Божиновска на глобален форум во Берлин: Зависноста од еден извор е ризик од минатото


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните глобални форуми што ги обединува државниците, визионерите и економските лидери кои ја обликуваат иднината. Како што се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, оваа година форумот се одржува под мотото „Shifting Power, […]

Сензација во Грција: Рафа Бенитез тренер на Панатинаикос – најплатен во историјата


Легендарниот шпански фудбалски тренер Рафаел Бенитез (65) се враќа на тренерската работа по повеќе од година и пол отсуство. Искусниот стручњак е без работа откако ја напушти Селта Виго во март 2024 година, а сега ја презеде функцијата менаџер на грчкиот гигант Панатинаикос. Според грчките медиуми, Бенитез го сруши рекордот во Суперлигата со Панатинаикос, станувајќи […]

Мециновиќ вели дека состојбата со ѓубрето во Скопје е апсурдна


  Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, денеска изјави дека состојба со отпадот во градот е „најапсурдна што Скопје некогаш ја имало“. Мециновиќ оцени дека ситуацијата со преплавувањето со отпад и колапсот на комуналните претпријатија е резултат на крахот на локалната власт, која во последните четири години била под контрола на […]

Путин итно го испрати својот главен преговарач на разговори во Вашингтон


  По ненадејната промена на ставот на Доналд Трамп оваа недела, што вклучуваше воведување санкции врз „Роснефт“ и „Лукоил“ и откажување на самитот со Владимир Путин во Будимпешта, Кремљ итно го испрати клучиот преговарач за војната во Украина во Соединетите Држави. Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој негуваше врски со Трамп […]

Како индивидуалниот гнев ги носи поделбите


Секоја генерација верува дека живее во невидена ера со уникатни предизвици. Но, одново и одново, истите модели и мотивации ги ослабнале, па дури и ги уништиле цивилизациите, или ги зајакнале и им овозможиле да напредуваат. За да се учи од минатото, потребно е да се препознаат неговите симетрии и резонанси. На пример, подемот и падот […]

Набљудување на две комети вечер од Козјак


Скопското астрономско друштво, ги кани сите заљубеници во астрономијата, вечерва на козјак, каде ќе постават телескоп и ќе може да се набљудуваат кометите Лемон и Свон.   Скопското астрономско друштво ќе постави телескоп во близина на ресторанот „Аурора“ кај браната Козјак, на околу 40 километри јужно од Скопје. Телескопот ќе биде поставен на приближно 100 […]

Путин се потсмева со забраната да извезува тоалетни шољи


Рускиот претседател Владимир Путин се потсмеваше на најновиот пакет санкции на Европската Унија, со кој се забранува извоз на тоалети, бидеа и мијалници во Русија, велејќи дека Европа „ќе има потреба од нив самата“ ако продолжи со својата сегашна политика кон Москва. „Забраната за увоз на нашите тоалетни садови ќе ги чини скапо, бидејќи им […]

Кина објави цел за следните пет години: Целосна технолошка независност


Новиот петгодишен план на Кина, клучниот политички и економски документ на Комунистичката партија за следниот период, има за цел да постигне технолошка независност и да ја намали ранливоста на надворешни притисоци, објавува Блумберг. Иако планот сè уште не е официјално усвоен, тој беше објавен пред состанокот меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд […]

И Николоски го нападна Билал Касами


  Прво премиерот, а потоа вицепремерот му се нафрлија на градоначалникот на Тетово, Билал Касами откако тој изјави дека во Кичево коалицијата „Вреди“ ќе го поддржи кандидатот на ДУИ за вториот круг. Александар Николоски денеска му порача на Касами дека соработката во владата може да продолжи само врз „основа на принципи и вредност“. „Ветивме дека […]

Хрватскиот Сабор изгласа задолжителна воена обука 


Хрватскиот парламент денес, со 84 гласа „за“, 30 воздржани и 11 „против“, го измени Законот за одбрана, со што се потврдува повторното воведување на задолжителна основна воена обука. Основната воена обука ќе трае два месеци, првите повици ќе започнат до крајот на годината, а првите регрути во касарните во Книн, Слуњ и Пожега се очекуваат […]

Директорката на Лувр понудила оставка , министерката за култура не ја прифатила


Париз– Директорката на музејот Лувр, Лоренс де Кар, потврди  дека понудила оставка по спектакуларната кражба на накит од музејот во срцето на Париз.   Француската министерка за култура, Рашида Дати, ја одбила оставката, изјави де Кар за време на сослушувањето во францускиот Сенат за кражбата. Таа рече дека ја дала оставката откако ги разгледала последиците […]

Фајненшл тајмс: Вашингтон ризикува енергетски удар поради санкциите кон Москва


Соединетите Американски Држави би можеле да си наштетат себеси со воведување нови санкции врз руските нафтени компании, предупредува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на проценки од американски и меѓународни енергетски експерти. Според Амос Хохштајн, управувачки партнер на инвестициската фирма TWG Global, постои реална опасност санкциите да му се вратат на Вашингтон. „Доколку цената на нафтата значително […]

Во Прилеп продолжува кампањата на МОН – „Магијата е во знаењето“


По првиот панел во Скопје, одржан на 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја нагласува клучната улога на наставниците во образовниот процес и нивното влијание врз развојот на учениците. Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е […]

Според Апасиев Мицкоски бил видовит – прв спомна политички глодари


„А ова било тоа, уствари, Мицика шо не’ викаше ПОЛИТИЧКИ ГЛОДАРИ… Пази што посакуеш, баце, може и да ти се оствари! Еве, цело Скопје со стаорци го напраивте од инат. Штеточини“, објави на Фејсбул лидерот на Левица Димитар Апасиев. По него испажа дека Мицкоски го најавил тоа што ќе го прави или барем бил видовит […]

Експертите го рангираат месото: На прво место е посно и полно со протеини, подобро од пилешкото, а јадеме малку од него


Од батаци до стекови, експертите ги рангираат најдобрите парчиња месо и откриваат како тие можат да го подобрат функционирањето на вашиот мозок, коски и тело. Во исхраната, како и во животот, сè што е екстремно обично не е добро за нас. Прејадувањето сочни стекови и колбаси секој ден од неделата е, за жал, еден од […]

Годишната ревија на Вог Ворлд со холивудски ѕвезди


  Никол Кидман, Гвинет Палтроу, Ајо Едебири, Дакота Џонсон и Мајли Сајрус се само неколку од славните имиња што се очекуваат на Vogue World: Hollywood на 26 октомври. На списокот на гости за модната ревија, што ќе се одржи во Paramount Studios, ќе бидат и Ешли Парк, Грета Ли, Карол Џи, Маитреји Рамакришнан, Мона Заки […]

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денес одржа работна средба со директорите на основните училишта и градинките, на која беа договорени конкретни активности за одржување на хигиената во образовните установи на највисоко ниво. Договорено е во текот на викендот да се спроведе повторна дератизација, откако веќе имаше една пред изборниот процес. Веднаш потоа ќе следат […]

Под мотото „Вклучи одржливи навики“ во понеделник стартува новото издание на „Енерго – Технома 2025“


Под мотото „Вклучи одржливи навики“, денеска и официјално беше најавено новото издание на Меѓународниот саем од областа на енергетиката и технологијата – „Енерго-Технома 2025“, кој ќе се одржи од 27 до 30 октомври во арената „Борис Трајковски“. Годинашниот саем ќе обедини повеќе од 40 реномирани изложувачи од земјата и регионот, како и над 20 стручни […]

Путин ги минимизира ефектите од санкциите, Трамп возврати: Ќе видиме за шест месеци!


Американскиот претседател Доналд Трамп го искоментира потценувањето на новите американски санкции врз двете најголеми руски нафтени компании од страна на Владимир Путин, сугерирајќи дека рускиот претседател наскоро ќе почувствува економски проблеми. „Мило ми е што се чувствува така“, им рече Трамп на новинарите во четвртокот во Белата куќа. „Тоа е добро. Ќе ве известам за […]

„Гламур“ ја избра Деми Мур за жена на годината


Деми Мур изјави дека жените се „десексуализираат“ по менопаузата со „машки“ фризури. 62-годишната актерка, номинирана за Оскар, изјави дека откако ја избричила главата за филмот „Џи-Ај-Џејн“, сакала само да „ја остави да расте“. Зборувајќи за нејзината долга коса, таа рече: „[Често слушаме] дека како што жените стареат, не треба да имаат долга коса. И од […]