Обединетите нации одбележуваат осум децении постоење


Организацијата на Обединетите нации одбележува осум децении постоење, на денот кога стапи во сила Основачката повелба на ОН. Во 1947 година беше усвоена одлука 24 октомври, датумот на стапување во сила на Основачката повелба на ОН, да се одбележува како Ден на ОН, инаку потпишана на 26 јуни 1945 година на Конференцијата во Сан Франциско. […]

Ким Џонг Ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не можат да ги скршат врските со Русија


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија „ќе напредува без престан“, јави државната новинска агенција КЦНА. Ким ова го изјави за време на говорот на церемонијата на поставување камен-темелник за споменик на севернокорејските војници кои се бореле заедно со Русија во регионот Курск, јави КЦНА. – Годините на […]

(Видео) Еве како побегнаа крадците од Лувр, се појави нова снимка


Се појави неверојатна снимка што го прикажува лежерното бегство на двајца крадци од Лувр откако украле француски крунски скапоцености во вредност од 88 милиони евра. Видеото, кое стана вирално, ги прикажува крадците како полека се спуштаат од местото на злосторството во товарен лифт, најновиот пресврт во еден од најспектакуларните грабежи во Франција во последните децении, […]

Најмалку 20 загинати во пожар во автобус во Индија


Најмалку 20 луѓе загинаа откако автобус се запали по судир со моторцикл во јужна Индија рано утрово, соопшти полицијата. Инцидентот се случил на периферијата на градот Курнол во државата Андра Прадеш. Автобусот, кој превезувал околу 40 патници, бил на ноќно патување меѓу градовите Хајдерабад и Бангалор. – Идентификувани се единаесет тела, а девет допрва треба […]

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама против царини на владата во Онтарио, во која се прикажани коментари од 1987 година од поранешниот републикански претседател Роналд Реган. – Фондацијата Роналд Реган штотуку објави дека Канада измамнички користела реклама, која е лажна, во која Роналд Реган зборува негативно за […]

Викендов почнува зимското сметање на времето


Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, […]

Вучиќ: Се води хибридна војна против Србија, постојат шанси за влез во ЕУ до 2030 година, но проблемот е Косово


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа нагласи дека се води „сериозна хибридна војна против државата“ и дека досега имало повеќе од 25.000 непријавени собири, како и дека како претседател направил се за да го зачува мирот и стабилноста во државата. Во интервју за РТС, тој рече дека наскоро ќе биде јасно дали В.А., кој беше […]

Никој не стави вето на предлогот за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, тврди Кошта


Никој не стави никакво вето на предлогот на Еврпската комисија за користење на замрзнатите руски средства за исплата на финансиска поддршка на Украина, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на вчерашниот Самит на ЕУ.   – Различни лидери покренаа технички прашања што треба да ги решиме и затоа […]

„Народен пратеник“ на МНТ продолжува со регионалната турнеја, следната станица „Борини позоришни дани“


Претставата „Народен пратеник“ на МНТ денеска во главната натпреварувачка програма ќе биде изведена на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање како дел од 45. издание на реномираниот театарски фестивал „Борини позоришни дани“. Со ова дело, како што се наведува во соопштението на МНТ, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против […]

Лидерите на ЕУ не постигнаа консензус за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина


Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ не успеаја да постигнат договор за предлогот на Европската комисија за користење на замрзнатите руски средства за исплата на т.н. заем за репарација за финансиска поддршка на Украина за 2026 и 2027 година. Во заклучоците од вчерашниот Самит на ЕУ, усвоени доцна синоќа, во делот за […]

Проекција на три експериментални видео театарски проекти во Мобилна галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата)


Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје (Парк на Франкофонијата), Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава. Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024). Покровители на настанот се […]

Облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а […]

Три „невидливи“ предупредувачки знаци што се појавуваат неколку дена пред мозочен удар


Мозочниот удар е поверојатно да се појави како што стареете, но може да се случи на која било возраст. Но, покрај вообичаените симптоми, постојат и предупредувачки знаци што можат да се појават неколку дена пред тоа. Д-р Ерик Берг наведе три клучни предупредувачки знаци што би можеле да сигнализираат дека сте изложени на ризик од […]

Прв триумф на Шкендија во Конференциската лига


Фудбалерите на Шкендија остварија победа од 1:0 на вечерашниот дуел од УЕФА Конференциската лига против Шелбурн. Ова беше дуел од втората рунда во ова натпреварување. Во првиот дел двете екипи беа внимателни без поголеми шанси за промена на резултатот. Нешто по активно се играше на почетокот од вториот дел, но завршницата беше мирна, до судиското […]

Два руски воени авиони го навлегоа во воздушниот простор на Литванија


Два руски воени авиона го нарушија воздушниот простор на Литванија. Авионите во литванскиот воздушен простор се задржале околу 18 секунди, соопшти литванската армија. – Двата руски авиони, борбен авион Су-30 и танкер Ил-78, се чинеше дека извршуваат мисија за обука за полнење гориво, кога ја преминаа границата на Литванија околу 18 часот по литванско време […]

Албанските пензионери ќе добијат новогодишен бонус, Владата издвои 97 милиони евра


Владата на Албанија  донесе одлука за доделување новогодишен бонус на пензионерите за што е определен фонд од 9,4 милијарди леки или 97 милиони евра. Новогодишен бонус ќе добијат околу 765.000 пензионери, поделени во две групи. Пензионерите кои имаат пензија над 20.000 лека ќе добијат бонус од 10.000, додека оние под 20.000 ќе добијат бонус од […]

Потврдено: Луѓето со шизофренија ги слушаат своите гласови како туѓи


Научници од Австралија со своето најново истражување ја потврдија долгогодишната теорија дека луѓето кои страдаат од шизофренија „слушаат гласови“ во своите глави затоа што погрешно го толкуваат својот внатрешен говор како надворешен. Истражувачот и психолог од Универзитетот во Нов Јужен Велс, Томас Витфорд, рече дека оваа идеја постои веќе 50 години, но дека е многу […]

Трамп ќе ја повлече поддршката ако Израел го анектира Западен Брег


Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Тајм“ (Time) предупреди дека Израел ќе ја изгуби поддршката од САД“ ако го анектира Западен Брег. – Тоа нема да се случи бидејќи им ветив на арапските држави, како дел од преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави Трамп во интервјуто направено на 15 октомври, а […]

ВМРО-ДПМНЕ негира дека се договорени кампови за мигранти


СДСM не престанува со лаги, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека премиерот Христојан Мицкоски при престојот во Лондон се согласил во Македонија да се изградат кампови за мигранти. Лага и на денешната прес-конференција. И после едвај 120.000 гласови добиени додека е на пат на пасокизација, да ја доживее судбината на левата грчка […]

Путин санкциите од САД ги оцени како непријателски, немало да влијаат значително врз руската економија


Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“. Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија. Тој го коментираше […]