Луѓето родени на овие три датуми се предодредени за неверојатен успех


Според толкувањето на астролозите, постојат три датуми кои носат неверојатна енергија и луѓето родени токму тогаш имаат најголема шанса да постигнат голем успех. Некои датуми во астрологијата се сметаат за енергетски портали, бидејќи отвораат врата кон нови можности и носат силен поттик за успех. Оние кои го слават својот роденден тогаш, особено до 2031 година, […]

Сиљановска од Њујорк: Време е да го довериме кормилото на ОН на жена


Пред триесет години, во Пекинг, нациите од светот дадоа свечена заклетва: да ги унапредат правата на жените како човекови права, да постигнат родова еднаквост и да им дадат моќ на секоја жена и девојка да живеат ослободени од насилство, дискриминација и ограничување, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова обраќајќи се на состанокот на високо ниво […]

Новиот BMW X5 доаѓа: Дали сакате бензин, дизел, хибрид, електрична енергија, водород? Сè е можно!


Прв официјален поглед на луксузниот SUV: новиот BMW X5 пристигнува со пет погонски системи, вклучувајќи водород и чисто електрична верзија. BMW знае дека разновидноста е зачин на животот, па затоа планира да го продаде следниот X5 со речиси секој можен погонски склоп. Покрај вообичаените бензински, дизел и plug-in хибридни верзии, ќе има и варијанта со […]

Холивудски актер осуден на две години: Сексуално злоставувал три жени


Гари Бузи, номиниран за Оскар и познат по улогата во филмот „Point Break“, е осуден на две години условна казна за сексуално дело. Американскиот актер Гари Бузи, номиниран за Оскар и познат по улогата во „Point Break“, е осуден на две години условна казна за сексуално дело извршено во 2022 година на филмска конвенција во […]

„Пуцко Петрол“: ЈСП должи над 10 милиони евра, а вината се префрла врз нас


Компанијата „Пуцко Петрол“ упати реакција до медиумите со барање за јавно извинување, поради објавеното соопштение на Град Скопје во кое беше наведено дека фирмата ја прекинала испораката на нафта за автобусите на ЈСП. Од компанијата посочуваат дека ваквите информации го нарушуваат угледот и деловниот интегритет на „Пуцко Петрол“, притоа нагласувајќи дека во јавноста не бил […]

Падна одлука: Само два часа дневно користење мобилен


Градскиот совет на Тоџоака во Јапонија денес донесе уредба со која им се препорачува на сите жители да ја ограничат употребата на паметни телефони, конзоли за видео игри и други дигитални уреди на два часа дневно надвор од работа и училиште. Регулативата стапува на сила на 1 октомври и нема да има казни, објавува Кјодо. […]

Медиуми: Реал ќе ја бојкотира церемонијата на доделување на „Златната топка“


Шпанскиот гигант Реал Мадрид донесе одлука да ја бојкотира вечерашната церемонија во Париз за доделување на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер играч во изминатата сезона, објави денеска „Атлетик“. Според истиот извор, одлуката ја донел претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез, а се поврзува со фактот дека напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор не ја доби […]

ДИК се уште не ги потврдила сите кандидатури за изборите


ДИК се уште не ги потврдила сите кандидатури за престојните локални избори. Иако како што веќе информираа голем дел од нив се потврдени, но има и неколку во  Скопје односно Скопски Аеродором кои дополнително чекаат потврда. Отфрлени се во некои места и одредени советнички листи кај кои не е запазена во целост процедурата. ДИК и […]

И Малта ќе ја признае Палестина


 Малта на денешната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, официјално ќе ја признае Државата Палестина, изјави малтешкиот премиер Роберт Абела. Тој додаде дека признавањето на Палестина е историско и оти Валета останува посветена на постигнување мир во регионот. Малта го следи примерот на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија, кои вчера ја […]

Муцунски на прв министерски состанок на Јадранско-јонската иницијатива во Њујорк


На маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска се одржа првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) – настан кој претставува историски момент и потврда за заедничката посветеност кон регионалната соработка, европската интеграција и конструктивниот мултилатерализам. Состанокот беше организиран од страна на Република Северна Македонија, […]

Повеќе од дијагноза, кога науката ги менува животите, настан за подигнување на свеста за хематолошките малигнитети


Навремена дијагностика, пристап до современи терапии, поддршка за пациентите со хематолошки малигнитети и нивните семејства, беше пораката упатена од настанот што денеска се одржа во Скопје, за подигнување на свеста за овие болести. Настанот именуван, „Повеќе од дијагноза, кога науката ги менува животите“, по повод одбележување на месец септември – месецот за подигнување на свеста […]

Адаптирани простории за настава на ученици од ОУРЦ „Иднина“ во средното „Св. Наум Охридски“


Учениците од Основното училиште со ресурсен центар (ОУРЦ) „Иднина“ во Чаир од оваа учебна година ќе учат во простории на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Капиштец.  Тие привремено ќе бидат преселени во предаптирани простории затоа што објектот на „Иднина“ во Чаир е руиниран и ризичен за безбедноста на учениците […]

Во Албанија минатата година 120.000 пензионери биле активни на пазарот на трудот


Албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ) објави дека во текот на минатата година, над 120.000 пензионери биле активни на пазарот на трудот, што е зголемување од речиси 47 отсто во споредба со претходната година. Во 2024 година, бројот на лица над 65 години кои биле активни достигнал над 120.142, во споредба со 81.835 лица кои биле […]

Демократската партија на Турците има кандидати за градоначалници во три општини


Демократската партија на Турците на 21 септември 2025 во Хотел „Хилтон“ – Скопје организираше настан на кој беа промовирани кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори кои ќе се одржат во октомври 2025, се наведува во соопштението од Демократската партија на Турците. На настанот на кој учествуваше високото раководство на партијата, голем број на […]

Мираковски: Состојбата со квалитетот на воздухот е нормализирана во скопско Трубарево


Состојбата  на квалитетот на воздухот во скопско Трубарево една недела по пожарот во складот за електронски отпад е нормализирана, а вредностите од мерењата се нормални за една урбана средина, истакна ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски. Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН извршија мерења на воздухот во Трубарево од 14 […]

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста


Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука. […]

Скопје меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот


Списанието „Тајмaут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина. Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8. место. „Не без причина Скопје е наречен ‘Лас Вегас […]

ЕУ официјално соопшти за кибернапад врз европските аеродроми


Агенцијата на Европската Унија за кибербезбедност (ENISA) денеска официјално објави дека прекинот во активностите на голем број европски аеродроми, што произлезе од проблеми со системот за електронска регистрација на багаж и регистрација на патници на авионот, е резултат на кибернапад, јавија британските медиуми. „Органите за спроведување на законот истражуваат“, се наведува во соопштението на ENISA. […]

Јаневска: Наставниците во Кочани имаат документи за работа, го расчистивме проблемот


Министерката за образование и наука Весна Јневска изјави дека наставниците во Кочани на кои не им биле продолжени договорите за работа ги имаат сите потребни документи и дека можат да почнат со работа.  Одговарајќи на новинарски прашања денеска таа рече дека жали што повторно политиката се вмешува во образованието. Во Кочани, рече, била завчера и […]

Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство


Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност […]