Швајцарските банки одбиле секое трето барање за потрошувачки кредит


Швајцарските банки во 2024 година одбиле рекордни 35,5 отсто од барањата за потрошувачки кредити, објави порталот „Кредитферглајх“, повикувајќи се на податоците од централниот регистар на кредитни информации. Станува збор за пораст во однос на претходната година, кога стапката на одбивање изнесуваше 30,8 отсто, пренесе „Свисинфо“. Главна причина за одбивањето е недоволната солвентност на клиентите. Вкупната […]

Шукова предлага формирање натпартиски стручен штаб за Дрисла, чадот е закана за целиот град


Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град. Како што посочувам неколкупати досега, веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со земја и глина за да се избие […]

Европските берзи без јасен тренд, цената на златото сè поблиску до рекордно ниво


 Европските берзи денеска бележат неусогласено движење, додека цената на златото повторно расте и се приближува до рекордни нивоа поради очекувањата дека Федералните резерви на САД следната недела ќе ги намалат каматните стапки, што ја зголемува привлечноста на овој благороден метал за инвеститорите. Европската централна банка вчера ги задржа каматните стапки непроменети и сигнализираше дека циклусот […]

МАПАС во Градски парк по повод Денот за пензиска свесност: Информирање, забава и награди за присутните


Во рамки на одбележувањето на Денот за пензиска свесност – 15 септември, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, на 14 септември (недела) од 11:00 до 13:30 часот, во вториот дел на Градски парк (спроти паркот за кучиња), ќе одржи настан на кој сите граѓани ќе имаат можност да се информираат за своите […]

И од „Дрисла“ се сомневаат дека политички мотивирано е потпалувањето на пожарите


„Дрисла“ е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување. (Од каде им се купиштата ѓубре во околината?) – Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата […]

Османи: Ако усвоиме резолуција за црвените линии Бугарија може да ја врати декларацијата во парламентот


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче,  најави дека подготовката на резолуцијата со која ќе се одредат „црвените линии“ на земјава во однос на Бугарија  е во финална фаза и дека ќе биде вин-вин решение за државата и за граѓаните. Со таа идеја тој беше во посета на Париз и им понуди договор околу резолуцијата на другите […]

Потпретседателот на ЕБОР во прва официјална посета на земјата, потпишани три финансиски договори


Матео Патроне, потпретседател за банкарство во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја посети Северна Македонија на 10 и 11 септември, во неговата прва официјална посета на земјата, по именувањето на оваа функција, соопштија од ЕБОР. За време на посетата оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии и гувернер на ЕБОР, Гордана […]

Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци


Претседателот на САД Доналд Трамп изјави пред новинарите дека „едноставно мора да ги победиме до бесвест“ „радикалните левичарски лудаци“, по убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк. Трамп зборуваше на јужниот тревник на Белата куќа, пред заминувањето за Њујорк, одговарајќи на прашања за неговата порака до конзервативците кои се чувствуваат нападнати од радикални групи. – Мора […]

Како да се заштити автомобилската индустрија во ЕУ: Фон дер Лајен на средба со лидерите на најголемите европски компании


 Во Брисел денеска се одржува средба на членови на Европската комисија, предводени од нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен со првите луѓе на најголемите европски компании од автоиндустрискиот сектор, социјалните партнери и другите клучни засегнати страни.  Целта на овој трет состанок во овој состав, како што соопшти Еврокомисијата, е да се заштити иднината на секторот, […]

Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над […]

В сабота во Кочани нема да се одржи „Марш за ангелите“


Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ соопшти дека во сабота, 13 септември 2025 година, нема да се одржи редовниот „Марш на Ангелите”.   – На овој ден ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на нашите деца, се наведува во објавата на здружението.

Поради убиството на Кирк, Трамп и други политичари со засилени безбедносни мерки


Политичката сцена во САД е во состојба на зголемена напнатост, а загриженоста за безбедноста се зголемува низ целата земја откако конзервативниот активист Чарли Кирк беше убиен на универзитет во Јута, јави Би-Би-Си. Поради инцидентот, безбедносните тимови на претседателот Доналд Трамп ја променија локацијата на неговиот говор во чест на нападите од 11 септември 2001 година, […]

Се тепале мајка и ќерка пред угостителски објект во Кавадарци


Во полиција било пријавено дека мајка и ќерка го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Синоќа во 21 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ја приведоа Ј.Ч., 38-годишна кавадарчанка. Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект во […]

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за подобар здравствен систем


Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава со околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од нашата држава и странство. Во своето обраќање, министерот Алиу посебно се осврна на дигиталното […]

Светската атлетика ја продолжи суспензијата за Русија и Белорусија


Светската атлетска федерација останува конзистентна на својата политика за суспензија на спортисти од Русија и Белорусија од меѓународните натпревари, што го вклучува и Светското првенство што започнува в сабота во Токио, јави денеска агенцијата ДПА. „Потребно ни е мирно решение“, изјави претседателот на Светската атлетска федерација Себастијан Коу, осврнувајќи се на војната што Русија ја […]

На гала настан на ACI во Гуангжу, Кина: Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“


На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, а која се одржа на 10-ти септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“. Оваа […]

Колку се големи европските економии: Македонија е на 35-то место според паритетот на куповната моќ


Западна Европа учествува со најголем дел во европската економија прилагодена според паритетот на куповната моќ (ПКМ) од 43,8 билиони меѓународни долари, мерено во меѓународни долари. Источна Европа (12,8 билиони долари) ги надминува и Северна Европа (7,8 билиони долари) и Јужна Европа (8,3 билиони долари) во однос на ПКМ, во голема мера благодарение на руската економија […]

СДСМ го предлага Игор Христов за градоначалник на Кочани


  Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница утврди уште четири нови кандидатури за градоначалници за локалните избори. Социјалдемократите го утврдија Игор Христов како кандидат за градоначалник на Кочани. Изненадување е што четирикратниот градоначалник на Илинден, Жика Стојановски (како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ) ќе биде адутот на СДСМ на овие избори.   Утврдени се и […]

Кадар на ДУИ одговорен за повторното разгорување на „Дрисла“, инсинуира Мицкоски


  Утрово Скопје се разбуди под густ бел покривач од чад. Или од магла. Додека граѓаните чувствуваа смрдеа, повторно мирис на пластика, чад и гуми, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, уверуваше дека тоа е редовна појава од магла во Ново Лисиче и делови од Аеродром, што се случува на почетокот на […]

Божиновска: Стабилна грејна сезона е приоритет, институциите во редовна координација


На координациски состанок со претставници на сите надлежни институции од енергетскиот сектор беа разгледани тековните активности и подготвителните мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во претстојната грејна сезона. Редовниот ресорски состанок се одржа во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде покрај претставниците на Министерството од соодветните сектори, присуствуваа и претставници […]