Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв


Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ во Германија. -Тој води информативна војна против нас. Тој води воена војна против Украина, а таа војна е насочена и против нас, изјави Мерц за германската телевизија ntv. Мерц тврди дека рускиот претседател сака да го преврти европскиот политички поредок наопаку.  […]

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации


Шведската активистка Грета Тунберг синоќа пристигна во Грција каде толпа луѓе ја пречекаа со овации откако таа, заедно со стотици други активисти, беше приведена од Израел на отворено море и депортирана поради обид за доставување хуманитарна помош во Газа. Израел соопшти дека вчера протерал 171 активист, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, со што бројот на […]

Администрацијата на Трамп ги нарекува градовите предводени од демократите „воени зони“


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Чикаго за „воена зона“ за да може таму да испраќа војници, додека припадниците на Калифорниската Национална гарда се распоредени во Портланд, Орегон, уште еден град предводен од демократите, и покрај блокадите на судовите. – Тоа е воена зона. Неговиот град е воена зона, а тој лаже за […]

„Бајка“ – коцерт со Анна Кондратенко во Битола


Ана Кондратенко е една од најпознатите виолинистки и концерт-мајстори на Македонската филхармонија вечер во Битола ќе одржи концерт со наслов „Бајка“ на кој ќе настапи заедно со битолскиот Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија. Од  НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на концерот информираа дека на програмата ќе бидат застапени делот „Чукни […]

Ретроспективна изложба на македонскиот фотограф Александар Кондев


Во Културно-информативниот центар – Скопје од денеска до 14 октомври 2025 година ќе биде отворена ретроспективната изложба на познатиот македонски фотограф Александар Кондев. Кондев е роден во Скопје 1950 година. Основно и средно образование го стекнува во Скопје и студира на Економскиот факултет. Интересот за фотографијата и фото техниката се појавува уште во раните школски […]

Концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип


Во Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип. Како што најавуваат од Националниот џез оркестар, концертот ќе биде посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. На истата сцена, во единствена музичка средба, […]

Серија од шест вебинари под наслов „ФилмЕД презентација“, првиот ќе се одржи денеска


 Во текот на октомври 2025 година ќе се одржи серија од шест вебинари под наслов „ФилмЕД презентација“ (FilmED Showcase), посветени на нови пристапи во филмското образование. Вебинарите се организирани од тимот на ФилмЕД – авторите кои самите ги тестирале и имплементирале активностите пред да бидат споделени на платформата https://film-ed.eu/mk/. Првиот вебинар ќе се одржи денеска […]

ЦУК ќе додели благодарници по повод 20 години од основањето


 Во рамки на одбележувањето на 20 години од основањето на Центарот за управување со кризи, денеска во ЦУК ќе се одржи прием за медиумите по повод професионалното информирање за време на кризните состојби.  На настанот, како што информираат од ЦУК, ќе бидат доделени благодарници за објективно, навремено и професионално информирање за време на кризни состојби. 

АМД скокна за 20 проценти, СиП 500, Насдак достигнаа нови рекорди


На Волстрит, индустрискиот просек Дау Џонс малку падна во понеделникот, додека СиП 500 и Насдак достигнаа нови рекордни максимуми, благодарение на порастот на цените на акциите на неколку технолошки компании кои развиваат вештачка интелигенција. Индексот Дау Џонс падна за 0,14 проценти на 46.694 поени, додека СиП 500 порасна за 0,36 проценти на 6.740 поени, а […]

Денеска облачно со дожд, од утре стабилизација на времето


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува […]

Социјалните мрежи полека умираат во море од ботови и длабоки фејкови


Твитер – под своето ново име X – се поочиглердно станува хаотичен лавиринт од радикализирани ботови, слики генерирани од вештачка интелигенција и море од длабоки фејкови.  Фејсбук,пак, продолжува да го полни својот бескраен резервоар од псевдо-инспиративни слики подобрени од вештачка интелигенција за да ја хипнотизира својата публика од „тетки“, додека Инстаграм, ТикТок и Јутјубе јаваат […]

Мицкоски барал кандидат кој ќе биде добар за Кичево, а не за ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот народен митинг во Кичево, изјави вечерва дека кога размислувал кој да биде  кандидат за градоначалник на Кичево,  не размислувал кој ќе биде најдобар за ВМРО-ДПМНЕ, туку кој ќе биде најдобар за Кичевчани. „Кој може да се бори за сите вас, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за СДСМ, и […]

ЕУ бара од Албанија под итно да ја зголеми безбедноста на судиите


Делегацијата на Европската унија во Тирана вечерва реагираше поради убиството на судија од Апелацискиот суд, наведувајќи дека е „шокирана од чинот на насилство што доведе до убиство на судијата Астрит Калаја и повредувањето на двајца албански државјани“. – Остро го осудуваме овој криминален чин. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на судијата Калаја. Оваа трагедија ја […]

Нападите врз руската инфраструктура извршени со ракети произведени во Украина


 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека нападите на украинската армија врз руската инфраструктура изминатите денови се извршени со ракети произведени во земјата. – Важно е да се разбере дека изминатите денови Украина користи исклучиво украински производи (и тоа не се) само дронови, наведе Зеленски на брифинг во Киев, одговарајќи на прашање дали Украина […]

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ


Живееме во период на максимална неизвесност и експлозивна нестабилност и во овој хаотичен и заканувачки пејзаж потребно ни е единство за да испорачаме за Европејците, да ја зајакнеме безбедноста, да ја заштитиме нашата демократија, да ја поддржиме индустрија и да го зацврстиме нашиот општествен модел, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. […]

Муртезани: Предвремени избори нема да има, Беким Сали ќе биде прв вицепремиер


Предвремени парламентарни избори следната година нема да има, зашто нема никаква потреба за тоа, вели министерот за европски прашања и потпретседател на Алтернатива (дел од ВРЕДИ), Орхан Муртезани, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашање дали, сепак, има контекст којшто може да направи притисок и да ја принуди ВМРО-ДПМНЕ да се реши […]

Лула побара од Трамп укинување на царините од 40 проценти за бразилскиот увоз


Претседателот на Бразил, Инацио Лула да Силва во денешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп побара укинување на царината од 40 проценти за бразилските производи. Лула го поканил Трамп да присуствува на претстојниот Самит за климата, што ќе се одржи во Белем. По телефонскиот разговор Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth social) […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага пион на олигархијата во Карпош, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска попладнево беше на митинзи во скопските општини Центар и Карпош, каде што беа претставени кандидатите за градоначалници и советници. Тој во Центар рече дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само […]

Пиперки од Македонија се повлекуваат од хрватскиот пазар


Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Македонија, објави Европскиот систем за безбедност на храната (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна – RASFF), пренесуваат медиумите во регионот. Како што е наведено во соопштението за медиумите на таа европска организација, во пиперките увезени […]

Мицкоски по изборите ќе правел ресет на системот: „Ќе ја допреме вистината“


  Иако неговата влада е на власт 15 месеци премиерот Христијан Мицкоски по локалните избори ќе правел „ресет на системот“. На митингот во Македонски Брод тој повторно го нападна судството. „Моментот што го чекале генерации е пред нас, време за ресет на системот, време да ги скршиме синџирите на неправдата и да изградиме држава на […]