Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата


Семејствата на израелските заложници кои сè уште ги држи Хамас рекоа дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е „единствената пречка“ што го спречува нивното враќање и постигнување мировен договор, пренесува Би-би-си. Форумот за заложници и исчезнати семејства напиша на социјалните медиуми дека нападот на Израел врз Катар минатата недела покажува дека „секој пат кога се приближува договор, […]

ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!


Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата, стои во соопштението на ДУИ кое МИА го пренесува интегрално:  Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис […]

СДСМ: Власта раскажува приказни за пожарите во депониите, време е за одговорност


СДСМ обвини дека Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје. -Над 500 илјади жители на Скопје и околината се гушат во отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште, а власта се крие зад измислени приказни за „хибридни напади“. Додека граѓаните […]

МАПАС: Истекува рокот за поднесување на изјава за членовите со бенифициран стаж


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност дека истекува рокот за поднесување на Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд, се наведува во соопштението од МАПАС, што МИА го пренесува интегрално. Согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на […]

Земјотреси утрово регистрирани во Бугарија и во Грција


Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 15 септември, во 08:01 часот во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил на 57 километри од Бургас. Земјотресот бил на длабочина од 16,8 километри. Нема информации за материјални штети. Земјотрес утрово е регистриран и во Грција. Земјотресот бил со интенрзитет од 4 степени […]

Месечен хороскоп за октомври 2025 година: Некои луѓе не ги пропуштаат своите шанси за успех, други се повлекуваат во себе за малку да се смират


Месечниот хороскоп за октомври 2025 година ве води низ космичките влијанија што го обликуваат вашиот живот во различни области, вклучувајќи ја љубовта, кариерата, здравјето и личниот раст. Истражете што ѕвездите ви подготвуваат во октомври 2025 година. Октомври 2025 година ќе биде месец на неочекувани откритија. Ова е време кога есенските бои не само што ја […]

Миле Јанакиески стана сопственик на градежна инвестициска групација


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески стана еден од сопствениците на градежниот конзорциум „Смарт Инвест Гроуп“, кој обединува неколку познати градежни инвеститори од пелагонискиот регион во изградбата на станбени комплекси, пренесе Фактор.   Поранешниот најблизок соработник на екс-премиерот Никола Груевски во „Смарт Инвест Груп“ од изминатата недела станува член на групацијата на местото […]

Мотивот за пукањето во Кирк е сè уште нејасен, но осомничениот имал левичарски ставови


Семејството и пријателите на 22-годишниот маж обвинет за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк велат дека неговите политички ставови стануваат сè повеќе левичарски во последните години, бидејќи тој поминувал повеќе време во „темните агли на интернетот“, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, доцна синоќа. Истражителите сè уште собираат информации за осомничениот Тајлер Робинсон и сè […]

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска дека би можел да прогласи национална вонредна состојба и да воведе федерална контрола врз главниот град Вашингтон, откако градоначалничката на градот, Муриел Баузер, изјави дека локалната полиција нема да соработува со Службата за имиграција и царина. Проблемот е поврзан со давањето информации за луѓето што живеат или […]

Грчкиот брод дел од меѓународната иницијатива Global Sumud Flotilla отплови од островот Сирос за Газа


 Грчкиот брод со името „Оксигоно“ (симболично име што значи „Кислород“), дел од меѓународната иницијатива „Global Sumud Flotilla“, односно конвојот со хуманитарна и политичка порака, чија цел е да ја пробие израелската блокада кај Појасот Газа, синоќа отплови од грчкиот остров Сирос, јави дописничката на МИА од Атина. Заедно со „Оксигоно“ е и придружниот брод „Илектра“, […]

Ова се сите победници на наградите „Еми“ за 2025, серијата „Студиото“ влезе во историјата


СЕРИЈА „Студиото“ е апсолутен победник на овогодинешните награди „Еми“, пишувајќи историја со рекордни 13 освоени статуетки. Со ова, комичната серија од платформата Apple TV+ го симна од тронот претходниот рекордер, серијата „Мечката“, и ги однесе дома наградите во клучните категории, вклучувајќи ги и оние за најдобра комична серија, сценарио, режија и глума. Кога серијата беше […]

Античкиот театар Аспендос во Турција ја собра оперската и балетска елита за Меѓународниот фестивал


Светската оперска и балетска елита и љубителите на класичната уметност се собраа во Турција, во античкиот театар Аспендос во близина на Анталија. Со изведбата на „Турандот“ во која настапија оперската дива Олга Маслова од Русија и оперската сензација Рикардо Маси, започна 32-то издание на Меѓународниот фестивал за опера и балет, кој ќе трае до 1 […]

Д (како Дездемона) на Рисима Рисимкин пред публиката во Верона


 Во рамки на фестивалот Планет Шекспир во Верона, на сцената на театарот „Камплој“ на 13 септември, е изведена претставата „Д (како Дездемона) на Рисима Рисимкин во продукција на Скопје танцовиот театар.  По втор пат дело на Рисимкин, работено врз творештвото на Шекспир, е покането на фестивалот во Верона. – Прекрасно беше чувството да настапиме пред […]

Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ со филмови од најрелевантните филмски фестивали


Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе почне на 20 септември, годинава во Битола нуди филмови од најрелевантните филмски фестивали. Според Слаѓан Пенев, селектор на главната фестивалска програма, за фестивалот на кинематограферите од светот, најважна е визуелната естетика. -Ова е фестивал на кинематограферите и најважна е визуелната естетика. И тоа е првиот критериум […]

Османли и Маџиров ја претставуват  македонската литература во грчката антологија „Балкан“


Од 26-28 септември, во Грција ќе се одржи важна културна и книжевно теоретска средба, Првиот Конгрес  на интелектуалци, насловена „Меѓубалкански литературни среќањава“ со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“, настан во чиј пресрет е објавена и  антологијата „ Б а л к а н – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, 09.2025).  Антологијата, која има 456 страници е составена од Еви Вулгараки Писина, Ангелос Калогеропулос и Димитрис Склирис. Станува збор за уште една, за недолго време објавена јазично комплетна книжевна антологија што опфаќа преводи на грчки, од сите балкански јазици. Таа опфаќа 57 автори и 12 преведувачи што приопшиле литературни дела од Грција, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, […]

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2025, и Дончиќ во неа


Објавен е симболичниот тим на Европското кошаркарско првенство 2025. Во него се вклучени: Денис Шредер (Германија), Лука Дончиќ (Словенија), Франц Вагнер (Германија), Јанис Адетокунбо (Грција) и Алперен Шенгун (Турција). Плејмејкерот Денис Шредер беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Трофејот на Евробаскетот 2025 го освои Германија која во финалето ја победија Турција со 88:83. 

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени


Сателитскиот интернет провајдер „Старлинк“ на милијардерот Илон Маск објави на својата веб-страница денеска дека има прекин на услугата. -Моментално има прекин на услугата „Старлинк“. Нашиот тим истражува, се вели во соопштението на интернет провајдерот, без да даде дополнителни детали. Веб-страницата за следење на интернет услуги „Даундектор“ соопшти дека повеќе од 43.000 корисници во Соединетите Американски […]

Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото


На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото, соопшти неговиот кабинет. Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно […]

Италијанскиот мотоциклистички тркач Котини почина по повреди на трка


 Италијанскиот мотоциклистички тркач Габриеле Котини почина по повредите здобиени во несреќа за време на трка. Имаше 39 години. – Во знак на жалост, немаше прослава на подиумот по трките. Споменот на Габриеле Котини ќе живее во нашите срца, соопшти Италијанската мотоциклистичка федерација во соопштение на својата веб-страница. Несреќата се случи за време на трката „Dunlop […]

Осумнаесет кандидати во трка за градоначалник на Скопје


Осумнаесет кандидати ќе влезат во трката за градоначалник на Скопје на претостојните локални избори доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи. Рокот за поднесување кандидатури истече на 13 септември на полноќ. ДИК соопшти дека до завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на 80 општини и на […]