(Видео) Забрана за движење во Вардариште – „Дрисла“ ја презема Главниот штаб за управување со кризи


Пожарот во депонијата „Дрисла“ ќе се обидат да го сузбијат со затрупување со земја, бидејќи гасењето со вода не дало резултати. – Скопските пожарникари, во текот на целата ноќ се обидуваа да го изгаснат пожарот којшто вчера попладне изби на депонијата „Дрисла“ во Скопје. За жал, гаснењето со вода не даваше резултати, поради што  се […]

Свечено одбележан Денот на независноста на Македонија во Загреб


Амбасадата на Република Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб, и Македонската православна црква во Република Хрватска, свечено го одбележаа Денот на независноста на Република Македонија со што уште еднаш се потврди меката моќ на културната дипломатија во градењето […]

Азески на работна средба со француската компанија Буиг за поддршка на инфраструктурни инвестиции


Вчера, на 9 септември 2025 година, во Стопанската комора се одржа работна средба со француската компанија Буиг (Bouygues). Високите претставници на компанијата изразија интерес и подготвеност на Буиг да учествува во изградбата на големи инфраструктурни проекти во Македонија, како изградбата на железницата и клиничките центри. Компанијата Буиг со диверсифицирано портфолио во секторите градежништво, енергетика, телекомуникации […]

Зголемен бројот на издадени одобренија за градење


 Во  јули година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31 699 433 илјади денари, што е за 345.3 % повеќе во однос на истиот месец од […]

Министерот за здравство потпиша соработка со „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“


Алиу: Потпишуваме заеднички меморандум за соработка со трите најголеми приватни здравствени установи-ги зајакнуваме капацитетите во интерес на пациентите   Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги посети трите најголеми приватни здравствени установи во земјава – „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ – со цел потпишување заеднички Меморандум за соработка.   Со овој меморандум се воспоставува […]

Владата ќе го спасува споменикот „Македониум“ во Крушево со 2,5 милиони денари


 Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.  Митева најави дека проектот ќе биде […]

Мицкоски не може да обезбеди почитување на македонскиот јазик ни во владата, вели СДСМ


  По вчерашното одбивање на вицепремиерот Арбен Фетаи да одговара на македонски јазик на поставени новинарски прашања, опозициската СДСМ го прашува премиерот Христијан Мицкоски дали ќе го разреши поради овој „инцидент“. Фетаи им рече на новинарите дека „уште не бил спремен на македонски“. „Од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молк. Нема реакција, нема извинување, нема барање за […]

Белата куќа доби „Клуб со ружи“ наместо „Градина со ружи“


Вашингтон – Контроверзното преуредување на Градината со ружи во Белата куќа од страна на претседателот Доналд Трамп беше промовирано во текот на викендот, додека тој го организираше својот прв настан на новиот двор и откри ажурирано име за просторот. Во петок, 5 септември, Трамп, 79, ги пречека некои од неговите најблиски сојузници – вклучувајќи го […]

Паричникот на три хороскопски знаци „пука“ од среќа на 10 септември 2025 година: Тие се мачеа долго време, сега сè се исплати


Ѕвездите ќе се порамнат и паричниците на 3 хороскопски знаци ќе бидат полни со среќа почнувајќи од 10 септември 2025 година. Според хороскопот, три хороскопски знаци ќе блеснат финансиски почнувајќи од 10 септември 2025 година. Ѕвездите ќе се усогласат во корист на некои хороскопски знаци, носејќи значајни финансиски можности. Во постојано менувачкиот економски свет, од […]

Социјалната мрежа што руши рекорди во Европа: Бројот на корисници скокна на 200 милиони за само една година


Се проценува дека овој гигант вреди повеќе од 330 милијарди долари. Според најновите податоци објавени од Ројтерс, популарната платформа за кратки видеа TikTok достигна импресивна бројка од над 200 милиони месечни корисници во Европа. Оваа бројка дека еден од тројца жители го користи TikTok, е доказ за неверојатната популарност на апликацијата, особено кај помладата популација. […]

Во оваа земја, лебот, млекото и месото би можеле да бидат значително поевтини: Каков потег прават?


Со цел да им го олесни животот на граѓаните и да ја стимулира економијата, шведската влада најавува дека од април 2026 година до крајот на 2027 година, ќе го преполови данокот на храна. Ова значи дека основните производи како што се лебот, млекото, јајцата и месото би можеле да станат значително подостапни. Шведската влада планира […]

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение


По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања, се наведува во соопштението […]

Путин го тестира НАТО со нападот со дронови на Полска


  Полска собори руски дронови,Полска рано во средата соопшти дека повеќе руски дронови влегле и биле соборени над нејзина територија со помош на сојузниците од НАТО, опишувајќи го инцидентот како „чин на агресија“ извршен за време на бранот руски напади врз Украина. Неколку европски лидери изјавија дека веруваат оти Русија намерно ја ескалира војната, а […]

Меси за прв пат во кариерата стана најдобар стрелец во квалификациски циклус за Светското првенство


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за прв пат во кариерата стана најдобар стрелец на квалификацискиот турнир за Светското првенство. Триесет и осумгодишниот напаѓач постигна осум гола и имаше три асистенции во 12 натпревари од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026 година, а Аргентина го освои првото место во јужноамериканската квалификациска група.  За споредба, Меси постигна седум […]

Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч), соопшти УХМР. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, […]

Аплаузи и овации: „Профундис“ со прва Candlelight турнеја во Босна и Херцеговина


Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ со голем успех ја реализира својата прва Candlelight турнеја во Босна и Херцеговина, настапувајќи во три преполни концертни сали во Сараево, Тузла и Мостар. Секоја вечер, илјадници свеќи создаваа волшебна атмосфера, а музиката на „Профундис“ предизвикуваше бурни аплаузи, стоечки овации и искрени емоции кај публиката. Candlelight концертите, кои се одржуваат во […]

Американскиот федерален суд се изјасни против смената на гувернерката на Федералните резерви, Кук


Судијката во американскиот федерален суд Џија Коб денеска привремено го запре обидот на претседателот Доналд Трамп да ја разреши гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук, истакнувајќи оти не е обезбедена законска основа за нејзино разрешување. Коб издаде привремена забрана со која ѝ дозволува на Кук да остане на функцијата додека нејзиниот случај не се реши […]

УНИЦЕФ предупредува: Повеќе деца се дебели отколку недохранети, главен виновник е ултра-преработената храна


Светот за прв пат се соочува со алармантна реалност: повеќе деца се дебели отколку недохранети, покажа голема студија на добротворната организација за деца УНИЦЕФ. Се проценува дека околу едно од десет деца на возраст од пет до 19 години, или околу 188 милиони деца и млади луѓе, се погодени од дебелина, објави Би-Би-Си. Истражувачите го […]

И поранешниот шеф на италијанската дипломатија, Ди Мајо, го поддржа Бујар Османи


  Во поддршката на Бујар Османи, кој е кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир преку видео порака се вклучи и поранешниот италијански министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо. Во обраќањето, Ди Мајо ја истакнува европската ориентација на Османи и неговата посветеност во јакнењето на меѓународните односи: „Бевме министри за надворешни работи заедно, служевме […]

Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав


  Триесет и двајца македонисти се учесници на Македонско-северноамериканската конференција за македонистика што денеска и утре се одржува во Охрид. Основната цел на собирот се македонистичките проучувања, истражувања генерално. На почетоците на одржувањето на конференцијата фокусот се става на лингвистичките дисциплини – македонскиот јазик литература и култура, но сега конференцијата опфаќа и многу други научни […]