Јаневска на министерски состанок за истражувања и иновации во Подгорица


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок за истражувања и иновации на земјите од Западен Балкан, што се одржува во Подгорица, Црна Гора. На дводневниот настан, како што соопшти МОН, предвидени се повеќе панел дискусии посветени на развојот и поврзувањето на истражувачката инфраструктура во регионот, како и […]

Кинеската економија расте со најбавно темпо во една година


Кинеската економија порасна за 4,8% во третиот квартал во однос на претходната година, што е најбавното темпо во годината, но во согласност со очекувањата на аналитичарите и покрај континуираниот пад на пазарот на недвижности. Инвестициите во основни средства, кои вклучуваат недвижности, неочекувано паднаа за 0,5% во првите девет месеци од годината, бидејќи трошоците за инфраструктура […]

Верстапен победи во Остин


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на САД возена синоќа во Остин. Холанѓанецот стартуваше од пол-позицијата и водеше на целата дистанца. Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 7,959 секунди зад победникот. Шарл Леклер од Ферари заврши трет, 15,373 секунди зад него. Лидерот во табелата на возачите во Формула 1, […]

Зеленски: Украина нема да му даде ништо на агресорот и нема да заборави ништо


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина нема да „даде ништо ниту да заборави“ на Русија, најавувајќи зајакнување на одбранбената и енергетската соработка со меѓународните партнери. Киев активно работи на обезбедување воена и енергетска поддршка за наредниот период, пишува United24 Media. Во своето последно обраќање, Зеленски откри дека Украина работи со европските сојузници за проширување […]

Трамп: Не му кажав на Зеленски дека мора да го предаде целиот Донбас на Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во претседателскиот авион дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас е сè уште важечки и рече дека нема да ги укине царините за Индија сè додека не престане да купува руска нафта. „Да, сè уште е важечки“, одговори Трамп кога новинарите го прашаа дали прекинот на […]

Почнува 16. ЕХО – Фестивал на планински филм


Од денеска до  24 октомври во Кинотеката ќе се одржува 16. ЕХО – Фестивал на планински филм, кој вечер ќе биде отворен со полскиот филм „Последната експедиција“ (The Last Expedition) на режисерката Елиза Кубарска – инспиративна приказна за жени алпинисти кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите. Покрај проекцијата, обраќање ќе има и писателката […]

Пораз на левицата во Боливија: центристот Родриго Паз победи на претседателските избори


Сенаторот Родриго Паз Переира победи во вториот круг од претседателските избори одржани вчера во Боливија, покажуваат прелиминарните резултати. Кандидатот на центристичката Христијанско-демократска партија освои околу 55 отсто од гласовите по пребројувањето на речиси сите ливчиња, што изборната власт го опиша како „неотповиклива предност“. Неговата победа става крај на речиси две децении левичарски влади во земјата, […]

По украински напад прекинато снабдувањето со гас во Русија од Казахстан.


Голема руска фабрика за преработка на гас во Оренбург, најголемата во светот, беше принудена да го запре снабдувањето со гас од Казахстан вчера, потврди Министерството за енергетика на Казахстан. Прекинот се случи по украинскиот напад со беспилотни летала врз објектот, објавија украинските медиуми. Украинската војска претходно соопшти дека објектот, кој се наоѓа во југозападниот регион […]

Интервјуирање кандидати за судија во ЕСЧП во Стразбур


Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. Како што информира Комисијата, по состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. -Поради зголемување на транспарентноста во процесот […]

Сесија на ЕП – меѓу темите и институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, случувањата во Србија и владеењето на правото во Бугарија


Состојбата на Блискиот Исток, институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, случувањата во Србија, владеењето на правото во Бугарија, претстојниот Самит на ЕУ, мерките кон Русија и приоритетите на Унијата за 2026 година се меѓу темите за дискусија на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.  Заседанието ќе започне доцна попладнево со дебати посветени […]

Прекинато водоснабдување на ул. „Јосиф Јосифовски Свештарот“ во Центар


Корисници од ул.„Јосиф Јосифовски Свештарот“ во Центар денеска ќе немаат вода поради изведување водоводен приклучок на таа улица, број 34. Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности.

ЗМАИ ќе го претстави извештајот „Следење на конвергенцијата на Западен Балкан кон Европската Унија“


Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) денеска ќе го претстави извештајот „Следење на конвергенцијата на Западен Балкан кон Европската Унија“ по што ќе следува панел-дискусија. Како што информира ЗМАИ, настанот ќе одговори на прашањето: „Колку години ќе ни требаат да ја стигнеме ЕУ и што да направиме, преку конкретни сценарија, за да го забрзаме овој […]

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер […]

Досега во прв круг избрани 11 градоначалници, ВМРО ДПМНЕ – 8, СДСМ, НАИ и ВРЕДИ по еден


Според досега целосно обработените резултати од гласањето, во 11 општини градоначалниците се избрани уште во првиот круг од локалните избори. Најмногу победи забележа ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидати триумфираа во осум општини, СДСМ во прв круг засега победи во една општина, исто како и НАИ и ВРЕДИ. Победници од ВМРО ДПМНЕ се Славе Андонов во Василево (73,97%), […]

Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока


Ви ветивме победа и имаме победа. Ова е триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока, избра вредност, избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето по завршениот прв круг на Локалните избори. Порача и дека следните две недели се и вториот […]

Ѓорѓиевски – Мециновиќ, најизгледна битка за Скопје


Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ многу извесно ќе се пласира во вториот круг од локалните избори. Мециновиќ има над 1.500 гласа повеќе од кандидатката на СДСМ, Каја Шукова. Според 73 отсто обработени гласови во Скопје, Мециновиќ има 19.969, Башким Бакиу од Влен има  19.314, Каја Шукова од СДСМ, 17.227, а Скендер […]

Четири неизвесни „К“ на изборите


Куманово, Кичево, Кочани и Карпош се четирите општини кои не избраа градоначалник во првиот круг на изборите. За разлика од општата предвидлива и монотона слика на резултатите од другите општини, овде се случија непредвидливи ситуации: Во Карпош не успеја да победи ВМРО-ДПМНЕ, па во вториот круг ќе одат Сотир Лукаровски и Стевчо Јакимовски од ГРОМ. […]

(Во живо) Прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски


  Победа и ветување дека уште повеќе ѓе се работи – беше пораката на прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  – Ви ветивме победа и имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности.Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но, оваа убедлива победа не е крајот. […]

Филипче објави победа во три општини, СДСМ води во девет останати


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференција објави дека СДСМ победила во три општини – во Крива Паланка, Кривогаштани и во Богданци и дека води во девет други.За Град Скопје и изборот на градоначалник кој рече дека ќе ги почека резултатите за да биде прецизен.  „Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен […]

ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје и повеќето скопски општини, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 42,64 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,83%, Башким Бакиу од ВРЕДИ со 11,69, потоа Каја Шукова од СДСМ со 11.41 и Скендер Реџепи од НАИ со 10,52% […]