Поради дефект на „Амазон“ паднаа повеќе веб-страници како Снепчет, Роблокс, Фортнајт…


Многу апликации и веб-страници во светот одеднаш престанаа да работат, вклучувајќи ги Snapchat, Roblox, Fortnite, Perplexity и Canva, според Downdetector. Проблемите започнаа околу 9 часот наутро по наше време, или полноќ по пацифичко време. Дел од интернетот е исклучен, но Google, Meta и X работат нормално Додека Snapchat, Roblox и голем број други платформи беа […]

Ким Кардашијан со бизарен изглед на гала вечерта на Филмскиот музеј во Лос Анџелес


Ким Кардашијан се одлучи за бизарен изглед, украсен со дијаманти и целосно покривајќи го лицето на петтата годишна на гала настанот на Филмскиот музеј во Лос Анџелес. Ријалити ѕвездата и магнат на Скимс, 44, носеше фустан без ракави во боја на месо, со корсет и долги, лелеави ракави. Иако носеше масивен ѓердан со дијаманти со […]

Советот на Град Скопје под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН


  Двата клучни владини партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, имаат мнозинство во новиот Совет на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, а ВЛЕН шест, што е мнозинство во советот кој има 45 члена. Еден советник има ЗНАМ, така што владејачката коалиција е во удобна позиција за идното раководење со градот. ВМРО-ДПМНЕ освои 35,15 отсто, или 81.649 […]

Цел Холивуд на гала вечерта на Филмскиот музеј во Лос Анџелес (фото)


Лос Анџелес- Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ на црвениот ќилим. Вечерта беше со изразен гламур и луксуз, па такви беа и креациите  – видовме многу елегантни, убави фустани, со потпис на врвни дизајнери и куќи. Сега во својата петта година, гала настанот исполнет со ѕвезди собира средства за изложбите на музејот, […]

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче


  За владејачката партија изгледа дека поважно од победата на локалните избори е што ќе се случува во опозициската СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, затоа што партијата доживеала пораз во Струмица. „СДС на овие локални избори доживеа историски дебакл. СДС во главниот град отиде до таму да […]

Малку неочекувано, во Аеродром ќе има втор круг


  Ако се земат предвид резултатите од парламантарните избори лани и локалните од 2021 изгледаше дека во скопската општина Аеродром речиси сигурно ќе победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник Дејан Митески. Но тој стигна до 49,09 отсто од гласовите (16.225) па ќе се оди повторно на гласање за две недели. Александар Трајановски од […]

СДСМ: Разликата во гласови меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена


По преброени 99% од гласовите, се потврдува она што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови. Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на […]

ШК „Алкалоид“ стартуваше со убедлив триумф на стартот на Европскиот клупски куп


Првото коло од Европскиот клупски куп во шах донесе очекуван резултатски расплет, при што најдобро рангираните екипи, меѓу кои е и македонскиот шампион ШК Алкалоид, стартуваше со победа од 5,5:0,5 против Дарданија. За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година, и тоа на петтата и на […]

Се омажи Стела Бандерас, ќерката на Антонио Бандерас и Мелани Грифит


Стела Бандерас, 29-годишната ќерка на познатите актери Антонио Бандерас и Мелани Грифит, влезе во брачното пристаниште. Судбоносно, таа му предложи брак на своето момче од средно училиште, Алекс Грушински (29), на свадба одржана во саботата во Шпанија. Странските медиуми пишуваат дека на церемонијата, која се одржала во лозје, присуствувале и горди родители. Двојката се венчала […]

Во прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини, повторување во три


На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, […]

Обид за убиство во Марино: Го удрил брата си со ногарка по глава и легнал да спие


На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие. Следниот ден, кога се разбудил, […]

Јапонија: Осум мацутаке печурки продадени за 5.000 евра


Во градот Тамбасасајама, во западна Јапонија, осум печурки од видот мацутаке, одгледувани токму во тоа подрачје, беа продадени за 850.000 јени (околу 4.800 евра) на наддавање по првата берба оваа есен, објави денеска „Мајничи шимбун“. Според гласилото, печурките имале должина од 6,5 – 11 сантиметри и тежина од вкупно 263,5 грама, што ги прави најтешките […]

Руската вакцина против рак наскоро ќе биде во Србија, експертите од „Торлак“ одат во Москва


По Русија, Србија би можела да стане првата земја каде што пациентите ќе добијат персонализирана МРНК вакцина против онколошки заболувања, изјави за РТС Ненад Поповиќ, министер без ресор во Владата на Србија задолжен за меѓународна економска соработка. Вакцината против онколошки заболувања е развиена во Русија и ги поминала сите фази на тестирање врз животни, каде […]

Италија во шок: Возач на клупски автобус убиен по натпревар, навивачите го гаѓаа со цигли


Голема трагедија ја погоди Италија по кошаркарскиот натпревар помеѓу Себастијани Риети и Пистоја, по што беше убиен возачот на клупскиот автобус на гостинскиот тим. Возачот беше убиен откако автобусот на тимот на Риети беше цел на домашните навивачи. Хулигани од Риети го гаѓаа автобусот со камења и тули на автопатот по натпреварот. Несреќниот возач почина […]

Грабеж во Лувр: Полицијата се сомнева дека крадците биле странци, протече и кратко видео


Француската полиција продолжува со потрагата по крадците кои украдоа осум непроценливи парчиња кралски накит од парискиот музеј Лувр на сред бел ден во неделата. Околу 60 истражители моментално работат на случајот, а официјалните лица велат дека крадците се чини дека се искусни и постои можност да се странски државјани. Крадците пристигнале помеѓу 9:30 и 9:40 […]

Мециновиќ очекува победа во второто полувреме


Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, синоќа порача дека во второ полувреме ќе ја победи онаа визија која 30 години ни ги креира судбините, откако беше извесно дека тој ќе биде противкадидатот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, во вториот круг на локалните избори на 2 ноемри. „Денеска не само што Левица влезе […]

Во Кочани, во втор круг, ќе се бира меѓу Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ и независниот Крстевски


Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори. Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на […]

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени


За време на воена вежба по повод 250-годишнината од американскиот морнарички корпус во базата „Камп Пендлтон“ во Калифорнија, дел од обезбедувањето на потпретседателот на САД Џеј Ди. Венс беше погоден од метални шрапнели откако артилериска граната експлодирала над автопат, соопшти сообраќајната полиција на Калифорнија (ЦХП). Инцидентот се случил за време на вежба со боева муниција […]

Кој ќе го чисти Скопје, Ѓорѓиевски или Мециновиќ, ќе треба да кажеме на 2 ноември


Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг.  Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани […]

ЕУ размислува за прием на нови членови, но да немаат право на вето


  Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава бриселски „Политико“ од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им […]