Претреси во Скопје поради сомнение за лихварство и перење пари


Во Скопје денеска се спроведува координирана акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Акцијата опфаќа претреси на повеќе локации и е насочена кон лица осомничени за сериозни кривични дела, меѓу кои лихварство и перење пари. Од ОЈО ГОКК информираат дека постои […]

Српските студенти не се добитници на „Сахаров“, наградата е за новинари од Белорусија и од Грузија


Српските студенти не се добитници на овогодинешната награда Сахаров. Студенти од Србија беа номинирани за наградата Сахаров, што ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. Добитници на овогодинешната награда Сахаров за слобода на изразување се притворениот новинар Анджеј Покобот од Белорусија и новинарката Мзија Амаглобели од Грузија, објави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. […]

Пронајдени 1 милиони долари во златни монети во потонат шпански брод кај Флорида


  Скриени под тиркизните води покрај делот од Флорида познат како „Брегот на богатството“, тим нуркачи од компанија за наоѓање бродоломи откри токму тоа – долго изгубено шпанско богатство за кое проценуваат дека вреди 1 милион долари. Повеќе од 1.000 сребрени и златни монети за кои се смета дека се ковани во шпанските колонии Боливија, […]

Како малите и средни фирми да постигнат јаглеродна неутралност: Промовиран онлајн водич за декарбонизација


Македонските компаниии треба да преминат кон поодржливо и нискојаглеродно работење со цел намалување на јаглеродниот отпечаток и постигнување на јаглеродна неутралност. Со оглед дека од 01.01.2026 година ЕУ стартува правилото „загадувачот плаќа“ за производи од трети земји, вклучувајќи ги и оние од Северна Македонија, согласно нивото на јаглероден отпечаток при нивното производство, Стопанската комора и […]

 Израелското бомбардирање предизвика невидена  еколошка криза во Газа


Загадениот воздух, земјиште и вода го доведоа регионот во опасност од повеќекратни вонредни состојби во јавното здравје и животната средина, се вели во извештајот на истражувачки центар фокусиран на прекугранична соработка на Блискиот Исток по прекинот на огнот во Газа. Двете години бомбардирање од страна на Израел го исполнија пејзажот на Газа со токсична мешавина […]

Ентериерот на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ – најдобар според Асоцијацијата на архитекти на Македонија


Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). На 20 октомври, во рамките на официјалното затворање на БИМАС XXII – Биенале на македонската современа архитектура, што се одржа во Музејот на современата уметност – Скопје, „Платформа“ ја доби престижната награда […]

Уапсени 37 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции


Во акција на грчката полиција, што од рано утрово е во тек во повеќе делови на Грција, уапсени се 37 лица, членови на криминална организација која незаконски добивала субвенции од Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа […]

Драмски со претставата „Кармен“ на театарски фестивал во Анкара


Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција. Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на […]

Пензионер од Битола земал дневници и патувал во странство со директорка со службено возило, утврди ОЈО Битола


    Пензионерот Менде Петровски, поранешен вработен во Средношколскиот дом во Битола, земал службени дневници, користел службен телефон и патувал во земјата и странство со службеното возило на ученичкиот домот, со тогашната директорка Елена Спасеновска, утврди обвинителството во Битола. Против Спасеновска ОЈО Битола вчера покрена обвинение.   Обвинението се однесува за продолжени кривични дела Злоупотреба […]

Правниот застапник на М-НАВ: Забраната за штрајк на ССКЛ е законска, не сме побарале забрана на синдикално делување и на идни штрајкови


Наоѓањата на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ се апсолутно вистинити и законски основани. Решението е донесено од искусен судија кој има оставено белег во судот, оцени денеска Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ А.Д.  Барањето за забрана на штрајк се однесува […]

Ќерка на почината пациентка го нарече Васев „Господ“


На денешното рочиште за случајот „Онкологија 1“, сведочеа пациенти и роднини на лица кои се лекувале на Клиниката за онкологија. Една од оштетените, пациентка со дијагноза рак на дојка, изјави дека лекувањето го започнала во Виена, а потоа го продолжила во Скопје кај докторите Мери Пешевска и Нино Васев, при што нагласи дека не се […]

„Прерано е за мир“: Руските генерали му ги ветиле на Путин Покровск и Купјанск


  Рускиот претседател Владимир Путин не е наклонет да ја прекине војната во Украина на сегашните граници и има намера да ги продонгира мировните преговори за да ја подобри позицијата на руската војска, изјавија за рускиот медиум „Верстка“ неколку информирани извори. Според функционер близок до Кремљ, руската страна не е задоволна од предлогот на американскиот […]

„Поетроника за млади“ – нов проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе со српската поетеса Радмила Петровиќ


По успешниот пат на уметничкиот проект „Поетроника“, кој со спој на поезија и електронска музика создаде нов сценски израз, авторите Оливер Митковски и Андреја Салпе го претставуваат своето ново, едукативно продолжение – „Поетроника за млади“ со настап на 29 октомври во Јавна соба во Скопје. -Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја […]

Солзи, прегратки и аплаузи на концертот „Дон Кихот во Скопје“ во фоајето на НОБ 


Скопје, синоќа, во фоајето на НОБ, пред уважени гости, амбасадори и претседателката Гордана Силјановска-Давкова (со дузина телохранители) ја слушна светската премиера на концертот во три става „Дон Кихот во Скопје“, за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар, напишан годинава од двајцата врвни автори и брачна двојка- маестрата Дијана Илкоска-Имери и  пијанистот Дино Имери. Вечерта беше […]

Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложба за фотографите Арсовски кои ги поврзаа Скопје и Загреб


  Во македонскиот КИЦ во Загреб вчера беше промовирана научната монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“ и отворена изложбата „Арсовски – Фотографи“ посветена на претходно целосно непознатото, но исклучително вредно фотографско творештво на семејството Арсовски. Изложбата и публикацијата отвораат ново поглавје во историјата на македонската и хрватската фотографија со кое што се надополнува значаен сегмент […]

Реконструкцијата на салата „Работнички“ во завршна фаза


  Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“. При увидот, констатирано е дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени. Поставен e […]

ЕК ќе го објави извештајот за Македонија на 4 ноември, Мицкоски ќе биде во Брисел


Самитот за проширување на ЕУ организиран од „Еуроњуз“ ќе ги собере претседателката на Молдавија, Маја Санду, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, заедно со европската комесарка за проширување, Марта Кос.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави дека ќе се придружи на Самитот на 4 ноември, заедно со лидерите […]

Хрватскиот крал на осигурувањето нуди да го плати превозот на босанските ученици – ќе се најде ли таков кај нас?


Поминаа речиси два месеца од почетокот на школската година, а стотици ученици од Општина Долнени уште се без бесплатниот школски автобуски превоз до прилепските средни училишта, пишува СДК. Дневниот повратен билет од Долнени до Прилеп изнесува 200 денари, па оние ученици кои одлучиле на свој трошок да патуваат неделно ги чини по 1.000 денари.   […]

ВМРО-ДПМНЕ пресмета 60 пратеници ако има парламентарни избори, СДСМ им даде само 52


  Три дена по првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги анализираат изборните резултати и проценуваат колку пратеници би освоиле доколку утре во земјава се одржат парламентарни избори. Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ  со добиените 300.000 гласови на локалните избори, на потенцијални парламентарни изборипартијата би освоила над 60 пратеници, додека, пак, за СДСМ велат дека […]

Горат неколку шатори пред Собранието на Србија


Неколку шатори горат пред Собранието на Србија од претпладнево и пожарникарки тимови се обидуваат да ги изгаснат. Според белградски медиуми, приведено е едно лице.  На пожарот како што е објавено на социјални мрежи му претходат истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огненои оружје. Веднаш реагираше полицијата по […]