Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација


Северна Кореја, според сателитски снимки, без претходно известување испуштила вода од брана северно од границата со Јужна Кореја, а поради зголемувањето на нивото на реката Имџин, населението доби предупредување за евакуација, соопштија денеска јужнокорејските власти. Во соопштението на јужнокорејското Министерство за клима, енергетика и животна средина се наведува дека сателитските снимки направени околу 23:00 часот […]

Герасимовски: Опожарените бараки кај „Партизан“ заминуваат во историја, го враќаме просторот во функција на граѓаните


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан“ во Градски парк, Во рамки на акцијата се отстрануваат темелните бетонски плочи и армираните конструкции врз кои беа поставени бараките, како и отпадот што со години се таложел […]

Судирот на границата се претвори во војна: Убиени се 58 пакистански војници, Талибанците испраќаат тенкови 


Талибанските сили убија 58 пакистански војници и ранија дополнителни 30 во операции долж линијата Дуранд, според портпаролот на авганистанската влада Забихулах Муџахид, и зазедоа 25 пакистански позиции. Авганистанското Министерство за одбрана ги опиша операциите како одмазда за она што го нарече повторени нарушувања на авганистанскиот воздушен простор и територија, вклучително и воздушни напади врз Кабул […]

Шукова: Фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка на најранливите граѓани на Скопје


Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба која ќе им помогне на најранливите во нивните домови планира Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Во изјава за медиумите денеска таа кажа дека ќе биде основан […]

Поради дефекти без вода делови од Центар и Ченто


Корисниците на дел од улицата „Алија Авдовиќ“ и улица „28“ бр.6 во Сингелиќ немаат вода поради уличен дефект на улицата „Алија Авдовиќ“, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје. Без вода се и корисниците на дел од улиците „50-та Дивизија“ и „Јордан Мијалков“ во Центар поради дефект на приклучна цевка на ул.„50-та Дивизија“ . Како што соопшти […]

Извор од Хамас вели дека групата се откажува од контрола над Газа


Извор од Хамас близок до преговарачкиот тим на палестинската милитантна група Хамас изјавил дека нема да учествува во управувањето со Газа по војната, неколку дена по стапувањето во сила на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. – За Хамас, управувањето со Појасот Газа е затворено прашање. Хамас воопшто нема да учествува во транзициската фаза, […]

Ливриниќ: Бутел заслужува и женски ракометен клуб


 Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ, присуствуваше на натпреварот од Првата ракометна лига помеѓу екипите на Алкалоид и Бутел, одигран во салата во Автокоманда, се наведува во соопштението. „Мојата ќерка Елена седум години активно играше ракомет за Металург и за македонската репрезентација. Во истата оваа сала безброј пати сум била како […]

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура


 Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Како што соопштија од УЈП, […]

ОЈО Скопје поведе постапка против три лица за криумчарење луксузни автомобили во државава


 Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриената шема на дејствија за криумчарење луксузни автомобили од странство преку фалсификување службени и други исправи. Дел од учесниците во оваа […]

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет


Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за утре во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа, соопшти претседателството на Египет. Состанокот се одржува откако претходно оваа недела беше постигнат прекин на огнот и договор за ослободување на заложници меѓу […]

Најстудено утрово во Лазарополе


Најниска температура од 2 степени Целзиусови утрово е измерена во Лазарополе. Следи Попова Шапка со 3 степени, 4 во Маврови Анови, 6 Тетово, Крушево, Претор, 7 Струмица, Берово, 8 Крива Паланка, Виница, 9 Охрид, 10 Битола, Демир Капија, 11 Штип, 12 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Куманово, 13 Гевгелија и 14 во Велес. Како што соопшти […]

Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите


Во петокот наутро, берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) беше на еден чекор од нов рекорден максимум. А потоа, по само една објава на претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи, беа избришани 2 билиони долари (две илјади милијарди) пазарна вредност, што покажува колку влијание сè уште има самостојна трговска политика на претседателот врз судбината на […]

Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини


Кина ги обвини САД за двојни стандарди и се закани со контрамерки по објавата на претседателот Доналд Трамп за дополнителни царини. Министерството за трговија во Пекинг денеска соопшти дека Вашингтон долго време го злоупотребува принципот на национална безбедност, применува контроли на извозот, спроведува дискриминаторски мерки против Кина и еднострано ја проширува својата надлежност врз производи […]

Најмалку 16 загинати во експлозијата во фабриката за воени експлозиви во Тенеси


Истражителите сега веруваат дека огромната експлозија во фабриката за воени експлозиви во Тенеси убила 16 луѓе, соопштија властите. Претходно било соопштено дека 18 лица се водат како исчезнати по експлозијата во петокот, но две лица, чии возила и лични предмети биле пронајдени на местото, всушност не биле таму кога се случила експлозијата, изјави на прес-конференција […]

Судири на границата меѓу Авганистан и Пакистан, има и жртви


Пакистан денеска ги затвори граничните премини со Авганистан, откако пограничните сили на двете земји размениле силен оган во текот на ноќта. Граничните премини Торкам, во северозападната провинција Кајбер Пахтунва, и Чаман, во југозападната провинција Балучистан, се затворени, изјави безбедносен претставник. Локалните медиуми објавија видеа и се повикаа на безбедносни извори според кои Пакистан зазел најмалку […]

Телескопот Џејмс Веб можеби ги открил првите „темни ѕвезди“ во универзумот


Астрономите веруваат дека вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА можеби ги забележал првите „темни ѕвезди“ во универзумот – исконски тела составени од водород и хелиум кои се фундаментално различни од ѕвездите напојувани од нуклеарна фузија што ги знаеме денес, пишува Futurism. Ѕвезди напојувани од темна материја Во неодамнешен труд објавен во списанието Proceedings of the […]

(Фото) Брадестите мршојадци со векови чувале предмети изработени од човекот во своите гнезда


Брадестиот мршојадец, голема граблива птица позната по својата необична исхрана што се состои речиси целосно од коски, долго време ги фасцинира научниците. Но, една нова студија сугерира дека птиците се уште поинтригантни отколку што се мислеше претходно. Нивните гнезда, користени со генерации, функционираат како еден вид „природни музеи“, зачувувајќи вековни културни артефакти, објавува Си-ен-ен. Во […]

Стоклунд: Со ЕЕС ќе спречиме терористи и мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната


 Мораме да направиме се што можеме за да спречиме терористите и нерегуларните мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната, порача данскиот министер за имиграција и интеграција Расмус Стоклунд по повод денешниот старт на имплементацијата на новиот електронски Систем за влез/излез на надворешните граници на Шенген зоната.  – Од клучно значење е да одржуваме ефикасна контрола […]

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија


Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, поднесе оставка по синоќешниот пораз (0:1) од Албанија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. -Разговарав со претседателот и генералниот секретар и поднесов оставка. Јас лично не го очекував овој пораз. Преземам целосна одговорност и прифаќам целосна вина за овој пораз, изјави Стојковиќ на прес-конференцијата по натпреварот во […]

Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната


Европската комисија извести дека од денеска стартува фазната имплементација на новиот систем за премин на надворешните граници на Европската Унија. Државите-членки ќе започнат со прибирање на дигитални информации за граѓани од не-ЕУ држави кои престојуваат до 90 дена. Транзициската фаза ќе трае половина година, период во кој државите самостојно ќе одлучуваат на кои гранични премини […]