Место Мицкоски повторно претседателката ќе оди на Генералното собрание на ОН


Претседателката Гордана Давкова Сиљановска и годинава ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации иако според практиката ротираат претседателот на државата и премиерот, така што овојпат во Њујорк требаше да отпатува Христијан Мицкоски. Според неофицијалните информации, премиерот Мицкоски се откажал од учество на Генералното собрание поради презафатеност со локалните избори. Претседателката Сиљановска-Давкова за „Слободен печат“ […]

Зошто златните обетки се дел од имиџот на Морган Фримен ?


Лос Анџелес – Морган Фримен, еден од најпознатите и најпочитуваните актери во светот, има eднa необична навика – секогаш носи златни обетки на ушите. Тоа, вели, е затоа што, покрај тоа што е глумец, тој е и страстен морепловец. Фримен (86) отсекогаш го привлекувале морето и едрењето. Така, кога дознал дека морепловците и пиратите некогаш […]

Државата оди брзо назад, власта ќе нема цел мандат: Интервју со Бујар Османи


  Кандидатот за градоначалник  на Чаир и поранешен шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во интервју за „Независен“ ги гледа изборите на 19 октомври како референдум  на кој граѓаните ќе кажат – дали ќе продолжат по европскиот пат или кон српскиот свет. Тој смета дека уназадувањата во државата се толку големи што не смее да се […]

Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025


Рига – Турскиот кошаркарски стручњак, Ергин Атаман е прогласен за најдобар тренер на Европското првенство 2025. Под водство на Атаман, турската репрезентација стигна до финалето на турнирот и загуби од Германија со резултат 83:88.  Турците станаа финалисти на Европското првенство за прв пат по 24 години. Турција го помина групниот турнир на Евробаскет без пораз, […]

УХМР: Следува период на претежно сончево време


Следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре ќе ќе биде сончево. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Само двајца кандидати за градоначалник во Штип


За претстојните Локални избори 2025 година за избор на градоначалник на Општина Штип има само двајца кандидати. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев за МИА вели дека кандидати за градоначалници за Општина Штип се Иван Јорданов од ВМРО – ДПМНЕ и Павел Иванов од СДСМ. Во законскиот рок пристигнати се и 11 листи […]

Бујар Муча го подобри своето првично решение за Универзална сала – почна со Шилегов, ќе заврши со Љутков


Подобра акустика, но со целосен капацитет на куполата, заштита од бучава на околните згради, дислокација на гардеробите за да се ослободи простор во фоајето, сцена која може да се моделира во зависност од потребите на перформансот, како и канцеларии за 50 работни места предвидува новиот план за изградба на Универзалната сала во Скопје, реконструкција престана […]

Вреди: ДУИ 20 години ги труеше институциите со корупција


ДУИ 20 години го распаѓаше системот. Последиците ги сносиме сите, за жал граѓаните најмногу, обвини коалицијата Вреди преку соопштение. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните со корупција, денеска најде храброст да зборува за воздухот во Скопје. Дволичноста нема граници. А каде бевте кога Скопје секоја година излегуваше на листите на најзагадените градови […]

Тошковски: Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина


Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по уништувањето на запленети дроги и оружје во кругот на фабриката „Макстил“. Со процесите на уништување на секој грам  дрога и секое парче оружје, посочи дека државата покажува оти безбедноста на граѓаните во земјава и безбедноста на младите се […]

Хавиер Бардем со поддршка за Палестина на Еми 2025: Го осудувам геноцидот во Газа


Хавиер Бардем прошета по црвениот тепих на доделувањето на наградите Еми во 2025 година носејќи шал во облик на кефије и изразувајќи ја својата поддршка за Филмските работници за Палестина. Во разговор со Марк Малкин од „Варајети“, Бардем рече дека „не може да работи со некој што го оправдува или поддржува геноцидот“. „Еве ме денес, […]

Пожарот во Трубарево е целосно под контрола


Пожарот кој изби во објект со електронски отпад во Трубарево е целосно под контрола. Покриени се околу 80 проценти од локацијата каде изби пожарот и сега  се работи на догасување и проверување дали има остатоци од самото горење. – Мирисот од пожарот веќе е интензивно намален, го нема оној интензивен препознатлив мирис кој беше на […]

Герасимовски најави нови проекти: Дом за стари лица и еднократна парична помош од 5000 денари за пензионерите


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера прес-конференција најави низа нови проекти кои, како што рече, ќе бидат реализирани од следната година и се во интерес на граѓаните. Центар ќе добие дом за стари лица, во којшто највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена, од 200 евра месечно. „Локациите се определени, моделот е поставен, се планира, […]

Тошковски: Вардариште се потпалува од 2020 година, таму живеат 200 луѓе


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека МВР презема мерки во рамки на истрага за еколошки криминал. Тој потврди дека биле повикани четири лица на информативен разговор, а дел од нив се под мерки предложени од јавен обвинител. „Будни сме, присутни сме, МВР ги презема сите потребни дејствија. За секој за кој ќе има […]

Герасимовски ќе ги подржи автомобилските трки на Водно


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во рамки на проектот „Маалски муабети со Горан“, се сретна со жители на населбата Водно. Жителите се пожалија дека често се случува да пукне некоја водоводна цевка и да тече вода со денови, но никој не реагира. „И до нас стигаат поплаки во делот на водоводната мрежа која е […]

Џена Ортега носeше само скапоцени камења и здолниште на црвениот килим на Еми 2025


Џена Ортега не беше номинирана за трофеј на Еми наградите 2025, но привлече внимание на црвениот тепих на Еми со својот изглед – буквално облеана во скапоцени камења во изгледот од тековната сезона од пистата есен/зима 2025 од Живанши од Сара Бартон. Втора сезона на „Среда“ дебитираше предоцна во циклусот за да биде земена предвид […]

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели


Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД. Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил […]

Иранскиот претседател ги повикува муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел


Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска ги повика муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел. Пезешкијан ги даде овие забелешки пред самитот планиран во Доха како одговор на нападот на Израел минатата недела врз претставници на палестинското движење Хамас во главниот град на Катар. -Можно е муслиманските земји да ги прекинат врските со овој фиктивен […]

Расте интересот за MyEOS платформата – корисниците ги следат и самостојно ги решаваат своите финансиски обврски


Забрзување на темпото на дигитална трансформација преку воведување современи алатки и креирање достапни решенија за корисниците и управување со долговите, е во фокусот на компанијата ЕОС Матрикс Македонија, која е дел од реномираната ЕОС Групација. Најновата дигитална платформа MyEOS веќе наоѓа широка примена меѓу корисниците, овозможувајќи им лесен, сигурен и транспарентен пристап до нивните финансиски […]

Кој е Овен Купер, најмладиот добитник на Еми во историјата?


  Младиот британски актер Овен Купер влезе во историјата на синоќешното доделување на наградите Еми. На само 15 години, тој стана најмладиот актер кој ја освоил престижната награда, во категоријата најдобар спореден глумец во мини-серија за неговата улога во „Адолесценција“ на Нетфликс. Купер ја освои наградата наспроти силна конкуренција од ветерани како што се Хавиер […]