Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место


Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, јавија словенечките медиуми. На седницата на Советот за национална безбедност беше донесена одлука за зголемување на присуството на полицијата […]

Герасимовски најави уредување на просторот од Зелено пазарче до улица Македонија


  Кандидатот за втор градоначалнички мандат за Центар Горан Герасимовски, најави дека во вториот мандат се почнува со хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“. „Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно […]

Мицкоски од Брвеница: Говорот на противкандидатот на Илиевски е за жалење!


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски,  од Брвеница испрати порака дека сите кои и мислат добро и работат за иднината на Македонија имаат поддршка од него и Владата без разлика на етничката, верската и политичката определеност. Тој ги повика граѓаните на Брвеница да дадат поддршка за кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски и на втори ноември […]

САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор


 Кина и САД, според висок кинески функционер и американските медиуми, се приближија кон решавање на спорот околу царините, пренесува ДПА. Двете страни постигнаа прелиминарен договор, изјави Ли Ченгганг, заменик-министер за трговија на Кина, по разговорите со американската делегација. Договорот мора да помине низ внатрешни процеси на одобрување од двете страни, додаде Ли, без да соопшти […]

СДСМ се уште без одлука кого ќе поддржи во вториот круг во Скопје и Кичево


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека  конечната одлука за тоа како ќе се постави партијата во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг ќе биде донесена во следните денови. Во контекст на повиците за етичко гласање и поставеноста кон кандидати од други партии, Филипче потенцираше дека одлуката ќе биде резултат на внатрешна […]

Филипче: Трајановски е неколкукратно подобар кандидат за Аеродром од тој на ВМРО-ДПМНЕ


Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром, најави денес нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари како визија за општината. -Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат […]

Илиевски очекува албански гласови во Брвеница


Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес даде изјава за медиуми во која истакна дека без разлика на етничката припадност тој во текот на изминатиот мандат како градоначалник, а со план и во наредниот, е фокусиран на проекти, со што кажа дека и општината ќе продолжи да ја води […]

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по изборите


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. -За мене во изминатата година и пол, после таков тежок пораз лани, по интензивна работа, сега овие избори се […]

(ВИДЕО) Герасимовски: На 13 декември во новата сала на Работнички ќе го победиме МЗТ


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на легендарната сала „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто „Работнички“ ќе издвојува голема победа.  „Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со […]

ВМРО-НП: Повеќе се одбележува српската окупација од државните празници во Македонија


ВМРО-Народна партија искажува голема загриженост што оваа година прославата на „Битката на Зебрњак“ после која е окупирана Македонија и со која започнува 23 годишната српска окупација на нашата земја беше одбележана на многу помпезен начин и со поголема манифестација отколку Денот на македонската револуционерна борба. Исто така загрижени сме што бројот на настани со кои […]

Кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ ѝ се заблагодари на Левица за поддршката во првиот круг


Фејсбук страницата Трета опција на социјалните мрежи сподели видео од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, доктор Александар Јовановски, кој им се заблагодарува на сите партии за поддршката во првиот круг, вклучително и на Левица. Инаку,  ДПМНЕ откако доби нокаут од ВЛЕН во Кичево, каде се појасно е дека ќе биде извисен нивниот кандидат,поразот […]

Триесет и пет пратеници од ЕП бараат смена на Вархеји


     Триесет и пет пратеници од Европскиот парламент ѝ испратија писмо на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со барање таа лично да го натера еврокомесарот Оливер Вархеји да поднесе оставка. Според содржината на писмото, до која дојде „Еuronews“, потписниците доаѓаат од четири различни политички групи – социјалдемократите (S&D), либералите (Renew), зелените […]

Прво учество на ЕУ на Самит на АСЕАН


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста денеска и утре ќе учествува 47-от Самит на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во малезискиот главен град Куала Лумпур.  Ова ќе биде прво учество на Европската Унија на еден Самит на АСЕАН, што, како што соопшти Европскиот совет, ја покажува растечката важност на соработката меѓу Унијата и […]

Денеска истекува рокот на Курти за формирање влада


Членовите на косовското собрание денес повторно ќе се состанат на вонредна седница, свикана од претседателот на Парламентот Димаљ Баша само со една точка на ум – изборот на нова Влада. Сепак, прашањето е дали тие избори ќе се одржат денес. Мандатарот за премиер Албин Курти вчера ги остави новинарите без одговор кога беше прашан дали […]

Скопскиот аеродром ќе биде регионален лидер во раст оваа зима


Аеродромот во Скопје, заедно со оној во Белград, ќе забележат најсилен раст во целиот регион на поранешна Југославија во текот на зимската сезона 2025/26, која започнува денеска. Според анализите, секој од овие два аеродрома ќе додаде повеќе од половина милион седишта во својата понуда Речиси сите аеродроми во регионот го зголемуваат својот капацитет споредено со […]

Вреди: Албанците се разбудија – почнува новата ера без ДУИ


Политичката коалиција ВЛЕН преку соопштение до јавноста порача дека кај граѓаните се чувствува еуфорија и надеж дека „ДУИ конечно го завршува своето политичко поглавје“. Од ВЛЕН велат дека по повеќе од две децении „лошо владеење, измами и ароганција“, Албанците бараат вистински промени и нов пристап во политиката. „ВЛЕН служи како најдобар пример за модерна албанска […]

Двајца мажи се приведени во врска со грабежот на накит во Лувр


Двајца мажи беа приведени синоќа како дел од истрагата за грабежот на накит од музејот Лувр во Париз, објавија денеска два извори блиски до истрагата на случајот, потврдувајќи ја информацијата за француските медиуми. Еден од осомничените беше уапсен на аеродромот Шарл де Гол во близина на Париз, додека се подготвувал да замине во странство, објави […]

Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп


Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин на огнот во малезискиот главен град Куала Лумпур денеска во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, кој интервенираше во јули за да се заврши нивниот петдневен граничен конфликт. Документот го зацврсти примирјето договорено од двете страни пред три месеци, кога Трамп ги повика да го прекинат […]

Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на основачот на фестивалот му беше врачено признание


Заврши 40.јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип. Третата фестивалска вечер беше резервирана за безвременските песни, хитови кои беа испеани низ изминатите четири деценции на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Организаторот, односно градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на основачот на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ му врачи признание за […]

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета, Путин тврди дека никој нема такво оружје


Руската армија успешно ја тестираше својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да избегне каков било одбранбен систем, и ќе започне со распоредување на оружјето, изјави претседателот Владимир Путин. Американците ја нарекуваат ракетата „летечки Чернобил“. Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени […]