Големи критики на Вучиќ на сметка на тајната служба и МВР


  Во емисијата „Хит Твит“ на Пинк ТВ, српскиот претседател Александар Вучиќ упати низа обвинувања против српските безбедносни служби, а особено против Министерството за внатрешни работи. Според него, на денот на големиот протест на 15 март, само две единици во рамките на МВР биле подготвени „до крај да го зачуваат јавниот ред и мир“, имено […]

Балтичките земји и Полска ја критикуваат Меркел за наводите дека се виновни за руската инвазија на Украина


  Полските и балтичките функционери реагираа жестоко на она што го сметаат за делумно обвинување од страна на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел за руската инвазија на Украина. Нивната осуда на најважниот европски политичар во последните две децении повторно го разоткри неуспехот на пристапот на Меркел кон Русија и дополнително го оцрнува наследството на поранешната […]

Во летните здравствени амбуланти во Албанија, за четири месеци, услуга добиле над 83.000 туристи, од нив 30 отсто странци


Летните здравствени амбуланти, кои на крајбрежјето и туристичките области во Албанија функционираа од 1 јуни до 30 септември, опслужиле над 83.000 туристи. Албанското Министерство за здравство и социјална заштита ги објави бројките, според кои над 83.800 туристи, кои го избрале крајбрежјето и туристичките области на Албанија добиле услуга во овие центри, од нив 30 отсто […]

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје на четири дена пред изборите


  Доколку Урсула фон дер Лајен ги преживее двете гласања за недовероба (в четврток) за кои расправата во Европскиот парламент почна денеска попладнево од недела треба да тргне на турнеја по шесте земји на Западен Балкан. Нејзината турнеја треба да започне на 13 октомври, а во Скопје треба биде на 15 октомври, идната среда. Истиот […]

Талибанците си ги поправија хеликоптерите што ги оставија Американците по повлекувањето


Механичарите на воздухопловните сили на Авганистанската армија поправија три хеликоптери што ги оставија американските воени и владини сили по повлекувањето на САД во 2021 година. Два повеќенаменски хеликоптери Ми-17 и еден лесен напаѓачки хеликоптер МД-530 беа поправени. Според Министерството за одбрана на Авганистан, сите три авиони ги поминале потребните технички тестови и веќе ги извршиле […]

Меѓународниот кривичен суд првпат осуди еден од лидерите на милицијата за масовни злосторства во Дарфур


 Меѓународниот кривичен суд денеска го осуди еден од лидерите на милицијата Џанџавид, Али Мухамед Али Абд Ал Рахман за сериозни злосторства извршени пред повеќе од 20 години во регионот Дарфур во Судан. Тој е осуден за издавање наредба за масовни егзекуции и смртоносно претепување на двајца затвореници со секира. Првпат судот во Хаг да осуди […]

Американска доминација на Скопски џез фестивал 2025, ова е програмата


Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста и современиот џез. Годинашната програма засигурно ќе ја потврди високата интернационална репутација на фестивалот. Во неа доминираат американски музичари. Така, во една вечер се две многу посакувани имиња на џезот, легендарниот гитарист Марк Рибо и […]

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП попладнево улати дел од долгот


Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании, потврди  сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. – Денеска во 16 часот добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари по пакет и после кординацијата со превозниците утре се враќаме […]

Реакции на Бегај, Рама, Бериша, мисијата на ОБСЕ по убиството на апелацискиот судија во Тирана


 По убиството на апелацискиот судија, Астрит Калаја, денеска попладне во сала на апелацискиот суд во Тирана, реагираа шефот на државата Бајрам Бегај, пемиерот Еди Рама, лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша и Мисијата на ОБСЕ. Длабоко сум шокиран и најостро го осудувам чинот на убиство при вршење на должноста на судијата Астрит Калаја. Овој […]

„Taylor Swift: The Official Release Party of a Showgirl “со најголема заработка на кино-благајните


Тејлор Свифт доминираше на бокс офисот во текот на викендот со нејзиниот специјален филмски настан „Taylor Swift: The Official Release Party of a Showgirl “, достигнувајќи го врвот на американската топ листа со проценета домашна заработка од 33 милиони долари, според „Холивуд репортер“. Колку голем викенд имаше Свифт? Нејзиниот само тридневен настан за 89-минутниот филм, кој […]

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас


Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа. Според египетската телевизија „Ал-Кахера њуз“, разговорите почнале со дискусии за размена на заложници за палестински затвореници. Египетските и катарските медијатори работат со двете страни за да воспостават механизам за ослободување на сите заложници […]

СЗО вели дека еден од пет возрасни лица сè уште е зависен од тутун


Светот пуши помалку, но епидемијата на тутун е далеку од завршена, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Новиот глобален извештај на СЗО покажува дека бројот на корисници на тутун се намалил од 1,38 милијарди во 2000 година на 1,2 милијарди во 2024 година. Од 2010 година, бројот на луѓе што користат тутун се намалил за […]

Патот на Украина кон ЕУ ќе биде тежок и со и без пречките од Унгарија


Високи претставници на Европската унија кои ја посетија Украина, упатија строга порака на Киев дека има уште многу работа да направи за да обезбеди членство, пренесува „Ројтерс“. Украина има потреба од поддршка од сите 27 земји членки на ЕУ за да стане дел од Унијата, но Будимпешта го блокира преминувањето во следната фаза на преговорите за […]

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 140- седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври. За Амбасадата на Кралството на Холандија беа одобрени 10 набљудувачи, за Здружението Планинарски спортски клуб „Кап-Струга“ од Струга – девет члена, за Националниот совет за родова […]

„Булмак 2016“ демантира дека имало еколошки инцидент во рудникот Тораница


Управата на рудниците Злетово и Тораница, компанијата „Булмак 2016“, денеска ги отфрли како целосно неточни објавите во дел од медиумите дека наводно се случил еколошки инцидент во рудникот Тораница, се наведува во соопштението од  „Булмак 2016“. „Станува збор за невистинити и неточни информации, а дел од медиумите без никакви докази ја објавуваат и пренесуваат измислената […]

Раст на цената на нафтата


Нафтата денеска се тргуваше за над 65 долари за барел откако големите производители го продолжија периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината. На Лондонската берза денеска барел нафта се тргуваше за 79 центи повеќе од вчерашните 65,32 долари. Додека на Американската берза, цената на нафтата се зголеми за 69 центи и […]

Грета Тунберг е меѓу стотиците активисти депортирани од страна на Израел


Израел изјави дека 171 активист од флотилата за помош, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, денес се депортирани во Грција и Словачка. Тунберг, која беше префрлена во Грција, беше една од околу 450 активисти приведени од Израел кога неговите сили ја пресретнаа флотилата минатата недела, пренесува Гардијан. Италијанската авиокомпанија „ИТА Ервејс“ ќе ја продолжи суспензијата на летовите […]

Во Апелациониот суд во Тирана смртно застрелан судија


 Сериозен инцидент ја вознемири албанската јавност попладнево, кога во судска сала на Апелацискиот суд во Тирана, со огнено опружје, беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој бил транспортиран во клиниката за трауматологија во Тирана, но кусо потоа подлегнал на здобиените повреди. Сторителот Ѓан Шкемби испукал три куршуми во судијата Калаја, веднаш откако почнал да ја […]

Во Србија 700.000 луѓе работат на определено време, повремени работи или нелегално, тврдат синдикати


Во Србија има околу 700.000 работници кои работат одреден временски период, на повремени работни места, преку агенции или работат нелегално, соопштија денеска од Здружението на слободни независни синдикати (АСНС) по повод Светскиот ден на несигурна работа. „Несигурноста на работното место и несигурната работа се најчестите средства со кои работодавците ги префрлаат сите деловни ризици, одговорности […]

(Фото) Сообраќајка кај Цветен пазар, метеж во Капиштец


Мала сообраќајка попладнево се случи на влезот кај Цветен пазар во Скопје. Како што покажуваат фотографиите, нема поголема материјална штета, но сепак овој застој, како и во многу други случаи, беше причина за создавање метеж на влезот во блискиот паркинг, но и автобуската станица во близина на Цветниот пазар. (Фото: Независен)