ВЛЕН ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Кичево, а не на ВМРО-ДПМНЕ


  Национално мобилизирање, а не коалициско. Така лидерот на Беса, Билал Касами, во разговор за албанската телевизија Сири го претстави прегрупирањето пред вториот круг на локалните избори. Касами, кој победи во првиот круг на градоначалничката трка во Тетово благодарение на гласовите на коалицискиот партнер во владата, ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата на телевизијата изјави дека ВЛЕН во […]

Аргентина ја погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени


Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 188 километри од градот Сан Луис, на длабочина од 122 километри, во регионот Ла Риоха. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

„Пица Хат“ ќе затвори 68 ресторани во Велика Британија, без работа 1.210 лица 


Синџирот ресторани „Пица Хат“ објави список на ресторани и локации за достава што ќе бидат затворени низ Велика Британија, со околу 1.210 работни места што ќе бидат изгубени. 68 ресторани ќе ги затворат своите врати во наредните недели, вклучувајќи ги и оние во Брајтон, Хал, Бристол, Лидс и Единбург, објави BBC News. Единаесет единици за […]

Во Битола концерт на македонскиот ансамбл „Консонанс“


Ансамблот  „Консонанс“ , основан во 2007 година во кој членуваат инструменталисти од Филхармонијата, вечер во битолскиот Офицерски дом ќе приреди концерт. Македонските уметници, музачари посветени се на камерната музика истражувајќи ги можностите на дрвените дувачки инструменти, односно флејта, кларинет, англиски рог и  бас кларинет. Во ансамблот членуваат Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски […]

Загина припадник на српска падобранска единица при вежби во Ниш


Министерството за одбрана на Србија објави дека припадник на 63-та падобранска бригада, загинал вчера во Ниш за време на редовни скокови за обука. Во соопштението се вели дека тоа се случило околу 14:00 часот на воениот аеродром „Наредник-пилот Михајло Петровиќ“. Десетарот Лука Стојановиќ, роден на 24 јули 2004 година во Ниш, бил во служба на […]

Промоција на Водич за декарбонизација за мали и средни претпријатија


Стопанската комора на Северна Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска ќе промовираат Водич за декарбонизација наменет за малите и средните претпријатија во земјава. Онлајн водичот е практична алатка за поддршка на нивниот премин кон поодржливо и нискојаглеродно работење. На промоцијата најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, евроамбасадорот […]

Трамп за самитот со Путин: Не сакам да имам залуден состанок


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин само кога може да се очекува продуктивен самит. Трамп не ги потврди директно медиумските извештаи кои сугерираат дека планираната средба со неговиот руски колега била одложена или ставена во мирување, пренесе ДПА. Меѓутоа, на новинарско прашање што знае за […]

Концерт на Дарко Багески и Петар Танески во македонскиот КИЦ во Софија


Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Дарко Багески (гитара) и Петар Танески (кларинет). Како што соопшти КИЦ Софија, на програмата на инструменталното дуо се дела од Георг Фридрих Хендел, Волфганг Амадеус Моцарт, Астор Пијацола, Ѓора Фејдман, Радојка Живковиќ, Никола Бадев и традиционални македонски песни. […]

Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле


Еколошка акција за позеленување на дворот на Болницата за белодробни заболувања – Козле ќе се реализира денеска во организација на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност. Акцијата, како што се наведува во соопштението на организаторот, има цел да придонесе кон уредување и разубавување на просторот околу болницата, како и да ја подигне свеста за […]

Украина погоди руска хемиска фабрика во Брјанск


Украинските сили погодија хемиска фабрика во рускиот пограничен регион Брјанск во комбиниран воздушен напад, соопшти синоќа Генералштабот на вооружените сили на Украина. – Извршен е масивен комбиниран ракетен и воздушен напад, вклучително и употреба на ракети Storm Shadow лансирани од воздух, кои успешно навлегоа во рускиот систем за противвоздушна одбрана, објави Генералштабот на Телеграм. Се […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува […]

Русија го нападна Киев со балистички проектили


Руската војска нападна цели во главниот град на Украина, Киев, со балистички проектили, соопштија локалните власти рано утрово. Прелиминарните извештаи од украинските воздухопловни сили укажуваат дека биле истрелани најмалку четири проектили. Репортер на ДПА слушнал околу десетина експлозии во центарот на градот, претежно од противвоздушен оган. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм соопшти дека […]

Кос: Лага е дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас до Србија


Еврокомесарката за проширување Марта Кос оцени дека е лага дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас во Србија. „Наместо тоа, ЕУ ја охрабрува Србија да ги диверзифицира сите извори на снабдување и да се интегрира во енергетските мрежи на ЕУ“. Зборувајќи за жртвите од падот на бетонската настрешница во Нови […]

Приведени повеќе од 20 лица , меѓу нив и поранешни директори на прилепската болница


Во координирана акција на Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, денес се уапсени повеќе од 20 лица, меѓу кои, според информации на Скопје1, има поранешни директори и лица на раководни позиции во прилепската болница. Од Обвинителството за Скопје1 потврдуваат дека акцијата се спроведува по нивни наредби и насоки и дека во моментов се преземаат […]

Курти се согласи со барањето на Лондон да отвори мигрантски кампови


Косово чувствува „политичка должност“ да ги процесира одбиените мигранти од Велика Британија, доколку можат да се надминат правните проблеми, изјави премиерот на земјата за Скај њуз. Албин Курти рече дека има „ограничен капацитет“ во малата нација, која има население помалку од два милиони луѓе, но дека очекува „успешен резултат“ од преговорите. Во тек се разговори, […]

Французите објавија колкава е вредноста на накитот украден од Лувр


Штетата од кражбата на накит од музејот Лувр минатиот викенд е околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко. „Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колку е историска штета“, рече Беко, а објави Фигаро. Обвинителката процени дека крадците нема да ги заработат наведените 88 милиони евра, особено не […]

Масовно затворање продавници низ Србија поради ограничените маржи


Речиси сите големи малопродажни синџири планираат да затворат продавници низ Србија, што е директен ефект од економските мерки на претседателот Александар Вучиќ за ограничување на маржите. Се очекува отпуштање стотици луѓе, пишува Време. Синџирот продавници Гомекс веќе затвори три продавници во Нови Пазар, една во Чачак и две во Златибор, дознава Време. Пред тоа, основачот […]

Карни: Ќе го уапсам Нетанјаху доколку дојде во Канада


Израел го повика канадскиот премиер Марк Карни повторно да го разгледа своето ветување дека ќе ја почитува потерницата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за премиерот Бенјамин Нетанјаху ако дојде во Канада. Блумберг минатата недела објави интервју со Карни во кое беше прашан дали ќе го исполни ветувањето на неговиот претходник Џастин Трудо за апсење на […]

Шпион на КГБ го предупредува Путин да не оди во Будимпешта – Британците му планирале атентат


Рускиот претедател Владимир  Путин доби драматично предупредување за наводен „британски заговор за атентат“ што го очекува доколку отпатува во Унгарија на средба со Доналд Трамп.  Предупредувањето дојде од Андреј Безруков, полковник на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) и поранешен таен агент кој со години работел во САД, пишува Express.co.uk. Безруков упати директен апел до […]

Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Зрењанин изјави дека изборите во 2026 година ќе бидат најважните избори во модерната иднина на Србија, но  не прецизираше кога ќе бидат распишани тие парламентарни избори, иако студентите во блокада и граѓаните кои ги поддржуваат веќе неколку месеци бараат нивно распишување.  Упатувајчи критики до опозицијата, тој наведе дека на […]