Тројца работници од Бангладеш загинаа во сообраќајката на патот Штип-Радовиш


Тројца починати работници и двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, каде утринава од мостот на Балталиска река, во близина на штипското село Лакавица, излета комбе во кое се превезувале работници. Директорот на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов за МИА вели дека медицинскиот тим на Итната медицинска […]

Анкета: Поскапувањата на цените и инфлацијата најголем проблем за повеќе од половина Грци


 Поскапувањата на цените и инфлацијата и економијата и растот со 56,6 и 30 отсто се главните проблеми за Грците, кои не се особено задоволни од мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти од Солун, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Opinion Poll“ за грчката телевизија „Action 24“, јави дописничката на МИА […]

Во ќелијата на д-р Нино Васев најдени три мобилни телефони


Три мобилни телефони биле најдени во ќелијата каде престојува д-р Нино Васев, обвинет во случајот „Онкологија“.  На почетокот на денешното судско рочиште во скопскиот Кривичен суд за случајот „Онкологија“, судијката Славица Наумова Јосифовска го прочита известувањето што го добила од КПУ Скопје. Трите мобилни телефони пронајдени во ќелијата каде Васев е во притвор се одземени. […]

Славески со швајцарска помош ќе ги јакне институционалните капацитети на НБ


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Михал Харари, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на Швајцарија и со претставници на Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева, на која се разговараше за давање поддршка за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон Европската Унија. Во рамките на […]

Комбе со работници излета од мост на експресниот пат Штип-Радовиш, има и жртви


Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати и повредени лица. Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип. Во текот на денот се очекуваат детали за […]

Силен украински напад на руска територија – ноќеска пуштени над 200 дрона, дел кон Москва и Санкт Петерсбург


Москва – Русија денеска информираше дека во текот на ноќта соборила 221 украински дрон во еден од најголемите напади на украинската армија во 3,5-годишната руска агресија врз Украина. Нападот се случи во пресрет на почетокот на големите руско-белоруски воени вежби што се одржуваат во близина на Минск. Од беспилотните летала што беа „пресретнати и соборени“ од […]

Како Болсонаро, пријателот и „голем човек“ на Трамп, заврши зад решетки


Отворена носталгија за диктатурата, која постојано ги оспоруваше државните институции за време на неговиот мандат како шеф на Бразил, Жаир Болсонаро, се колнеше дека никогаш не отстапувал од рамката на уставот, а сега е осуден на 27 години затвор за обид за државен удар. Пензионираниот армиски капетан никогаш не се дистанцирал од темните години на […]

Делови од Скопје обвиени во магла и со високо загадување од ПМ честички


Дел од Скопје утрово се разбуди во магла и загаден воздух. Во населбите Аеродром, Ново Лисиче видливста е намалена како да е зимско утро,  вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 се во црвената зона, а во воздухот и понатаму се чувствува мирис на изгорено. Иако уште вчера Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот […]

„Вечер со Олга Панкина“ на 15 септември во ДПМ


Во Друштвото на писателите на Македонија на 15 септември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи „Вечер со Олга Панкина“ – преведувачка, поетеса и промоторка на македонската книжевност и култура. Воедно, со оваа вечер ќе бидат одбележани два значајни јубилеи: педесет години од основањето на Лекторатот за македонски јазик во Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, […]

Бил Гејтс испадна од листата на 10 најбогати луѓе во светот


Коосновачот на Мајкрософт и поранешен најбогат Американец, Бил Гејтс, е надвор од листата на 10 најбогати луѓе во Соединетите Американски Држави за прв пат од 1991 година, според најновата листа на Форбс. Неговото богатство се проценува на 107 милијарди долари, што го става на 14-то место, зад бизнисменот Мајкл Блумберг и пред наследничката на Волмарт, […]

Трамп вели дека упадот на руски беспилотни летала е „можеби грешка“, Полска остро реагираше


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа посочи дека руските беспилотни летала што го нарушија полскиот воздушен простор можеби го направиле тоа случајно, нарекувајќи го инцидентот „грешка“. Таквиот коментар предизвика остра осуда од Полска и нејзините европски сојузници, кои го оценија како опасно и погрешно толкување на ситуацијата, пишува Киев пост. „Можеше да биде грешка“, им рече […]

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава


Ерусалим – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „нема да има палестинска држава“ на церемонијата на потпишување на важен проект за понатамошна изградба на еврејски населби на Западниот Брег, пренесуваат западните медиуми. – Ќе го одржиме нашето ветување: нема да има палестинска држава, тоа место ни припаѓа нам, рече Нетанјаху за време на посетата на […]

Љутков во работна посета на Дојран и Гевгелија


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во работна посета на Дојран и Гевгелија.  Како што соопштуваат од Министерството за култура и туризам, во рамки на посетата Љутков ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и ќе посети повеќе значајни културно-историски споменици и локалитети во регионот на Дојран и Гевгелија, по што […]

„Инвеститорски ден“, можност за физичките лица да тргуваат на македонската берза без трансакциски трошоци


 Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата денеска по шести пат […]

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9


Во организација на издавачката куќа „Бегемот“ од денеска до недела во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ArtArea е планирана со богата програма од различни културни зони. Фестивалската тема годинава е „Македонската алтернативна музика“, на која преку неколку тематски […]

Дел од општините Аеродром и Центар без вода


 Без вода денеска од 8:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Пандил Шишков“ висока зона, од број 1 до број 49, „Вангел Тодоровски“, „Руди Чаевац“ и Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром.  Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улица „Пандил Шишков“ број 9.  Поради изведување водоводен […]

Променливо облачно, до 33 степени


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 12 септември 2025 година, 255-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 110 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 18 часот и 48 минути. Денов трае 12 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, […]

Утре и в сабота ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 12.09.2025 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16.09.2025 година  терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:   1.Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива […]

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција


 Албанската Влада, прва во светот, ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција. Таа е 17-член на новиот владин кабинет „Рама4“. Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави дека Диела, што […]