Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде, променливо облачно претпладне, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност.   Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен по должина на Повардарието.   Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Времето во следните денови Следува […]

Дајана Китон, ѕвездата од „Ени Хол“ и „Кум“, почина на 79 години


  Дајана Китон, една од најомилените филмски ѕвезди во изминатите 50 години, почина на 79-годишна возраст во Калифорнија. Веста ја потврди списанието „Пипл“. Понатамошни детали засега не се достапни, а нејзините најблиски побараа приватност, според портпаролот на семејството. Смртта на Китон беше шок за Холивуд и остатокот од светот. Актерката не беше во јавноста неколку […]

Никој не те мрази, сите те презираат, порака од Филипче до Мицкоски


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината во Јегуновце, му порача на премиерот Христијан Мицкоски, дека никој не го мрази, туку сите го презираат. Филипче укажа дека Мицкоски зборува за омраза а самиот тој е извор на омраза, на деструктивна реторика која го дели народот и ја дестабилизира државата. „Мицкоски вчера вели СДСМ имал патолошка […]

Мицкоски го нападна и Пендаровски на митингот во Крушево


  Освен стандардните обвинувања против Венко Филипче, Али Ахмети и Димитар Апасиев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриастијан Мицкоски вечерва ги сврте своите напади и кон поранешниот претседател Стево Пендаровски по неговото петочно учество во поткастот „Политиканти“. „Тој го нарече „главен трачер во друштвото“, откако Пендаровски вчера соопшти дека лицата со кодни имиња „Цилиндар“ и „Џокер“, кои […]

11 октомври во историјата – Објавена е „Imagine“ на Џон Ленон


  На 11 октомври 1971 година е објавена „Imagine“ на Џон Ленон, една од највлијателните песни на 20. век. Ленон почна да ја пишува песната додека сè уште беше член на „Битлси“, во време кога бендот постигна невидена популарност, но се бореше да се справи со својата нова реалност. Идеалистичките, утописки текстови на песната беа […]

Родителите од Кочани од утре почнуваат едночасовни блокади сѐ до почетокот на судењето


Од утре ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15,15 до 16,15  часот, сѐ додека не започне судењето.  Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од […]

Вашеро приреди уште една сензација во Шангај – го победи и Ѓоковиќ


  Во неверојатната недела на уште поневеројатни успеси тенисерот од Монако Валентан Вашеро (204. на ранг листата) во саботата утрината на Мастерсот во Шангај го исфрли и Новак Ѓоковиќ со победа во два сета 6:3 и 6:4. Иако Ѓоковиќ постигна брејк предност во првиот гем од натпреварот, 26-годишникот веднаш возврати со брејк во вториот гем […]

Мицкоски на 11 Октомври: Оваа генерација е последна шанса за Македонија


  Премиерот Христијан Мицкоски денешното обраќање во Прилеп на одбележување на 11 Октомври – Денот на востанието, го искористи да повтори некои работи: дека неговата влада нема да попушти доколку нема да се остварат барањата за променатата на уставот, дека опозицијата претставил фалшливи црвени лини, па зборуваше колку тој макотрпно работи… и малку апокалиптично рече […]

Разбојниците во Гостивар украдоа злато вредно 1,8 милиони евра


  Грабежот беше филмски, вредноста на украденото злато уште пофилмска. Четворица разбојниците пред очите на минувачите влегоа во златарница во центарот на Гостивар, многу брзо украдоа 18 килограми злато во вредност од 1,8 милиони евра и избегаа со џип „бмв“. Сето тоа беше снимано од минувачи. Од Министерството за внатрешни работи велат дека четирите лица […]

Муцунски демантира дека постои договор со Британија за прифаќање мигранти


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, попладнево преку објава на својот Фејсбук профил вели дека нема никаков договор со Велика Британија за прифаќање мигранти и тие наводи ги оквалификува како дезинформации. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го повика министерот Муцунски најдоцна до утре да ја информира јавноста дали се разговара со Велика Британија […]

Возачот на министерот за здравство е тој што беснееше по „Партизанска“ во Скопје


  Откако во јавноста се појави снимката како едно службено возило на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје поминува преку две полни линии, и уште вклучува и флешери беше откриено дека тој бил возач на министерот за здравство Азир Алиу. Возачот доведе во опасност неколку пешаци, а потоа неправилно се престројуваше. Министерството за надворешни работи денеска […]

Мицкоски рече дека Лукровски ќе победел уште во првиот круг во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе има и втор круг


  Претседателот на партијата ги гледал анкетите и тврди дека во Карпош ќе имало само еден круг на изборите за градоначалник, додека неговата ВМРО-ДПМНЕ мисли поинаку – ќе имало и втор круг. Какофонија во изјавите на Христијан Мицкоски и претставниците на пратијата. Пред неколку дена, на митинг во скопската општина Карпош, Христијан Мицкоски, зборувајќи за […]

Филипче на средба со борците по повод 11 Октомври, НОБ е клучот за Македонија


  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, одржа средба со претставници од Сојузот на борци на НОАВМ.   Филипче го честиташе големиот македонски празник, го истакна аманетот на борбата и го посочи значењето и придонесот на НОБ и на Сојузот на борци во […]

Ѓорѓиевски најави културни проекти за Аквадуктот и Скупи


  Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на неговата изборна програма – „Скопје – град на слоеви, град на култура“. „Скопје е град што има историја, карактер и душа. И секогаш културата била таа што го чувала неговиот дух. Затоа, денеска ви […]

Случајот со „белото“ на директорот на Неврологија откри нови проблеми во здравството


  Видеото како директорот на Клиниката за неврологија, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, расправа како е најдобро да се конзумира кокаин и при тоа умешно го подготвува „белото“ за конзумирање откри и дополнителни проблеми во здравството – дали дали пациентите биле лекувани на соодветен начин ако нивниот доктор евентуално бил под наркотични средства. Министерот за здравство, Азир […]

Бујар Османи се гледа себеси како дежурен лекар на жителите на Чаир


  Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција изјави дека како иден градоначалник, се гледа себеси и како дежурен лекар на 80.000 жители во општина Чаир. Најзначајниот проект што Османи го најави е воспоставување на мобилна болница, како караван кој секојдневно ќе биде присутен во различни маала, каде што граѓаните ќе […]

Пендаровски: Мицкоски разбра дека „агентот што го следел бил од најмоќната тајна служба“


  Премиерот Христијан Мицкоски се излизга или беше наместен – така изјави поранешниот претседател Стево Пендаровски во поткастот „Политиканти“ околу наводната афера дека тој бил следен од агенти на тајната служба. Но не само тоа: објавувајќи ги кодните имиња „Цилиндар“ и „Џокер“ од собрансиската говорница, Пендаровски рече дека едниот е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Јакимовски се пофали дека сите основни училишта во Карпош имаат фото-панели


  Во сите 10 основни училишта во општина Карпош веќе се поставени фотоволтаични панели – проект кој ја позиционира општината како лидер во зелена енергија и одржлив развој. Ова не е шминка, туку вистинска работа, визија и енергија што носи резултати, вели актуелниот градоначалник и кандидат за за уште еден мандат во Карпош, Стевчо Јакимовски, […]

На 11 Октомври Сиљановска повика на обединување и сплотеност


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во пораката до граѓаните за празникот 11 Октомври, Денот на востанието, повика обединетост и сплотеност, за зачувување на она што го наследивме. „Отпорот и антифашистичката борба на македонскиот народ, во време кога многу поголеми и посилни народи се придружија кон оската на злото, или се дистанцираа од војната, се доказ дека […]

Макрон повторно го именува Лекорну за премиер


  Францускиот претседател, Емануел Макрон, повторно назначи својот центристички сојузник Себастијан Лекорну за премиер – неколку дена откако Лекорну драматично поднесе оставка, а неговата нова влада се распадна по само 14 часа. Лекорну рече дека прифатил да се врати на функцијата „од должност“ и дека ќе направи „сè што е можно за да ѝ обезбеди […]