживување и спектакл во салата „Јане Сандански“. Ракометните легенди беа на сцена, а целиот настап беше во организација на „Спортско радио 90,3 ФМ“, кое слеваше 20 години од своето постоење. Спортскиот настан беше поздравен со околу 4.000 навивачи, а резултатот беше во втор план и […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 30 октомври 2025 година, 303-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 62 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 4 минути, а ќе зајде во 16 часот и 30 минути. Денов трае 10 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Лукровски ќе ги лечи карпошани, ветување што се граничи со поткуп


  Откако со собирањето отпад низ Карпош не се прослави, кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ почна да ветува сѐ и сешто, поминувајќи ја границата  – од политичка програма до политички поткуп. Веќе цела недела Лукровски шета по приватните болници „Систина“ и  клиниката „ Жан Митрев“ ветувајќи бесплатни прегледи за остееопороза, за очи, за […]

Линдита ги повика кичевчани да го поддржат нејзиниот сопруг Македонец за градоначалник


Професорката Линдита Јовановски, сопруга на кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, јавно им се обрати на своите сограѓани, повикувајќи ги да гласаат за нејзиниот сопруг во вториот изборен круг. Во емотивно видео обраќање на албански јазик, Линдита порача дека Кичево заслужува градски татко кој ќе работи за сите – без разлика на […]

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени


„ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерашниот собир во Конче во поддршка на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Благој Илиев. Тој остро ги осуди притисоците врз граѓаните во текот на кампањата, потенцирајќи дека власта […]

Меџити најавува дека коалицијата на ДУИ ќе се распадне


Лидерот на Вреди, Изет Меџити, кој во првиот круг од локалните избори го победи неговиот противкандидат Бујар Османи во трката за градоначалник на Чаир вечерва во гостување на ТВ 21 изјави дека Национална Алијанса за Интеграција (НАИ) ќе биде распуштена и дека ќе има структурни промени. Меџити изјави дека во редовите на НАИ постоело очекување […]

Сирија го призна Косово


Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија ја признала независноста на Република Косово, пренесува Анадолу. Османи, кој е во официјална посета на Ријад, изјави дека со поддршка на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е постигнат договор со кој Сириската Арапска Република ја признава Република Косово. „Народот на Косово и Сирија многу страдаше и жртвуваше“ […]

Поради Задушница, во сабота нема да се одржи „Маршот на ангелите“


Оваа сабота 1- ви Ноември, нема да има марш, бидејќи е Задушница, информираа на Фејсбук од Здружение на граѓани 16ти Март 2025.   „Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде […]