Кремљ не верува дека започнува нова рунда од трката за нуклеарно вооружување


Кремљ не верува дека започнала нова рунда од трката во вооружување меѓу Русија и САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно денеска нареди итен почеток на тестирањето на нуклеарно оружје и исто така спомена дека САД имаат полигони за тестирање на нуклеарно оружје, а деталите за тестовите ќе бидат […]

Израелски дипломат: ЕУ не е САД и треба да има почит кон Израел


 Европската Унија треба да се однесува со почит кон Израел и да престане да се меша во неговата политика, доколку сака да одржува добри односи со земјата и да игра некаква улога во мировниот процес на Блискиот Исток, порача политичкиот директор во израелското Министерство за надворешни работи, Јоси Амрани.  – Европската Унија треба да сфати […]

Прогресивната Д66 вистински победник на изборите во Холандија


  Центристичката партија Д66 оствари огромен напредок на холандските избори, што веројатно ѝ даде водство во формирањето влада, бидејќи партијата на лидерот на крајната десница Герт Вилдерс ја изгуби поддршката. Со пребројани 97% од гласовите рано во четвртокот, се очекува Д66 и Партијата на слободата (ПВВ) на Вилдерс да освојат 26 места во Долниот дом […]

Жители од Крушево се жалат на институционален притисок пред изборите


Жители од Крушево информираат дека овие денови градот е под вистинска опсада, со сериозни притисоци, закани и уцени врз граѓани и бизниси, спроведени преку државни институции. Според нив, Управата за јавни приходи со повеќе инспекции врши масовно казнување на мали и семејни бизниси, а потоа инспекторите сугерираат дека „помош“ можат да добијат ако се обратат […]

Најбезбедните земји за патување во 2026 година. Фаворитите повеќе не се на листата


Објавена е нова листа на најбезбедни дестинации во светот за 2026 година. Berkshire Hathaway Travel Protection ја составува листата речиси една деценија, а овогодинешното рангирање носи нов победник и ги елиминира некои долгогодишни фаворити. Холандија е на врвот на листата Холандија е на врвот на листата за 2026 година, правејќи зачудувачки скок од 14-то место […]

Лани сме увезле 65,5 отсто од потребната енергија


Лани (2024г.) 65,5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена преку увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2.541.849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44,7 % и цврстите горива со 24,9 %. Исто така лани, бруто-примарното […]

Германската економија и натаму стагнира, „Фолксваген“ објави нето загуба од 1.072 милијарди евра во третиот квартал


Германската економија продолжи да стагнира и во третиот квартал од годинава, а некои од најголемите компании, меѓу кои и групацијата „Фолксваген“ и националниот авиопревозник „Луфтханза“ бележат негативни резултати во работењето.   Германскатат статистичка служба соопшти дека бруто домашен производ (БДП) во третиот квартал остана непроменет во споредба со претходниот тримесечен период. Иако има подобрување во однос […]

Компанија основана од пријател на Путин ќе ги купи странските имоти на „Лукоил“


  „Лукоил“, руската нафтена компанија која е предмет на санкции од САД, ќе ги продаде своите странски средства на меѓународниот трговец со стоки „Гунвор“. Самиот „Гунвор“ даде понуда, објави компанијата. „Клучните услови на договорот беа претходно договорени од страните. „Лукоил“, од своја страна, ја прифати понудата, согласувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, […]

Васил Хаџиманов со концерт во „Паблик Рум“ на 1 ноември – вечер на импровизација и звучна алхемија


Еден од најавтентичните и највлијателни џез музичари од Балканот, Васил Хаџиманов, ќе одржи концерт на 1 ноември во „Паблик Рум“ во Скопје, каде што ќе настапи со својот бенд во состав познат по силната сценска енергија и непредвидливите музички патувања. Публиката може да очекува вечер исполнета со слобода, импровизација и емоција, со избор од делата […]

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона


Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред се на проиширувањето на авиолиниите на „Виз Ер“. Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548 илјади патници повеќе од лани, […]

„Ареа“ и Young Dadi со нова верзија на хитот „Очи ангелски“ – 25 години подоцна


АРЕА И YOUNG DADI СО НОВА ВЕРЗИЈА НА ХИТОТ „ОЧИ АНГЕЛСКИ“ – 25 ГОДИНИ ПОДОЦНА Песната „Очи ангелски“, безвременската нумера на Ареа, добива нов живот и нова димензија во ново издание во соработка со Young Dadi. Новата верзија излезе во етер синоќа, на 29 октомври, само десет дена пред големиот концерт на Ареа во СЦ „Јане […]

Колапс на целата автомобилска индустрија на повидок?


Европските производители на автомобили предупредија дека доколку не се најде решение, ќе бидат принудени да го запрат производството во рок од неколку дена поради влошување на недостигот на полупроводници откако Кина го забрани извозот на чипови произведени од Nexperia. Гардијан објавува дека Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), чии членови се Volkswagen, Stellantis, Peugeot […]

Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата


  Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од водачите на „Вреди“, Изет Меџити, дека е можно Алијанса да стане дел од Владата. Тој потенцира дека секогаш дејствувал чесно за да ги заштити правата на Албанците, а не за привилегиите на власта. „Вие […]

Принцезата Беатрис и принцезата Јуџин ја избегнуваат Англија среде скандалот со принцот Ендру


Лондон – Додека скандалот продолжува да се врти околу нивните родители, принцот Ендру и Сара Фергусон, принцезата Беатрис и принцезата Јуџин  тивко ја напуштија Велика Британија, и двете на „невидливи“ екскурзии надвор од земјата, според Hello!. Изданието објави дека Јуџин била фотографирана во Париз со две нејзини пријателки покрај Сена, со Ајфеловата кула видлива во […]

В недела нема да има избори во Гостивар, Маврово, Врапчиште и Центар Жупа


Во недела, кога ќе се одржи вториот круг од локалните избори, нема да се гласа во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, затоа што на гласањето во првиот круг на 19 октомври не беше постигнат цензусот од најмалку една третина излезност. Во овие општини ќе почне нова изборна постапка за избор на градоначалник […]

Персиска мачка од Ниш прогласена за најубава на светот во Софија


Софија– Персиска мачка од Ниш, јужна Србија, победи на меѓународната изложба за најубави и најдобри мачки организирана од Светската федерација за мачки (World Cat Federation – WCF) во Софија. Имено, изминатиов викенд во главниот град на Бугарија, првото место беше резервирано за српската куќа за одгледување мачки „Николато“ – специјализирана за одгледување персиски мачки. Притоа, мачорот […]

Инфлацијата ќе забавува и ќе се доближи до историскиот просек, вели вицегувернерката Ана Митреска


„Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво. Просечната инфлација во 2025 година досега се движи околу 4%, а врз основа на сите расположливи претпоставки и мерките преземени досега од Народната банка, очекуваме дека инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се […]

Здружение на пензионери во Центар: Се надеваме дека одличната соработка со Герасимовски ќе продолжи


Здружението на пензионери на Општина Центар изрази надеж дека добрата соработка со актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе продолжи и во иднина. Тие информираат дека на вчерашната средба размениле повеќе идеи и предлози за подобрување на условите за пензионерите во општината. На својот официјален Фејсбук-профил, здружението напиша: „Денес градоначалникот на Општина Центар беше во […]

Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела


Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – За споредба, во […]

Утрово минусни температури во Берово и Струмица


Најстудено утрово е во Берово, -2 степени Целзиусови, а максимални 6 степени се измерени во Крушево. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот -1 степен е измерен во Струмица, 0 во Битола, Тетово и Демир Капија, 1 во Скопје–Петровец и Крива Паланка, 2 во Лазарополе, Прилеп, Куманово, Велес и Гевгелија, 3 во Штип, Кавадарци, […]