Итно донесување на нов, бескомпромисен Закон за природата и државно финансирање


Меѓународната конференција за природа, која вчера се одржа во Скопје со наслов „Политиките за природа како основа за заштита“ собра меѓународни чинители од Бернската конвенција, Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), странски донатори и претставници на националните институции. Главниот заклучок од конференцијата е јасен и недвосмислен: итно донесување на нов закон за природа и […]

Вицегувернерката Емилија Нацевска: Кога плаќањата се извршуваат без напор, економијата расте со доверба


„Единствената област за плаќања во евра, СЕПА,веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и услуга. Преку пониските трошоци, брзината и едноставниот сет информации потребен за извршување на плаќањето, граѓаните и компаниите од нашата земја веќе ги чувствуваат придобивките кога испраќаат пари или кога плаќаат снабдувачи во странство или, пак, кога […]

Бошевска на Конференцијата на WOBA: Ако сакаме да го надминеме родовиот јаз, мора да воспоставиме систем за грижа на жената


Рамноправната застапеност на жените на раководни и одлучувачки позиции веќе не е само прашање на еднаквост, туку и на ефективност и долгорочен и одржлив развој. Според истражувањата, компаниите и институциите од јавниот сектор коишто имаат разновидно раководство, не само што постигнуваат подобри резултати, иновации и одржлив раст, туку и покажуваат поголема отпорност. И покрај напредокот […]

Ракометен ревијален спектакл во Скопје: Македонски легенди против европски


Под мотото „Легендите на сцена“, денеска (од 19 часот), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијален ракометен спектакл во организација на Спортско радио 90,3 ФМ, кое годинава слави 20 години од своето постоење. За таа пригода, тие одлучија да организираат ревијален ракометен натпревар на македонските легенди против европските, со многу поранешни познати […]

Алтман вели дека она што го правите не е „вистинска работа“


Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, е познат по тоа што дава чудни изјави, како на пример дека дете родено во 2025 година веројатно никогаш нема да биде попаметно од вештачката интелигенција. Неговите најнови коментари за технологијата на вештачката интелигенција, овој пат во врска со нејзиното влијание врз иднината на работата, повторно предизвикаа бес на […]

Трамп ја затвори вратата за трет мандат, засега


  Претседателот Доналд Трамп, се чини, признава дека не може да се кандидира за уште еден мандат по месеци на навестувања дека можеби ќе најде начин да остане на функцијата. Трамп – зборувајќи со новинарите во среда во авионот „Ер Форс Уан“ додека леташе за Јужна Кореја, следната станица од неговата турнеја низ Азија – […]

Арсовска: Мицкоски да каже како ќе функционира „Комунална хигиена“ без директор


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го повика премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да каже на кој начин ќе функционира Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во наредните денови откако в.д. директорот Сабахудин Рустеми доби 30-дневен притвор поради состојбите со сметот во главниот град. Таа го обвини Мицкоски дека лично го наредил ваквиот хаос и му […]

Општина Карпош: Сите училишта во општината имаат фотоволтаични системи


 Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија со фотоволтаични централи што произведуваат електрична енергија за свои потреби. Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи, се наведува во денешното соопштение на Општина Карпош. – Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Стевче Јакимовски за две парцели во Жданец


  Битка со целосна артилерија за Карпош. На четири дена пред гласањето во вториот круг на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ денеска побара одговори како семејството на градоначалникот на општината, Стевче Јакимовски, станало сопственик на две земјишни парцели во населбата Жданец. Порпаролката на владата во својство на член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на прес-конференција […]

Националниот џез оркестар ќе ја заврши годината со европска турнеја и три концерти во Скопје


Националниот џез оркестар (НЏО) денеска на прес-конференција ги соопшти активностите до крајот на 2025 година меѓу кои е претстојниот  заеднички концерт со американскиот состав „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets) во НОБ и европска турнеја во Будимпешта, Прага и Виена во средината на идниот месец, како и два концерта во декември.  На 6 ноември во Националната опера и балет […]

САД ќе повлекуваат војници од Источна Европа. ЕУ има јасен план за својата одбрана 


Брисел – На Европската Унија и се познати плановите на САД за намалување на бројот на американските војници кои се стационирани во европските земји на источното крило на НАТО, но таа има свој јасен пат и јасна визија кога станува збор за одбраната на Европа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за одбрана Тома Рение.  – […]

„Капетан Америка“ стана татко


Честитки за Крис Еванс и Алба Баптиста. Парот, кој се венча во септември 2023 година, штотуку го доби своето прво заедничко дете, потврди People. Полот на бебето сè уште не е откриен. 44-годишниот актер од „Капетан Америка“ неодамна глумеше во романтичната драма „Материјалисти“ и ноар комедијата „Honey Don’t“. 28-годишната Баптиста, португалска актерка која го имаше […]

Скопското Кале пак во фокусот на заштита како културно наследство


По долг временски застој, Управа за заштита на културното наследство го потпиша договорот за завршување на двата музеи на Праисторискиот и Османлискиот период на Скопското Кале – еден од најзначајните симболи на културното наследство на Македонија, информираат од Управата. Оттаму потенцираат дека со овој договор е предвидена целосна санација и адаптација на овие два објекта […]

„Лукоил“ ќе ги продава имотите во странство со 50 отсто попуст


  Најголемата приватна нафтена компанија во Русија, „Лукоил“, одлучи да ги продаде своите странски средства по воведувањето на блокирачките санкции од САД. Во моментов има удели во проекти за развој на нафтени полиња во Азербејџан, Казахстан, Узбекистан, Ирак, Египет и ОАЕ, како и во Латинска Америка, Западна и Централна Африка. Компанијата поседува и рафинерии за […]

Улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром добива семафори


Започнува првата фаза градежни активности за поставување на светлосна сигнализација на крстосница улица „Васко Карангелевски” со улица “Ангел Димовски” во населба Аеродром.   Денес екипи на ЈП „Улици и патишта”- Скопје почнуваат со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улица „Васко Карангелевски” со улица “Ангел Димовски” во населба […]

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон


Ќерката на Брижит Макрон изјави пред судот во Париз дека нејзината мајка повеќе не може да ги игнорира „ужасите што ги кажуваат“ сајбер-насилниците кои неосновано тврдат дека е родена како маж. Тифејн Озиер, 41, рече дека тие предизвикале „промена и влошување“ кај нејзината мајка, првата дама на Франција, додека сведочеше на вториот и последен ден […]

ПОЦ овозможи плаќање паркинг со QR-код


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, на ден 29.10.2025 година успешно реализираше поставување на нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка. Во рамки на напорите за дигитализација и модернизација, претпријатието денес започнува со замена на сите информативни […]

Војната на вештачката интелигенција против новинарството


Во Европа се води тивка војна – војна што ќе одлучи дали новинарството ќе остане столб на демократијата или ќе се раствори во вревата на економијата на податоци. Со години, новинските организации имаа нелагоден договор со Силиконската долина. „Гугл“ и „Мета“ го земаа лавовскиот дел од парите од рекламирање, но ги испраќаа читателите кон нас. […]

Преполна сала. Стоечки овации. Виена на нозе го поздрави настапот на Филхармонија


„Преполна сала. Стоечки овации. Виена на нозе и со бескрајно долг аплауз ја поздрави беспрекорната музичка изведба на Македонската филхармонија“, стои во објавата на Фејсбук, на националната установа.      „Синоќа, на сцената на една од најпрестижните концертни сали во светот, во срцето на Виена, градот каде што се роди класичната музика, оркестарот на Македонската […]

Скопје ќе биде дел од светската турнеја на „Егзит“ во 2026


Познатиот регионален фестивал „Егзит“ објави дека во рамки на својата светска турнеја „EXIT Global Tour“ следната година ќе настапи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија. Скопје се спомнува во јуни. Според објавата на официјалниот Инстаграм профил на EXIT, првите дестинации за 2026 Exit Global Tour година се Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија. […]