Цените на нафтата се искачија на 68 долари за барел


Цените на нафтата се искачија на меѓународните пазари кон 68 долари, бидејќи повторените украински напади врз руската нафтена инфраструктура го привлекоа вниманието на инвеститорите кон заканите за снабдувањето, засенувајќи ги знаците за намалување на побарувачката во САД. На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше повисока за 1,19 долари отколку на затворањето на тргувањето […]

Собранието изгласа Декларација за фер, слободни и демократски избори


Собранието попладнево со 73  гласа „за“  и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Декларацијата беше поднесена од претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи. Во неа, Собранието изразува надпартиско единство за одржување […]

Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови остри економски мерки против Москва поради застојот во мировните преговори со Украина. – Некако ми снемува трпение, и тоа со забрзано темпо. Ќе има тешки удари преку санкции кон банките, нафтениот сектор и преку царини, рече Трамп […]

Повеќекратно ќе се зголеми казната за непочитување на Законот за нефер трговски практики, најави Ристески


Повеќекратно зголемување на казната што сега е предвидена во Законот за нефер трговски практики се планира од наредната година, соопшти денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески. Во изјава за медиумите по работен состанок во Стопанската комора, Ристески ги охрабри да пријават во Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) сите што имаат сознанија за изигрување на […]

Кој има повеќе имот – Левица или ВМРО-ДПМНЕ?


  Остра дебата се водеше на денешните пратенички прашања меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и премиерот Христијан Мицкоски, која од прашање за приватната агенција која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ во Кочани заврши во расправа за тоа која партија колкав имот има. Апасиев зборуваше за агенцијата „Рубикон“ чиј вистински соптвеник е Александар Нацев, директорски кадар […]

Склучени 396 трансакции: Голем одзив на годинашниов „Инвеститорски ден“ на Македонската берза


Шеста година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до […]

Нема место за непотизам на советничката листа на СДСМ во Битола


  Венко Филипче се спротивставил на непотизмот во Битола и ја тргна од листата на советници братучетката на кандидатот за градоначалник Методија Куновски. Синоќа ОО на СДСМ Битола одржа Изборна конференција и ја скрои новата листа на советници за претстојните локални избори. По пишувањата на порталот „Апла“ дека кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола, […]

Студентот кој му го постави последното прашање на Кирк со порака до оние што го слават убиството (видео)


Студентот на Универзитетот Јута Вали кој му постави на Чарли Кирк последното прашање пред да биде убиен конзервативниот активист, проговори за пукањето. Хантер Козак, студент по математика на универзитетот, објави видео на социјалните мрежи реагирајќи на веста, поточно на неговата улога во последните моменти на Кирк. „Не знам како да го направам ова видео. Беа […]

Левица објави уште 10 кандидати за градоначалници


  Партијата Левица денес објави уште 10 кандидати за градоначалници. Тоа се: Гевгелија – Тони Аврамов; Куманово – Мирослав Петковиќ; Македонски Брод – Марјан Ѓурчески; Крушево – Зоран Јаневски; Кочани – Жаклина Филипова-Свеќаровска; Илинден – Мартин Маринковски; Пехчево – Невенка Тренчевска; Берово – Мирче Кировски; Ранковце – Иван Нешевски; и Старо Нагоричане – Андреј Димитриевски. […]

„Дрисла“ нема ограда, имало три неуспешни обиди за потпалување


Полицијата ќе испитува дали вработени во „Дрисла“ или пак надворешни лица имаат удел во пожарот што веќе неколку дена гори на депонијата, најави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој информира дека до вечерва, а најдоцна утре ќе биде затрупана со земја […]

Американските медиуми го објавија името на наводниот убиец на Чарли Кирк


Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е идентификуван како Тајлер Робинсон, според NBC News, која се повикува на пет високи службеници за спроведување на законот запознаени со случајот. Службениците додадоа дека Робинсон е роден во 2003 година и потекнува од државата Јута. Робинсон е приведен под сомнение дека го извршил убиството во среда за време […]

Претседател на Управниот одбор на „Дрисла“ е Даме Димитровски, советник на премиерот


  СДСМ денеска преку соопштение нагласи дека со Дрисла (која деновите со чад и миризба го труе половина Скопје) управува ВМРО-ДПМНЕ, заеднички со ДУИ „Даме Димитровски, актуелниот советник на Христијан Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на Дрисла, https://drisla.mk/organizacziona-struktura/  Претходно ВМРО-ДПМНЕ […]

Мицкоски очекува опозицијата да се служи со шпекулации и конструкции во кампањата


  Првите избори што ќе ги спроведува новата влада ќе биле исполнети со шпекулации и конструкции од опозицијата. Така тврди премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја објави коалицијата од 25 партии наречена „Твоја Македонија“.  Премиерот рече дека очекува кампања која ќе изболиувала со „шпекулации, конструкции, подметнувања и невистини од страна на опозицијата“. […]

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври


Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а […]

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост


Оваа година винарската визба „Тиквеш“ одбележува 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци – јубилеј кој го потврдува континуитетот на македонската винска традиција, но и модерната визија и лидерство на компанијата. Денес ВВ „Тиквеш“ е препознаен како регионален лидер и глобално афирмиран бренд, благодарение на стратешката трансформација и инвестициите насочени кон целосна модернизација, […]

Пожарот во „Макпрогрес“ пеплоса три од 12 производствени линии, компанијата добива понуди за помош од сите страни


Со понуди за помош, поддршка и солидарност се јавиле голем број домашни компании и маркети, деловни партнери и странски инвеститори, институции и медиуми, како и поединци на социјалните мрежи и со купување на производите на „Макпрогрес“ во Виница откако во пожар минатата недела беа уништени производствени погони на фабриката.  Ним им се заблагодари првиот човек […]

Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши


 Mинималната плата сe одредува од економскиот развој, зголемување на продуктивноста и нивото на трошок за живот. Ад хок предлог за зголемување без економска покрепа и без да се направи анализа ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата, вели министерот за екомонија и труд Бесар Дурмиши во одговор на […]

Трамп потврди дека осомничениот за убиството на Чарли Кирк е во притвор


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е приведен осомничен за убиството на неговиот соработник Чарли Кирк. – Мислам, со висок степен на сигурност, дека го имаме во притвор, рече Трамп за време на гостувањето на телевизијата Фокс њуз. Трамп додаде дека осомничениот бил „некој многу близок со него“, и оти повеќе детали ќе бидат […]

На чело на советничката листа на ЗНАМ за Скопје е генерал Горанчо Котевски


  Партијата ЗНАМ на денешната прес-конференција ги соопшти ноителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во градот Скопје. Портпаролот  Никола Мемов рече дека на последната седница на Извршниот одбор била усвоена одлука на претстојните избори да настапате со свои советнички листи во 53 општини, плус Градот Скопје. На чело на […]

Дуел меѓу Филипче и Мицкоски во Собранието за прислушувањето


  Лидерот на СДСМ го праша премиерот зошто не дозволува декласификација на документите за новодното следење. Тој одговори дека целата работа е во рацете на обвинителството. Скандалот со прислушувањето и неговите рестлови денеска се пренесоа во Собранието каде Венко Филипче на седницата за пратенички прашања го повика Христијан Мицкоски да одговори зошто не дозволува декласификација […]